Author: Author 04

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими Зорица Митровиќ, претседателка на Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија и Марјан Јованоски, секретар на Советот, чија активна работа од 2004 година резултираше со впишување на македонската заедница во Статутот на Автономната Покраина Војводина и воведување на македонскиот јазик во службена употреба во неколку населени места. Соговорниците изразија загриженост заради алармантниот пад на бројот на македонско малцинство, од речиси 26 илјади во 2002-та година, на помалку од 15 илјади во 2022-ра година, како и намалувањето на говорителите на македонскиот јазик, од повеќе од 14 илјади на само 8375, во истиот период. Според претставниците…

Повеќе

Цените на нафтата на светските берзи денеска забележаа остар раст од над 1%, како директна последица на обновените тензии на Блискиот Исток. Иранските напади врз нафтените инсталации во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) предизвикаа паника кај трговците и сериозна загриженост за глобалното снабдување. Фјучерсите за суровата нафта „Брент“ се искачија на 101,53 долари за барел, додека американската „WTI“ нафта достигна 94,71 долари. Овој скок доаѓа откако ОАЕ, како трет најголем производител во ОПЕК, беше принуден да ја намали својата продукција за повеќе од половина поради оштетувањата на терминалот во Фуџаира.

Повеќе

Силно снежно невреме во моментов ги зафати планинските подрачја во западна и југозападна Србија. Снежната граница драстично се спушти на 900 метри надморска височина, а поради интензивните врнежи кои траат во поголемиот дел од денот, многу патни правци се веќе под снежна покривка. Надлежните служби во Србија потсетуваат дека употребата на зимска опрема е задолжителна за сите возила кои се движат низ овие предели. „Снегот ќе продолжи да врне во текот на целата вечер и ноќ, а на одредени места се очекува висината на снежната покривка да надмине 20 сантиметри“, предупредуваат метеоролозите.

Повеќе

Двајца македонски државјани во текот на февруари биле хоспитализирани откако им била дијагностицирана маларија по враќање од егзотични дестинации. Станува збор за лица на возраст меѓу 40 и 60 години, од Скопје и Куманово, кои престојувале во Занзибар и Сиера Леоне. Од Министерството за здравство информираат дека пациентите биле соодветно лекувани во болнички услови и во моментов се наоѓаат во добра општа состојба. Благодарение на навремената дијагноза, спречени се потешки компликации кај двајцата патници.

Повеќе

СВР Велес, до Основното јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против правно лице од с.Бузалково, велешко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување или уништување деловни книги“, против управителот на правното лице, Н.Ј.(51) од истото село поради постоење основи за сомнение дека сторил кривични дела ,фалсификување или уништување деловни книги“ и „кражба“, против Ј.Ј.(25) од Бузалково , возач во правното лице,поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“ и против К.Т.(61) од село Чалошево, велешко, вработен во Ј.П. Национални шуми- Шумско стопанство „Бабуна“ – Велес поради постоење основи за сомнение…

Повеќе

Од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информираат дека поради планирани технички интервенции во електросистемот на ЕВН, утре (среда, 18.03.2026 година), без струја ќе останат корисници во две општини. Во општина Карпош, во периодот од 08:30 до 14:00 часот, со прекин во снабдувањето ќе се соочат жителите и објектите на дел од улицата „Скупи“ (поточно кај кружниот тек кај „Стоп енд Го“ и „Мултибренд“), како и корисниците од улицата „Калош Дани“. Истовремено, во периодот од 08:30 до 15:30 часот, без електрична енергија ќе бидат и сите жители на селото Држилово.

Повеќе

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода девет возачи и извршиле службен разговор со еден родител за безобѕирно управување возило, соопшти Министерството за внатрешни работи. Од вкупниот број, седум возачи се лишени од слобода за управување на возило без возачка дозвола, двајца за управување возило под дејство на алкохол и еден затоа што управувал возило и покрај тоа што имал активна забрана за управување возило од Б категорија. -Четири лица во Скопје возеле без возачка дозвола и по еден во Гостивар, Кавадарци и Велес (малолетник). Двајца возачи во Струмица возеле под дејство…

Повеќе

Вчера околу 13:40 часот во ОВР Виница е пријавено дека на патот Кочани – Виница, во атар на Виница, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген туран“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Ј.Т.(59) од Штип и патничко возило „мазда“ со штипски регистарски ознаки, управувано од З.П.(65) од с.Истибања, виничко. Во несреќата, од здобиените повреди починал 65-годишниот З.П., а лекар од Итна медицинска помош, констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. Со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „мазда“ Ж.П.(58) од с.Истибања, а со телесни повреди се здобиле, Ј.Т. и…

Повеќе

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Т.Д.(54) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. При редовна контрола, полициски службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со словенечки  национални ознаки, кое го управувал пријавениот, при што било констатирано дека регистарските таблички биле издадени во Република Словенија за друго патничко возило.

Повеќе

Вчера во 21:20 часот во СВР Тетово сам се пријавил А.А.(47) од Тетово и со него бил извршен службен разговор. Имено, постапувајќи во врска со настанот од 14.03. во кој 19-годишна девојка од Тетово падна од балкон од куќата на нејзиниот дедо и која беше пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, полициски службеници дошле до сознанија, односно било констатирано дека девојката била психички и физички малтретирана од нејзиниот татко А.А.. По насока од јавен обвинител А.А. е пуштен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Повеќе