- Швајцарскиот министер Касис во посета на Македонија – Европската перспектива во фокусот
- СДСМ бара одговори за Алта банка: “Колку народни пари се загрозени”
- Се празнува Свети Арета: Ден посветен на верата, жртвата и молитвата, ова се обичаите
- Студено утро низ Македонија: На некои места температурите паднаа под нулата
- Мицкоски во Валандово: Земјоделците добиваат нова можност за наводнување
- Извештајот на ЕК на маса во Владата: Што треба да смени Македонија за напредок кон ЕУ?
- Без струја до 15 часот: Повеќечасовни исклучувања во повеќе делови на Скопје
- Доаѓа студот: УХМР со викенд временска прогноза
Author: Author 04
Силен земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала го погоди подрачјето на Неапол во петокот вечерта, предизвикувајќи свлечишта, оштетувања на објекти, прекини во струјата и паника кај населението. Според Националниот институт за геофизика и вулканологија на Италија (INGV), потресот бил регистриран во 19:46 часот по локално време, со епицентар во подрачјето Флегрејски Полиња (Кампи Флегреи) во близина на Солфатара, на длабочина од три километри. Земјотресот бил силно почувствуван во Неапол, Поцуоли, Бањоли, Фуоригрота, Кварт, како и на околните острови Искија и Прочида. Како последица на потресот, во неколку населени места дојде до прекин во снабдувањето со електрична енергија,…
Британско-азербејџанскиот државјанин Рашад Султанов (44) е уапсен на Кипар под сомнение за шпионажа на британската воздухопловна база „RAF Акротири“ и пренесување информации до Иранската револуционерна гарда (IRGC). Како што соопшти лондонската полиција, Султанов, кој живее во Ислингтон во северен Лондон, бил лишен од слобода на 17 јули за време на акција на кипарските власти. Тој во моментот се наоѓа во притвор и ја чека завршницата на постапката за негова екстрадиција во Велика Британија. Апсењето е дел од првата национална безбедносна истрага на британската антитерористичка единица која се однесува на активности во странство. Истрагата се фокусира на серија инциденти забележани во…
Силно невреме следено со бурен ветер, обилни врнежи и грмотевици го погоди источниот дел на Германија, при што 28-годишен маж го загуби животот откако врз него паднало дрво. Трагичниот инцидент се случил во градот Ратен, во германската покраина Саксонија, во близина на познатиот театар на отворено „Фелзенбајне Ратен“. Според информациите од германската полиција, младиот маж се здобил со тешки повреди од падот на дрвото и починал на самото место. Полициските екипи веднаш го обезбедиле теренот, додека истражните органи ги утврдуваат сите детали и околности под кои се случила несреќата. Невремето пристигна непосредно по неколкудневниот топлотен бран, каде во делови од…
Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во петок, 31 јули 2026 година, во 22 часот, во Италија. Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал во подрачјето со географски координати на географска ширина 40,8265 и географска должина 14,1027, на 14 километри од Неапол. Хипоцентарот на земјотресот, според податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 2,7 километри под површината на земјата. Досега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат ситуацијата. Потсетете се дека порано денес, посилен земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди…
Автобус кој сообраќал на регионалниот пат RN24 од градот Сетиф се лизнал и паднал во клисура, објави алжирскиот портал TSA Algerie. Официјалните причини за излетувањето на возилото сè уште не се соопштени од страна на надлежните органи. Екипите на Цивилната заштита на Алжир веднаш излегоа на терен, ангажирајќи речиси целосни човечки и материјални ресурси, меѓу кои и 11 возила на итна медицинска помош. Опсежната спасувачка операција на местото на несреќата траеше до раните попладневни часови. Локацијата каде што се случи несреќата ја посети и алжирскиот премиер Сифи Гриб, кој лично направи увид во состојбите и спасувачките активности.
Земјотрес утрово е регистриран на југот на Италија, а според првичните информации на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), епицентарот бил на околу 13 километри западно од Неапол. Потресот бил на мала длабочина, односно хипоцентарот е лоциран на околу два километра под површината на земјата. Жителите на Неапол и околните населени места преку социјалните мрежи известуваат дека земјотресот траел повеќе од 20 секунди. Во одделни делови од регионот дошло и до краткотраен прекин во снабдувањето со електрична енергија. Граѓаните исто така споделуваат информации дека во дел од продавниците и домовите паѓале предмети од полиците. Засега нема официјални информации за евентуална материјална штета…
Владата донесе одлука за прогласување кризна состојба на целата територија поради опасност од пожари
На денешната седница, Владата донесе одлука за прогласување кризна состојба на целата територија на Македонија, поради зголемените ризици и опасности од пожари на отворен простор и шумски пожари, во времетраење од 30 дена, почнувајќи од 1 август 2026 година.Одлуката е донесена со цел навремено, координирано и ефикасно справување со состојбата на терен, како и максимално мобилизирање на сите расположливи институционални капацитети за заштита на животите на граѓаните, нивниот имот и природните ресурси. Во рамките на донесената одлука се предвидува активирање на Главниот штаб при Центарот за управување со кризи, кој ќе биде во постојано заседавање и во рок од 24…
– 14,5% се повисоки средствата во ставката за реализирање на капитални проекти, а понатаму се зголемуваат средствата и за социјални трансфери и за оние обврски кои што државата ги има кон граѓаните, и за повисоки плати и за повисоки пензии, нешто што сметам дека е суштина на вака поставен буџетски документ – вели Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во изјава за Дневникот на МРТ1, што МИА ја објавува интегрално. Пратеникот Стојаноски напомена дека ребалансот на буџетот се прави во моменти кога одредени приоритети треба да се прекројат односно на некои ставки да се даде поголем приоритет, а тоа…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска за време на посетата на Битола изјави дека годинава нема да користи класичен летен одмор. Одговарајќи на новинарско прашање за неговите приватни планови за летово, премиерот појасни дека наместо одмор, планира кратко патување со своето семејство. Тој посочи дека деновите одморот ќе ги помине на патување во Белгија, каде што ќе престојува во два града. Мицкоски додаде дека по кратката семејна екскурзија веднаш се враќа на работните обврски и владините активности.
Турскиот државјанин Р.А. (54) почина за време на летот на линијата Истанбул – Диселдорф, по што авионот утрово принудно слета на аеродромот во Белград. Како што пренесуваат српските медиуми, мажот во текот на летот отишол во тоалетот од авионот. Откако стјуардесата забележала дека патникот го нема подолго време, ја отворила вратата и го пронашла во несвесна состојба. По принудното слетување на белградскиот аеродром, медицинските екипи веднаш интервенирале, но лекарите можеле само да констатираат смрт. По наредба на дежурното обвинителство, телото на починатиот патник е испратено на обдукција за да се утврдат точните причини за смртта.
