Author: Author 04

Министерството за здравство соопшти дека од 1 мај стапуваат на сила нови, намалени максимални цени за стотици лекови во државата. Министерот Азир Алиу информираше дека по извршеното годишно усогласување, поевтинување е постигнато кај 156 оригинаторни и 174 генерички лекови, како и кај 13 лекови од интервентен увоз. Најзначајната промена е кај лекот „Ксарелто“, кој е клучен за кардиоваскуларни заболувања и кој граѓаните досега често го купуваа од странство поради високите цени кај нас. „Кај овој лек е постигнато значително намалување. Таблетите од 15mg и 20mg од 2.307 денари паѓаат на 1.606 денари, додека пак пакувањето од 10mg од 824 денари…

Повеќе

Вчера четири лица биле лишени од слобода поради семејно насилство во Скопје, Тетово, Кичево и Куманово. Од Министерството за внатрешни работи споделија детали за сите четири случаи. Синоќа во 22:20 часoт во Полициската станица Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода И.Ј.(47) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата поранешна вонбрачна 35-годишна партнерка дека ѝ упатувал закани. Синоќа во 20:30 часот во тетовско село, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода И.И.(45) од селото, постапувајќи по претходна пријава од неговата 33-годишна сопруга дека физички ја нападнал. Исто така синоќа во 20:10 часот во Кичево,…

Повеќе

Од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информираат дека поради планирани технички интервенции во електросистемот, утре (17.03.2026 година), неколку скопски општини ќе се соочат со прекини во снабдувањето со електрична енергија. Најпрво, во периодот од 08:00 до 10:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од улицата „2“ во населбата Булачани, поточно околу бројот 7. Подолг прекин е најавен во општина Аеродром, каде од 08:30 до 15:30 часот без електрична енергија ќе останат куќите на улицата „Тодор Чангов“ со броевите 35, 37 и 39, како и дел од корисниците на главната улица. Во општина Карпош, од 09:00 до…

Повеќе

СДС манифестира еклатантно лицемерие и бесрамност кога си зема за право да ги коментира состојбите во енергетиката, особено кога се дрзнува да зборува за РЕК Битола и намаленото домашно производство, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Токму криминогеноста и незаситната алчност на нивните кадри, ги оставија АД ЕСМ и РЕК Битола во катастрофална состојба. Со нивните криминални тендери во РЕК Битола си ги наполнија џебовите и станаа светски бизнисмени на релација Нов Зеланд-Дубаи, а домашните производствени капацитети ги оставија во пустош. Има ли некој свесен во СДС да признае дека нивната деструктивна политика го доведе целиот енергетски систем до колапс? Чувствува ли некој…

Повеќе

Од утре следува ново поскапување на горивата што дополнително ќе ги зголеми цените на сите производи, особено на прехранбените, велат од СДСМ. „Пред една недела претседателот на СДСМ, Венко Филипче понуди 3 клучни мерки за намалување на цените на горивата и спас на стандардот на граѓаните од поскапувањата. Намалување на стапката на ДДВ од 18 отсто на 5 проценти за горивата, намалување на акцизата за 4 денари, и укинување на ДДВ на основните прехранбени производи. Потребно е итно воведување на мерките. Владата мора да реагира веднаш, затоа што нè очекува голема криза поради ова. Народот нема да може да има…

Повеќе

Едно лице го загуби животот, а неколкумина се со повреди по тешка сообраќајна несреќа што попладнево се случи на патниот правец Кочани – Виница, пренесуваат локалните медиуми. Според првичните информации, во судирот учествувале две патнички возила, „Мазда“ и „Фолксваген Поло“. Несреќата се случила околу 13:44 часот, а силината на ударот била кобна за едно лице кое починало на самото место. Екипи на Итната медицинска помош веднаш пристигнале на теренот и ги пренеле повредените во Општата болница во Кочани за укажување лекарска помош. На местото интервенирала и противпожарната единица.

Повеќе

Кавадарчанец вчера два пати бил лишен од слобода откако полицијата го затекнала како управува мопед и возило без дозвола. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) велат дека вчера при сообраќајна контрола на улицата „Дисанска“ во Кавадарци, полицајци запреле мопед со кавадаречки регистарски ознаки и констатирале дека 34-годишниот К. М. го управува без положен возачки испит. Со насоки од јавен обвинител тој бил приведен во полициска станица, а мопедот бил одземен. Неколку часа откако бил пуштен од полициска станица, истото лице околу 20:10 часот повторно било затекнато од полициски службеници. Овој пат, К. М. управувал патничко возило „фолксваген голф“, повторно без…

Повеќе

Вчера пет лица лишени од слобода, шест пријави за семејно насилство На 15.03.2026 во 21:00 часот на улица „Партизанска“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода е Д.Г.(49) од Република Србија, постапувајќи по претходна пријава дека првин во угостителски објект, а потоа и во апартман во Охрид, во кој се сместени, физички ја нападнал неговата сопруга. На 15.03.2026 во 20.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.В.(45) од кумановско село затоа што физички ја нападнал неговата 18-годишна ќерка и ѝ се заканувал со остар предмет. На 15.03.2026 во 22:30 часот, полициски службеници…

Повеќе

Инстаграм, една од најкористените социјални мрежи, најави дека ја отстранува функцијата за „end-to-end“ енкрипција на директните пораки (DMs). Оваа промена, која стапува на сила од 8 мај 2026 година, значи дека разговорите меѓу корисниците повеќе нема да го имаат највисокото ниво на заштита кое гарантираше дека ниту компанијата „Мета“ нема пристап до нивната содржина. Досегашната енкрипција овозможуваше само испраќачот и примачот да ги читаат пораките, но со нејзиното укинување, Инстаграм преминува на систем кој е помалку сигурен и овозможува анализа и модерирање на содржината. „Корисниците кои во моментов имаат активни криптирани разговори ќе добијат инструкции во апликацијата за тоа како…

Повеќе

СВР Велес поднесе кривична пријава против П.Џ.(27) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. Во текот на септември 2025 година, пријавениот, во својство на службено лице во експозитура на банка Велес, во три наврати извршил неосновани готовински исплати од трансакциска сметка на оштетено лице В.Ф., во вкупен износ од 249.990 денари.

Повеќе