Close Menu
Press24
    Најново

    Макрон: Не очекувавме толку масовна мобилизација на протестите на 17 октомври

    27.10.2026 во 23:45

    Пресс24 дознава: Полицијата уапси три лица за убиствата во Ѓорче Петров

    27.10.2026 во 23:35

    Со остар предмет ја нападнал вонбрачната сопруга, приведен маж од Гостивар

    27.10.2026 во 23:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Макрон: Не очекувавме толку масовна мобилизација на протестите на 17 октомври
    • Пресс24 дознава: Полицијата уапси три лица за убиствата во Ѓорче Петров
    • Со остар предмет ја нападнал вонбрачната сопруга, приведен маж од Гостивар
    • Автомоибил удрил во жена, починала на скопските клиники
    • Значењето може да ве изненади: Седум најчести соништа
    • Холандија нема да учествува на Евровизија и во 2027 година
    • Прво интервју по изборниот пораз: Вучиќ ја нарече актуелната состојба „ноќна мора“, но верува дека Србија ќе се разбуди
    • Моџтаба Хамние: Иран и натаму управува со Ормуската теснина
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Минчев се сретна со Тунјан: Реформите во јавната администрација мора да бидат одржливи и со мерливи резултати

    Минчев се сретна со Тунјан: Реформите во јавната администрација мора да бидат одржливи и со мерливи резултати

    23.07.2026 во 15:312 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари работна средба со Баграт Тунјан, координатор за Република Македонија од СИГМА – заедничката иницијатива на ОЕЦД и Европската Унија.

    На средбата беше разговарано за тековните активности поврзани со реформата на јавната администрација, како и за подготовките за претстојната оценска мисија на СИГМА, која ќе се фокусира на следењето и оценувањето на напредокот во спроведувањето на реформските активности и дефинирањето на идните приоритети во рамки на новиот Акциски план за Стратегијата за реформа на јавната администрација 2023-2030.

    Министерот Минчев истакна дека континуираната координација и соработка со СИГМА претставува значајна поддршка во процесот на градење професионална, ефикасна и модерна јавна администрација, согласно европските стандарди и принципи на добро управување.

    „Нашата цел е реформите во јавната администрација да бидат одржливи, засновани на јасни критериуми и мерливи резултати. Во тој процес, експертската поддршка и препораките на СИГМА се од особено значење за понатамошно унапредување на системот“ истакна министерот Минчев.

    Дополнително, соговорниците дискутираа за клучните приоритети во наредниот период, насочени кон обезбедување континуитет во реформскиот процес, подобро планирање на активностите и ефективно следење на постигнатиот напредок во согласност со европските принципи на добро управување.

    Министерството за јавна администрација продолжува со редовна комуникација и партнерска соработка со СИГМА и останатите меѓународни партнери, со цел обезбедување квалитетни реформи кои ќе придонесат за поефикасни институции и подобри услуги за граѓаните.

    Прочитај повеќе

    Пресс24 дознава: Полицијата уапси три лица за убиствата во Ѓорче Петров

    27.10.2026 во 23:35

    Со остар предмет ја нападнал вонбрачната сопруга, приведен маж од Гостивар

    27.10.2026 во 23:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.