Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Муцунски по повод 23 Октомври: Наша обврска е да градиме силна, стабилна и меѓународно почитувана држава
    • Марта Кос на средбата со Сали: Направете уставни измени за да влезете во ЕУ
    • Мајкрософт создава AI доктор?
    • Путин ги отвори картите: Преговорите за Украина мора да ја вклучат безбедноста на цела Европа
    • Падна одлука: Забрана за социјални медиуми за деца под 15 години во Грција
    • Министерот за правда оствари средба со Варнс: Во фокус кривичното законодавство и дигитализацијата
    • Драма во Куманово: Нападнале и ограбиле постар маж, па го носеле во финансиско друштво да вади брз кредит
    • Гаши го честиташе празникот: Овој датум не потсетува на истрајноста и сопствената државност
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа, Филипче молчел за извештаите

    Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа, Филипче молчел за извештаите

    01.08.2026 во 12:033 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Случувањата со водата за пиење во Гостивар се последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Арбен Таравари, изјави на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски.

    Од партијата обвинуваат дека претседателот на СДСМ, Венко Филипче, дели лекции за здравствениот систем, иако во времето кога тој раководел со Министерството за здравство пристигнувале извештаи за за загадена вода.

    „Филипче денес критикува за секој проблем, а молчеше кога имаше обврска да зборува и да постапува. Тука е суштинската разлика. Во интерес на граѓаните, да прикажеме документи кои време кога СДС кога тие беа власт, а станува збор за загадена вода токму во Гостивар и со децении не било реагирано“, истакна Манасиевски.

    Според ВМРО-ДПМНЕ, извештаите од микробиолошките анализи во изминатите неколку години покажале дека водата во Гостивар не била безбедна за употреба.

    „На 11.11.2020 година има извештај од микробиолошка анализа, во кој се вели дека поради зголемен број на колиформни бактерии водата не треба да се користи за пиење. Понатаму, на 01.03.2021 исто така водата не ги задоволува критериумите согласно правилникот за безбедност и квалитет за пиење на вода. Понатаму, на 15.02.2021, еден месец пред тоа, исто така водата не ги задоволува критериумите според правилникот за посебните барања за безбедност на конзумирање на вода“, соопшти портпаролот на партијата.

    Тој додаде дека слични наоди за бактерии биле доставени до институциите и во 2022 и 2023 година.

    „11.07.2022, вода за пиење Гостивар доставена од ЈП Комуналец Гостивар не одговара заради зголемен број на аеробни мезофилни бактерии. Не било постапено и се продолжувало со труење на граѓаните, а тие самите не знаеле. 04.08.2023 исто така вода за пиење Гостивар доставена од ЈП Комуналец не одговара заради зголемен број на аеробни мезофилни бактерии. Ова се документи кои биле испраќани до Министерството за здравство, а никој не реагирал. Ова е за 2023та година. Исто тука има дел за ЈП Комуналец 29.06.2023 неисправно поради бактериски колонии“, нагласи Манасиевски.

    На крајот од прес-конференцијата, од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека за занемарувањето на овие проблеми мора да има одговорност.

    „Овие се проблеми кои требало да бидат решени, а не да се ставаат под тепих, а граѓаните да се трујат. Ова што денес се случи во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт, а таа власт сега ја предводи СДС, ДУИ и Таравари. Затоа е потребна одговорност. Следен пат, пред да се држи лекции и да се обидува да се собираат политички поени, Филипче треба да знае дека граѓаните паметат како се водеше здравствениот систем во неговото време и затоа последен има право да дели лекции за јавното здравје“, заклучи Манасиевски.

    Прочитај повеќе

    Петровска: Сакам да бидам претседателка на СДСМ, ама не сега

    23.10.2026 во 12:19

    Филипче: Одлуките ги носам како во операциона сала – прецизно

    23.10.2026 во 11:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.