- ТИРЗ Скопје се освежи со нова инвестиција вредна 15 милиони евра
- Мисајловски од Брисел: Масовно инвестираме во одбраната – видлива е разликата
- Вреди: Извештајот на Европскиот парламент потврдува дека иднината на Северна Македонија е во Европската Унија
- Нова иницијатива за спречување на семејно и врсничко насилство преку образовниот систем
- Тошковски: Не смееме да дозволиме насилството од домот да се пресели во училиштата
- Уапсен Илчо Ѓорѓиоски за финансиски малверзации додека бил прв човек на ФФМ
- Радев: Немам што да си кажам со Мицкоски
- Протекоа детали – акција е поврзана со ФФМ: Истражители и полиција на терен низ Скопје
Author: Author 04
Од ЕВН Македонија известуваат дека поради планирани технички зафати во електросистемот, утре дел од корисниците во општина Центар ќе се соочат со прекин во снабдувањето со електрична енергија од 08:30 до 15:30. Според најавата, зафатот ќе опфати клучни институции и станбени објекти во централното градско подрачје. Список на корисници кои ќе бидат без струја: Прекинот е дел од редовните активности за подобрување на мрежата, а нормализирање на состојбата се очекува веднаш по завршување на интервенцијата.
Вчера во ОВР – Кавадарци било пријавено дека во 10:15 часот, на регионалниот пат Кавадарци – Росоман, во атар на село Рибарци, општина Росоман, се случила сообраќајна несреќа, помеѓу товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ј., на возраст од 27 години од село Батинци, скопско, и патничко возило „форд“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од 49-годишната Д.М. од Кавадарци. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобила Д.М., констатирани во Општата болница – Кавадарци, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес. Известен бил јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од ОВР – Кавадарци.
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денеска јасно стави до знаење дека новиот закон за високо образование наскоро ќе влезе во владина процедура. И покрај барањата на одредена група професори за негово повлекување и доработка, Јаневска порача дека едногодишниот труд на работната група нема да биде поништен. Според неа, отпорот кај дел од академската заедница доаѓа од страв за исполнување на новите, повисоки критериуми. Министерката директно им одговори на критичарите, посочувајќи дека законот нуди флексибилност, но не и отстапки од квалитетот. „Мала група професори бараат повлекување на законот. Претпоставувам дека тоа е од страв дека во иднина нема да…
Вчеравечер (12/13.03.2026) во СВР Тетово, неколку професори од Средното медицинско училиште „Никола Штејн“ во Тетово, пријавија дека добиле информации од родители на ученици, дека М.Р. праќал пораки до учениците односно се заканувал оти ќе постави бомби и ќе изврши убиства во училиштето. Веднаш се преземени соодветни мерки и активности од полициски службеници од СВР Тетово и по добиена судска наредба, извршен е претрес во с.Палатица, тетовско, во дом и помошни простории на Р.Р. (49). При претресот биле пронајдени повеќе предмети на неговиот син М.Р.(18), за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. М.Р. е лишен од слобода и по…
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, денеска го означија почетокот на проектот за темелно чистење на коритото на реката Серава и изградба на модерна пешачка патека. Овој зафат, кој жителите на овој дел од Скопје го чекаа две децении, има за цел целосно да го трансформира запуштениот простор. Според проектот, новата пешачка патека ќе биде со должина од близу 1,6 километри, нудејќи им на граѓаните нова зона за рекреација и прошетки. Покрај чистењето на коритото, предвидено е поставување на современа урбана опрема и содржини за најмладите. „Новата пешачка патека ќе се протега во…
Денеска во дворот на Општина Кисела Вода се одвиваше инклузивна акција за садење цвеќе. Во активноста учествуваа децата со церебрална парализа, нивните родители, градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска, советниците од општинскиот Совет, како и волонтери од здруженијата „КрафтКонект Дубица“ и „Златни Ангели“. Оваа активност испрати силна порака за важноста на вистинската инклузија и потребата секое дете да биде активно вклучено во општеството. -Инклузијата на дело е најубавата слика за нашата Кисела Вода! Денес, дворот на општината беше исполнет со искрена радост и позитивна енергија. Заедно со децата со церебрална парализа, нивните родители и волонтерите од здруженијата „КрафтКонект Дубица“ и „Златни Ангели“,…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја одржа својата прва прес-конференција од почетокот на воениот конфликт, порачувајќи дека по две недели интензивно бомбардирање, моќта на Иран е значително ослабена. Тој истакна дека израелските сили задале тешки удари врз елитниот Корпус на Револуционерната гарда и паравоените сили Басиџ. Нетанјаху вети дека операциите против Хезболах ќе продолжат со несмален интензитет, како одговор на нападите започнати на 2 март по атентатот врз врховниот лидер Али Хамнеи. Премиерот на Израел беше дециден дека крајната цел на нападите е целосно уништување на иранските нуклеарни и балистички капацитети. „Целта на нападот врз Иран е да се елиминира она…
Иако петок 13-ти со векови се смета за симбол на малер и непредвидливи проблеми, астролозите предвидуваат дека за три хороскопски знаци овој датум ќе донесе неверојатен пресврт. Додека многумина ќе бидат претпазливи, за Бикот, Јарецот и Стрелецот се подготвуваат пријатни изненадувања и неочекувани награди. Бик: Трпението конечно се исплаќа За Биковите, кои во изминатиот период вложија огромен труд без видливи резултати, овој петок носи финансиско олеснување. Можна е наплата на стар долг кој веќе го отпишале или деловно признание кое го чекале долго време. Јарец: Товарот полека исчезнува Јарците, познати по својата одговорност, денес ќе почувствуваат олеснување. На деловен план…
Германската и романската полиција работат на расчистување на бизарен и свиреп случај во кој маж од Балканот станал жртва на трговија со органи. Несреќниот човек бил намамен во Германија со ветување за добро платена работа, но наместо на работно место, завршил во заробеништво на озлогласен криминален клан од Темишвар. Според истрагата, водачот на кланот, кој со години живее во Германија и страда од тешка болест, во дослух со своите соработници го пронашол „идеалниот донатор“. На жртвата му биле одземени документите, а врз него бил вршен постојан терор. За да се реализира трансплантацијата во болница во Минхен, жртвата била принудена да…
Рано утрово во клучната воздухопловна база на НАТО, Инџирлик, лоцирана во близина на турскиот град Адана, беше прогласена црвена тревога. Инцидентот се случил околу 3:25 часот по локално време, кога сирените за тревога ги разбудиле жителите на околните населени места. Според информациите на турските медиуми, во базата каде што се стационирани американски трупи, сирените се огласувале пет минути, додека низ градот со часови се слушале возилата на безбедносните служби. Снимки од граѓаните на социјалните мрежи На социјалните мрежи веќе се појавија бројни снимки од граѓани на кои се гледа светлечки објект како го прелета небото. Се претпоставува дека станува збор…
