Author: Author 04

Вчера во с. Костин Дол, општина Македонска Каменица, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Делчево го лишиле од слобода Л.Ј.(56) од с.Костин Дол. Претходно, тој со трактор, кој го управвуал, удрил во патничко возило „фолксваген пасат“ со регистарски ознаки на Македонска Каменица, сопственост на Г.М.(42) од истото село, по што го напуштил местото, информираа од полицијата.  По преземени мерки, тој е пронајден и лишен од слобода, а при преземени мерки и извршено алкотестирање било констатирано дека го управувал тракторот под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,99 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на…

Повеќе

Вчера во 21:55 часот во селото Боговиње, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода З.М. (65) од истото село. Тој се сомничи дека на 14 март извршил кражба во џамија во селото Врапчиште, гостиварско. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Повеќе

Времето утре променливо облачно, во западните делови со повремени слаби врнежи од дожд, а на планините и на некои од повисоките места од снег. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од североисточен правец, соопшти УХМР. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Следните денови ќе се задржи променливо облачно време со слаб до умерен северен ветер. Утринските температури наместа ќе се спуштат под нула степени.

Повеќе

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска потпиша Меморандум за соработка со Сојузот – Национален совет за родова рамноправност, претставуван од претседателката Савка Тодоровска, со цел унапредување на системот за заштита на жените од родово базирано насилство. Со меморандумот се утврдува рамка за заедничко делување во насока на примена на европските стандарди, преку зголемување на сензибилитетот и капацитетите на полициските службеници, унапредување на процедурите за постапување и обезбедување ефикасна и навремена заштита на жртвите, со посебен акцент на спречување на нивна ревиктимизација. „Наш приоритет е да изградиме систем кој навремено, ефикасно и со целосно разбирање ќе одговори на потребите на…

Повеќе

На Македонија очајно и е потребна правда и владеење на правото. И треба јасно отворање и процесуирање на случаи кои ќе значат подобрување на имиџот на државата и на обвинителско-правосудниот систем, се обрати пред пратениците, заменик претседателот на Владата, Александар Николоски на собраниската седница на која се избира Државен Јавен обвинител. Во име на Владата, предложен е Ненад Савески, за кој вицепремиерот Николоски истакна дека е професионалец, докажан во својата работа и како што потенцира, без ниту една дамка во својата професионална кариера. “ За жал оваа состојба во која е обвинителско-правосудниот систем е состојба коja не дава доверба кај…

Повеќе

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, денеска упати остри критики до СДС и Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), тврдејќи дека овие две организации ја губат поддршката од граѓаните поради обиди за манипулација на работничката класа. Според Петрушевски, вчерашниот протест на ССМ не бил предводен од вистински работници, туку од партиски активисти. „Наместо на протестот да бидат вистинските работници, протестот на ССМ беше предводен од раководствата на локалните ограноци на СДС, кои со партиски маички беа во првите редови. Автобусите во организација на лица од СДС, кои патуваа празни за Скопје, се доказ дека протестот на ССМ беше неуспешен“, изјави Петрушевски.…

Повеќе

Вчера во 11:15 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода М.У.(52) од Валандово. Тој се сомничи дека во периодот од 10:30 до 11:00 часот од дворно место сопственост на Ј.К.(70) од село Прдејци, гевгелиско, го одзел неговото патничко возило „фиат“ со гевгелиски регистарски ознаки. По преземени мерки, возилото е запрено во Гевгелија и по преземени мерки е констатирано дека го управува без да поседува возачка дозвола. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по документирање на настанот против лицето ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Повеќе

Поради планирани технички интервенции во електроенергетската мрежа, неколку локации во општина Карпош денеска, 18.03.2026 година, ќе останат без напојување со електрична енергија. Како што информираат од надлежните служби, прекинот ќе трае од 08:30 до 14:00 часот. Без струја ќе бидат корисниците од следните локации:

Повеќе

НАТО распоредува дополнителен американски систем за ракетна одбрана „Патриот“ во јужната турска покраина Адана. Како што соопшти турското Министерство за одбрана, системот ќе биде стациониран во стратешката воздухопловна база Инџирлик, каде веќе е сместен воен персонал од САД и други сојузнички земји. Ова е втор ваков потег на Алијансата во кус период. Минатата недела, во покраината Малатија веќе беше распореден еден систем „Патриот“ во близина на радарска база на НАТО, со цел да се зајакне воздушната одбрана од секојдневните ракетни закани од Иран. Турција, иако располага со втората по големина армија во НАТО, сè уште нема сопствена целосно развиена воздушна…

Повеќе

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.З.(46) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. ТНа 11.03.2026 на улица „Илинденска“ во Тетово, по завршување на судско рочиште во Основен суд Тетово, на кое присуствувал заедно со Б.Џ., пријавениот физички го нападнал Б.Џ..

Повеќе