- Млад Арачиновец со товарно возило удрил во возило на МВР
- Клековски најави формирање комисија за случајот со Ива Михајлова, во ревизијата ќе бидат вклучени и експерти од странство
- Нетанјаху остана без поддршката од старите сојузници: Се отвора патот на Ајзенкот до премиерскиот мандат
- Сиљановска-Давкова со европратеници во Брисел: Европската перспектива бара заемна политичка волја и конкретни чекори
- Сали во германскиот Бундестаг: Постепената интеграција треба да донесе конкретни придобивки за граѓаните и пред членството во ЕУ
- Мицкоски утре ќе го добие извештајот на ЕК за Македонија
- Ѓорѓиевски: 3.500 нови садници во Скопје – 6.000 до крајот на сезоната
- Си-би-ес: Доналд Трамп размислува за смена на министерот за одбрана
Author: Author 04
Највисока максимална температура денеска е измерена во Велес каде термометрите достигнаа 38,9 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според податоците од мерните станици за измерената температура во 17 часот, веднаш зад Велес по топлото време се Демир Капија со максимални 38,5 степени, Виница со 37,7 и Кавадарци со 37,6 степени. Во Гевгелија е измерена максимална температура од 37,2 степени, додека во Скопје температурата достигнала 37 степени на Зајчев Рид и 36,9 степени во Петровец. Високи температури се забележани и во Струмица (36,8°C), Штип (36,1°C) и Тетово (34,6°C). Во Битола се измерени максимални 33,9 степени, Тополчани 33,2°C, Прилеп 33,0°C, а…
Христијан Мицкоски денеска за случајот со Борче Марковски рече: „има груба манипулација“, велат од СДСМ. „Повторно некој друг е крив. Повторно не е тој. Човекот што управува со правосудството. Што му се јавува на обвинителот по телефон. Што се заканува од собраниска говорница и преку телевизија. Што во живо на телевизија кажува кој ќе биде обвинител. Што поставува свои советници и сопруги на членови на ВМРО во судовите. Тој сега, откако беше пуштен човек поврзан со руски интереси, вели – „груба манипулација“. Мицкоски, руски proxy играч – повторно покажува со прст кон други. Смешно е, Мицкоски. Смешно. Веќе не поминува“, стои во соопштението од…
Нов стан во скопската Општина Центар достигнал рекордна цена од 3.360 евра (206.640 денари) за метар квадратен во вториот квартал од годинава, покажуваат податоците од објавениот Извештај на Регистарот на цени и закупнини. За овој стан со површина од 50 метри квадратни, продаден директно од инвеститор, платени се вкупно 168.000 евра. Кај продажбите на стари станови, пак, највисока цена по метар квадратен е евидентирана во Охрид и изнесува 3.200 евра (197.408 денари), односно за стан од 66 метри квадратни се платени 211.200 евра. Во периодот од април до јуни годинава на пазарот на недвижности се регистрирани вкупно 8.369 трансакции (купопродажби…
СВР Струмица поднесе известување против 17-годишник од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“. На 30.06.2026 во струмичко, пријавениот извршил полови дејствија врз 13 – годишно девојче.
Вчера во 12:30 часот, во СВР Велес, 37-годишник од Велес пријавил дека неговата поранешна сопруга Н.Т. од Скопје постојано го следела, воспоставувала несакана комуникација и преземала дејстивија со кои го вознемирувала. Известен бил јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот.
-Во мое време немаше труење со вода, ниту епидемија во Гостивар – му одговори претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на Мицкоски по обвинувањата дека додека тој бил министер за здравство, јавноста не била информирана за случаи со неисправна вода за пиење. -Во мое време немаше труење, а немаше ни епидемија во болницата. Имаше ли епидемија во Гостивар? Немаше. Имаше ли труење? Немаше. Мицкоски вчера мавташе со нешто, со некој документ, ама освен што мавта со обвинителство, тој и ништо друго не прави – рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг со новинарите. Филипче потсети на состојбата со водата…
Во врска со регистрираната појава на бела отпадна пена во реката Вардар кај вливот на реката Лепенец на 24 јули 2026 година, Државниот инспекторат за животна средина, во координација со сите надлежни институции, веднаш презеде серија вонредни теренски и лабораториски активности. Инспекторите на ДИЖС спроведоа вонредни инспекциски надзори кај индустриските субјекти во зоната кои се под државна надлежност. При надзорите не беа евидентирани законски нерегуларности, односно субјектите постапувале согласно пропишаните услови во еколошките дозволи за управување со отпадните води. Важно е да се напомене дека квалитетот на водите во овој појас е под влијание на повеќе различни фактори, вклучувајќи ги…
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Центарот за обука во Идризово присуствуваше и се обрати на свечената промоција на новата генерација полициски службеници 2025–2026, со што Министерството за внатрешни работи доби 496 нови полициски службеници. Во своето обраќање министерот Тошковски истакна дека полициската професија не е само работно место, туку животен избор и повик кој бара храброст, чесност, професионалност и човечност. „Со денешната свечена заклетва не добивате само работно место, туку прифаќате голема одговорност и ја преземате честа да ја носите униформата која граѓаните ја препознаваат како симбол на редот, законот и сигурноста“, порача министерот Тошковски. Тој нагласи…
Службената електронска адреса на главниот државен ревизор Максим Ацевски била цел на безбедносен инцидент, при што од неа биле испраќани неовластени пораки до повеќе приматели. Ацевски преку официјално соопштение ги повика сите што добиле порака од неговата адреса maksim.acevski@dzr.gov.mk да ги игнорираат и веднаш да ги избришат мејловите во кои се бара внесување на корисничко име, лозинка или други лични податоци. „Доколку сте кликнале на линк или сте внеле податоци, ве молам веднаш променете ја лозинката на вашата електронска пошта и известете ја вашата ИТ-служба“, се наведува во соопштението. Главниот државен ревизор информира дека надлежната ИТ-служба во Државниот завод за…
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до ОЈО ГОКК – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против Т.М. и И.Ш. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“ по член 143 од Кривичниот законик. Првопријавениот Т.М., полицски службеник во Полициската станица Струга и второпријавениот И.Ш., „главен полицаец за вршење увиди на сообраќајни незгоди“ во Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Струга, на 14.05.2026 во просториите на ПС Струга, при спроведување на лице, кое…
