Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Одлуките ги носам како во операциона сала – прецизно
    • Ѓорге Иванов: Треба да создадеме иднина за нашите потомци
    • Костадиновски: Иднината на уставното судство е во дијалог, а не во натпревар за моќ со Законодавецот
    • Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни
    • Кој ќе ја преземе власта: Почна изборниот молк во Србија
    • Празничен егзодус: Maкедонците тргаа кон Грција за продолжениот викенд – колони возила и долги чекања на Богородица
    • Есенски утрински температури: Живатa на термометарот спуштена до 3 степени на Попова Шапка
    • Филипче: Ние со Христијан Мицкоски ќе останеме без нација
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » МВР доби 496 нови полициски службеници

    МВР доби 496 нови полициски службеници

    31.07.2026 во 16:264 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Центарот за обука во Идризово присуствуваше и се обрати на свечената промоција на новата генерација полициски службеници 2025–2026, со што Министерството за внатрешни работи доби 496 нови полициски службеници.

    Во своето обраќање министерот Тошковски истакна дека полициската професија не е само работно место, туку животен избор и повик кој бара храброст, чесност, професионалност и човечност.

    „Со денешната свечена заклетва не добивате само работно место, туку прифаќате голема одговорност и ја преземате честа да ја носите униформата која граѓаните ја препознаваат како симбол на редот, законот и сигурноста“, порача министерот Тошковски.

    Тој нагласи дека Министерството во изминатиот период спроведува темелна модернизација и јакнење на полициските капацитети преку инвестиции во нови полициски станици, современа опрема, возен парк, дигитализација на услугите и имплементација на современи безбедносни системи, со единствена цел – граѓаните да живеат побезбедно, а државата да биде посилна.

    „Денес Република Македонија има најнизок криминалитет во последните дваесет години, што е резултат на посветената работа на секој полициски службеник, но и на реформите, модернизацијата и професионализацијата што континуирано ги спроведуваме“, истакна Тошковски.

    Министерот посочи дека новата генерација уште за време на обуката покажала исклучителна дисциплина, професионален потенцијал и врвни резултати. Генерацијата е составена од два тима за специјалните полициски единици, два тима за гранична полиција и десет тима за полиција од општа и сообраќајна надлежност, кои оствариле одлични резултати во наставните дисциплини, практичните вежби и професионалните области.

    Во своето обраќање Тошковски истакна дека Центарот за обука во Идризово денес претставува современа, меѓународно акредитирана образовна институција, која од оваа година прерасна во Полициска академија, а од септември повторно ќе започне со работа и Средното полициско училиште „7 Мај“, како значаен чекор во создавањето нови генерации професионални полициски службеници.

    Пред присутните се обрати и помошникот министер и раководител на Полициската академија, Влатко Митковски, кој истакна дека генерацијата 2025–2026 е првата која успешно ја поминала новата наменска основна обука организирана во три специјализирани модули – за полиција од општа надлежност и сообраќај, за гранични работи и за специјални полициски операции. Тој потенцираше дека, покрај стекнатите професионални знаења и вештини, оваа генерација ќе остане препознатлива и по својата хуманост, преку бројните доброволни хуманитарни активности и крводарителски акции реализирани за време на обуката.

    „Кога првпат влеговте во Академијата, дојдовте со различни животни приказни, искуства и очекувања. Денес стоите пред нас како генерација што успешно ја помина обуката, ги совлада професионалните стандарди и покажа дека има капацитет да ја носи одговорноста што ја бара полициската професија. Но, најважната лекција што требаше да ја научите не беше како да примените одредена полициска техника или процедура. Најважната лекција беше дека полицискиот службеник секогаш мора да биде човек со интегритет. Полициската униформа не претставува само службено обележје – таа претставува доверба, а довербата се заслужува секој ден, преку професионално, законито и достоинствено постапување“, истакна Митковски.

    Митковски информираше дека основната обука успешно ја завршиле 496 кандидати за полицаец, од кои 364 за полиција од општа надлежност и сообраќај, 78 за гранична полиција и 54 за специјалните полициски единици, кои од денес и официјално се подготвени да се приклучат во редовите на македонската полиција. На свеченоста новите полициски службеници положија свечена заклетва, со што и официјално станаа дел од Министерството за внатрешни работи и ја презедоа обврската чесно, законито и професионално да им служат на граѓаните и на Република Македонија.

    На церемонијата беа доделени плакети за најдобри тимови од оваа генерација, а за најдобар од генерацијата 2025-2026 беше прогласен Јован Тасевски, на кого му беше доделена свечена плакета од страна на министерот Тошковски, а доби и пригоден подарок од Македонскиот полициски синдикат, по што сите кандидати за полициски службеници од генерацијата 2025-2026 дадоа свечена изјава пред присутните.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Одлуките ги носам како во операциона сала – прецизно

    23.10.2026 во 11:54

    Ѓорге Иванов: Треба да создадеме иднина за нашите потомци

    23.10.2026 во 11:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.