Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
    • Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
    • Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
    • Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
    • Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
    • Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
    • Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
    • Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Собранието ги изгласа законите за задолжување кај Светска банка од 25 милиони евра

    Собранието ги изгласа законите за задолжување кај Светска банка од 25 милиони евра

    29.07.2026 во 22:053 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Собранието вечерва ги донесе измените на Законот за задолжување на државата кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за градење ефективни, транспарентни и отчетни институции за управување со јавните финансии, како и Законот за задолжување по Програмската рамка за подобрување на јавните расходи, отчетноста и даночната администрација, двата по скратена постапка.

    Заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски, образложувајќи го предлог-законот, посочи дека со него се затвора постојана заемска рамка од 20 милиони евра и се отвора нова од 25 милиони евра, со цел подобрување на јавните расходи, отчетноста и даночната администрација.

    -Целта на измените е продолжување и забрзување на реформите во управувањето на јавните финансии. Од 25-те, 23 милиони евра се обезбедуваат преку инструментот Програма за резултати, исто преку Светска банка, при што средствата ќе се повлекуваат само при исполнување на однапред утврдени мерливи, и проверливи резултати. Дополнителни два милиони евра се наменети за техничка помош, градење на институционални капацитети, управување со промените и координација на проектот, рече Јанкуловски.

    За збор се јави пратеникот Фатмир Битиќи од СДСМ, кој истакна дека ова решение било нудено и од претходната власт, а актуелното мнозинство тогаш упатувало остри критики. Тој потенцираше дека истиот проект сега се реализира со повисоки финансиски средства.

    -И тогаш беше кажано дека ваков закон е апсолутно потребен и дека треба што поскоро да се спроведе. За тоа постојано се зборуваше од оваа говорница, а истото го посочуваше и експертската јавност…Ние планиравме тоа да го изведеме со 19 милиони евра, денес планирате истото да го реализирате со 23 милиони евра – односно околу 25 проценти повеќе. Дополнително, ако тогаш беше планирано проектот да се реализира според процедурите на Светската банка, денес велите дека тоа ќе се направи според Законот за јавни набавки. За оние што ја познаваат оваа област, јасно е дека процедурите на Законот за јавни набавки во Република Македонија се под стандардите на Светската банка. Разликата, драги мои е во тоа што ние понудивме решение и ви оставивме решение. Вам ви беа потребни две години за да сфатите дека ќе ви требаат 25 проценти повеќе средства, без притоа да смените ниту една запирка во системите ИФМИС и во САМИС. Впрочем ИФМИС е Интегриран финансиски менаџмент информациски систем, а САМИС е Информациски систем за управување со државната помош, кој вропчем ќе ги дигитализира процесите во институциите. Нема ништо новo, освен што цената е за 25 проценти повисока – рече Битиќи.

    Со првиот закон се предвидува откажување на неискористениот дел од претходниот заем во износ од 19,2 милиони евра. Вториот заем од 25 милиони евра е со рок на отплата од 12 години, со вклучен грејс-период од 3 години и варијабилна каматна стапка заснована на шестмесечен ЕУРИБОР.

    Во продолжение на 120. седница, пратениците ја изгласаа и Завршната сметка на Буџетот за 2025 година, како и законските измени за задолжувањата кај ЕБОР и ЕИБ за Железничкиот коридор VIII на делницата од Крива Паланка до границата со Бугарија.

    Прочитај повеќе

    Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот правиме корекции согласно реалните економски услови- нашата цел е Буџетот да остане одржлив и развоен

    22.10.2026 во 20:31

    Просечната нето-плата во август 48.733 денари

    22.10.2026 во 20:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.