Author: Author 04

Сирените за воздушна опасност кои рано утрово се огласија во воздухопловната база Инџирлик во Турција го вклучија алармот во седиштето на НАТО. Соборувањето на третиот ирански проектил во последните неколку дена ги подгреа сомнежите дека ова стратешко упориште на Алијансата е примарна цел на Техеран. Иако Иран негира директна одговорност, американските разузнавачи предупредуваат – траекторијата на ракетите води право кон Адана. Аналитичарите се децидни: секој посериозен напад врз Инџирлик би го активирал фамозниот Член 5 на НАТО, што би значело отворен конфликт со Иран. „Особено загрижувачки е фактот дека Инџирлик е дом на значителен дел од американскиот тактички нуклеарен арсенал.…

Повеќе

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) информира дека денеска е извршена голема исплата на средства од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година. На сметките на над 1.600 земјоделци легнаа вкупно 263.843.864 денари за мерки од растителното и сточарското производство. Најголем дел од средствата се насочени кон градинарите и овоштарите кои го предале своето производство во преработувачките капацитети. Детален преглед на исплатите по мерки: Од Министерството потенцираат дека поддршката за домашното производство останува приоритет, со посебен акцент на зголемување на капацитетите на преработувачката индустрија.

Повеќе

Состојбата сега и за време на енергетската криза е многу различна и не може да се споредува, иако Владата будно ја следи состојбата, многу внимателно и кога прави предлози ги прави врз основа на податоци кои се веродостојни и реални, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во „Само интервју“ на ТВ Канал 5. „Многу внимаваме и ја следиме будно состојбата и кога ги правиме и предлозите ги правиме врз основа на податоците коишто се веродостојни и реални. Тогаш состојбите беа многу поразлични од денес. Во тој период имавте инфлација којашто беше многу повисока во однос на инфлацијата којашто ја имаме…

Повеќе

11 возачи лишени од слобода вчера за безобѕирно управување со моторно возило, четворица возеле со активна мерка забрана за управување, а седуммина без возачка дозвола Вчера на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 11 возачи, од кои четворица (Прилеп, Велес, Македонска Каменица и Кичево) за возење и покрај тоа што имале активна забрана и седуммина (Гостивар, тетовско, Кичево, двајца во Скопје и двајца во Струга) затоа што управувале возило без возачка дозвола. Возилата се одземени и по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните…

Повеќе

Тројца насилници лишени од слобода во текот на вчерашниот ден, од вкупно шест пријави за семејно насилство На 12.03.2026 околу 19 часот, полициски службеници од ОВР Дебар, во неговиот дом во село во општина Центар Жупа, од слобода го лишија Ј.Р.(48). Тој претходно, во семејниот дом, предизвикал вербална расправија со сопругата и малолетната ќерка, по што со тврд предмет ја нападнал малолетничката. По консултации со јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава. На 12.03.2026 во 16:30 часот, во Градско, полициски службеници од Полициската канцеларија Градско лишиja од слобода 26-годишник од Градско, постапувајќи…

Повеќе

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против едно лице на кое му се ставаат на товар три кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45, односно телесни повреди сторени како продолжено дело на семејно насилство, потоа Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1, како и кривично дело – Наведување на самоубиство и помагање во самоубиство од член 128 став 4 од Кривичниот законик. Обвинетиот, на 2 март на повеќе локации во Скопје, при вршење семејно…

Повеќе

Денеска беа одбележани 45 години од формирањето на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ при Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи – една од најреномираните и највисокопрофесионални полициски формации во државата. На настанот се обрати министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој истакна дека во изминатите четири и пол децении САЕ „Тигар“ изградила репутација на врвна професионална единица, чија обученост, дисциплина и посветеност претставуваат гордост за Министерството за внатрешни работи и за целата држава. „Специјалната антитерористичка единица ‘Тигар’ претставува еден од клучните столбови во безбедносната структура на Министерството за внатрешни работи. Оваа високоспецијализирана единица мора во секој момент да…

Повеќе

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денеска потврди дека професорот од средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“, кој беше пријавен за сексуално вознемирување на ученичка, е суспендиран од работа. Случајот кој ја вознемири јавноста веќе е во рацете на истражните органи и Државниот просветен инспекторат. МВР претходно информираше дека 52-годишниот професор е лишен од слобода по пријава дека во период од неколку дена вознемирувал 18-годишна ученичка. „Државниот просветен инспекторат постапува. Пријавен е во полицијата“, истакна кратко Јаневска. Според полицискиот билтен, наставникот барал од ученичката да имаат полови односи, по што веднаш била покрената постапка. Основниот кривичен суд Скопје веќе му…

Повеќе

ОКТА, водечки снабдувач со горива во Република Северна Македонија, објави иницијативанасочена кон поддршка на домашниот пазар на нафтени деривати и олеснување на тековните притисоци, во услови на зголемена нестабилност на регионалните и меѓународните енергетски пазари. По успешниот прием на дополнителни количини на гориво преку продуктоводот ВАРДАКС, што дополнително го зајакнува капацитетот за снабдување на земјата, ОКТА започнува иницијатива за поддршка на пазарот.Почнувајќи од денеска (13 март 2026), заклучно со крајот на овој месец, ОКТА ќе обезбеди попуст од 2 денари по литар дизел и бензини, за трговците кои набавуваат горива од компанијата, овозможувајќи им со тоа на големопродажните и малопродажните…

Повеќе

Вчера во 13:00 часот во СВР Битола 32-годишен маж од Битола пријави дека во периодот од 19.01.2026 до 13.02.2026  преку  електронска пошта   воспоставил  комуникација  со  лице   кое  се  претставило   како  директор  на  компанија  што  тргува  со  крипто валути  и   истиот  го  довел  пријавителот  во  заблуда,  при  што  му  дозволил  пристап  до  неговиот  компјутер  и  во  повеќе  наврати  му  префрлил вкупно 340.000 денари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе