- Мицкоски: Од утре почнува реконструкцијата на владата
- Бугарија е против некои санкции на ЕУ кон Русија, вели шефицата на бугарската дипломатија
- Мицкоски за спорот со Бугарија: Нема пазарење со нашиот македонски идентитет
- Мицкоски: Почнавме од нула, денес градиме модерна Македонија
- Руте: Се намалува бројот на војници на КФОР
- Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ беше под жесток политички прогон, но денес е посилна од кога било
- Мицкоски: Секогаш кога сакаа да ја уништат, ВМРО се враќаше посилна
- Дански баталјон ќе биде распореден во Летонија за одвраќање на Русија
Author: Author 04
СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.Д.(26) и А.Т.(29), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанци и прекурзори“. На 31.10.2025 во Куманово, полициски службеници извршиле преглед над второпријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана, која претходно ја набавил со првопријавениот и ја препакувале за продажба.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, во историско обраќање пред британскиот парламент, откри дека Украина веќе распоредила 201 воен експерт на Блискиот Исток за борба против иранските беспилотни летала и ракети. Тимовите се веќе присутни во Емиратите, Катар и Саудиска Арабија, а се подготвува нивно пристигнување и во Кувајт. Зеленски истакна дека Украина е подготвена да ја сподели својата напредна технологија за пресретнување на дроновите „Шахид“, кои ги користи и Русија, со цел да се спречи теророт на иранскиот режим. Според него, украинските пресретнувачи можат да соборат ирански дрон за помалку од 10.000 долари, што е далеку поевтино од западните системи.
Успешно заврши уште една етапа од сложената операција за извлекување на нашите граѓани од воените жаришта. Третата група македонски државјани, која денеска беше евакуирана преку Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), безбедно пристигна на Меѓународниот аеродром Скопје. Од Министерството за надворешни работи (МНР) потврдија дека логистичката рута преку ОАЕ се покажала како најсигурна во услови кога комерцијалниот сообраќај на Блискиот Исток е речиси целосно во прекин поради ескалацијата на конфликтот. Семејствата кои со денови беа заглавени во критичните зони, сега се на сигурно во своите домови.
Економијата на Босна и Херцеговина се соочува со најголемиот предизвик од војната досега, откако проблемот со дозволениот престој на возачите во Шенген зоната ескалираше. Според последните податоци објавени од „N1 БиХ“, дури 875 професионални возачи се вратени од границата со Хрватска, што предизвика масовно откажување на договори за транспорт, пренесува Индекс.хр. Бизнис заедницата предупредува дека секторот е пред колапс. Домашните компании стравуваат дека ќе бидат целосно исфрлени од глобалните синџири на снабдување, што би предизвикало несогледлив домино-ефект врз целата економија во регионот.
Иранската револуционерна гарда (ИРГК) вечерва објави почеток на масовен воен напад врз Израел, во рамките на операцијата „Вистинско ветување 4“. Според официјалните соопштенија од Техеран, за прв пат во борбени услови е употребена суперсоничната ракета „Хаџ Касем“, именувана по убиениот генерал Касем Сулејмани.Имено „Хаџ Касем“ е разорно оружје со дострел од 1.400 км и брзина од неверојатни 12.000 км/ч. Како примарни цели на нападот се наведени позиции во Тел Авив, Ерусалим и Бејт Шемеш. Иранските власти тврдат дека со овој бран напади се демонстрира новата моќ на нивниот ракетен арсенал, користејќи комбинација на камиказе-дронови и прецизни балистички ракети.
Грчката полиција отвори опсежна истрага откако на дното на вештачко езеро во познат хотелски комплекс во Ситонија биле пронајдени човечки остатоци. При чистење на езерото на почетокот на овој месец, работниците пронашле човечки череп и коски, што предизвика шок кај вработените и гостите. Според информациите објавени во медиумите, првичните проценки на форензичарите се дека остатоците се наоѓале во водата многу долг период. Полицијата во моментов ги пребарува архивите на исчезнати лица, не исклучувајќи ниту една можност за тоа како телото завршило во езерото.
Мексиканскиот фудбал е обвиен во црно по веста за ненадејната смрт на Пабло Хурадо Серафин, поранешен голман на Депортиво Толука, кој почина на 22-годишна возраст. Трагедијата ја потресе јавноста таму, но и неговиот матичен клуб, каде што се искачи низ младинските редови по пристигнувањето во 2019 година. Серафин бараше нов клуб од летото 2024 година, кога стана слободен агент. Веста за неговата смрт беше потврдена само неколку дена откако го прослави својот 22-ри роденден. Депортиво Толука се прости од својот поранешен член со трогателна изјава: Серафин се сметаше за „клучен дел“ од младинската академија на Толука, играјќи за тимовите до…
Црн биланс по денешната тешка несреќа на градилиште во виенскиот кварт Алцергрунд. Како што пренесуваат австриските медиуми, четири лица го загубија животот, додека еден работник се бори за живот по уривање на скелиња и огромни количини бетон. Драмата започнала во раните попладневни часови кога делови од конструкцијата и оплатата попуштиле, заробувајќи неколку работници под урнатините. Иако спасувачките екипи веднаш излегле на терен, за четворица градежници помошта пристигнала предоцна.
Времето утре ќе биде променливо облачно и посвежо. Претежно во западните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд, на планините врнежи од повремен снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од источен и југоисточен правец, соопштија од УХМР. Во Скопје, променливо облачно, во делови од котлината ќе има слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во четврток ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните делови. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, на планините и на некои од…
Вчера во 15:00 часот во СВР Битола, М.В.(40) од Битола пријави дека во средно училиште во Битола, нејзиниот 15-годишен син бил физички нападнат од негов соученик. Исто така, на вчера во 21:15 часот во СВР Битола, Ј.Ј.(56) од Битола пријави дека во средно училиште во Битола, неговиот 15-годишен син бил физички нападнат од негов соученик. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
