Close Menu
Press24
    Најново

    Нови цени на горивата од полноќ

    26.10.2026 во 09:20

    Падна македонски камионџија во Франција – во камионот имало 68 кг кокаин

    26.10.2026 во 15:30

    Коалиција менуваме: Додека Орце Ѓорѓиевски ужива во сендичот, Скопје за лицата со попреченост останува град останува со пречки

    25.10.2026 во 11:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • УХМР со лоши вести за претстојниот викенд
    • Полицијата на нозе: Исчезна 14-годишно девојче од Тетово
    • Ѓорѓиевски: Скопје го менува ликот
    • Серафимовски: Просечната откупна цена на тутунот се очекува да надмине 420 денари за килограм
    • „Ја пронајдов мајка ми убиена“ – МВР со детали за убиството во Скопје
    • Убиство во Скопје
    • Манасиевски: Филипче, ти си следен
    • Кузеска: Падот на Вучиќ во Србија ќе доведе до разврска на криминалните соработки и во Македонија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Јанков и Серафимовски излегоа на увид по невремето по струмичко – апелираат до граѓаните да ги пријават штетите

    Јанков и Серафимовски излегоа на увид по невремето по струмичко – апелираат до граѓаните да ги пријават штетите

    23.07.2026 во 11:021 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, извршија теренски увид во селото Дабиле по силното невреме што го зафати регионот.

    За време на посетата, тие остварија директни средби со локалните земјоделци за одблиску да ги согледаат последиците врз земјоделските површини и имотите.

    Покрај штетите врз посевите, градоначалникот Јанков изврши увид и на патната инфраструктура која исто така беше засегната од силниот дожд и ветер.

    Од општинските служби информираат дека благодарение на брзата реакција на дежурните екипи, сите оштетувања на патните правци и јавната инфраструктура беа навремено санирани.

    Општина Струмица упати апел до сите жители кои имаат претрпено штети од невремето веднаш да ги пријават до надлежните општински служби.

    По пријавите, овластените комисии ќе излезат на терен за да извршат детална проценка на состојбата, со цел обезбедување соодветна поддршка за засегнатите граѓани.

    Прочитај повеќе

    УХМР со лоши вести за претстојниот викенд

    27.10.2026 во 12:37

    Полицијата на нозе: Исчезна 14-годишно девојче од Тетово

    27.10.2026 во 12:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.