Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Вонредно прскање против комарци во Драчево поради западнонилска треска

    Вонредно прскање против комарци во Драчево поради западнонилска треска

    30.07.2026 во 20:201 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерството за здравство го задолжи Центарот за јавно здравје – Скопје вечерва да спроведе дополнителна терестичка (од земја) адултицидна дезинсекција во населбата Драчево.

    Како што информираат од ресорното министерство, оваа активност претставува превентивна мерка која се реализира врз основа на стручната информација и проценката на ризик изготвени од ЦЈЗ – Скопје, но и поради актуелната епидемиолошка состојба со лабораториски потврдени случаи на западнонилска треска во земјава.

    Станува збор за вонредно прскање против комарци кое се спроведува по индикација, согласно Програмата за јавно здравје.

    Паралелно со оваа извонредна мерка, согласно годишниот план на Центарот за јавно здравје – Скопје, континуирано се реализираат и редовните активности за дезинсекција на целата територија на Град Скопје.

    Од ЦЈЗ – Скопје информираат дека во текот на мај и јуни се спроведени три акции на ларвицидна авионска дезинсекција.

    Во текот на јули е реализирана и втората акција на терестичка адултицидна дезинсекција насочена кон сузбивање на возрасните форми на комарци во повеќе скопски населби, меѓу кои: Ѓорче Петров, Хром, Влае, Карпош, Дебар маало, Маџир маало, кеј на Вардар, Водно, Пржино, Драчево, Маџари и Лисиче.

    Прочитај повеќе

    Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година

    22.10.2026 во 23:22

    Градоначалничката се сретна со станарите: Ги унапредуваме колективните живеалишта

    22.10.2026 во 19:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.