Close Menu
Press24
    Најново

    Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот

    28.10.2026 во 20:46

    55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки

    28.10.2026 во 20:18

    Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога

    28.10.2026 во 20:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Стојаноски: Растат платите и пензиите, наследените долгови остануваат товар за буџетот
    • 55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки
    • Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога
    • Драма во Германија: Четири лица повредени во експлозија во станбена зграда во Регенсбург, се трага по две лица
    • Официјално: Искра Хаџи Василева го победи Трајче Пеливанов со 7 гласа предност
    • „Алeлуја, Европа сфати“: Словачкиот премиер ја поздрави потребата за преговори со Москва
    • Проценки на Пентагон: Трошоците на американската војска во судирот со Иран надминаа 47 милијарди долари
    • Мобилната апликација m.Uslugi е достапна за сите корисници и на Андроид и на IOS уредите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » (ВИДЕО) Први снимки од силниот земјотрес во Италија , згмечени автомобили, паднати фасади, оштетени балкони

    (ВИДЕО) Први снимки од силниот земјотрес во Италија , згмечени автомобили, паднати фасади, оштетени балкони

    31.07.2026 во 23:562 Mins Read
    ФОТО: Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Силен земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала го погоди подрачјето на Неапол во петокот вечерта, предизвикувајќи свлечишта, оштетувања на објекти, прекини во струјата и паника кај населението.

    Според Националниот институт за геофизика и вулканологија на Италија (INGV), потресот бил регистриран во 19:46 часот по локално време, со епицентар во подрачјето Флегрејски Полиња (Кампи Флегреи) во близина на Солфатара, на длабочина од три километри.

    Земјотресот бил силно почувствуван во Неапол, Поцуоли, Бањоли, Фуоригрота, Кварт, како и на околните острови Искија и Прочида.

    Како последица на потресот, во неколку населени места дојде до прекин во снабдувањето со електрична енергија, а жителите во паника ги напуштаа своите домови.

    Најсериозни оштетувања се забележани во Поцуоли, каде што се активираше свлечиште во близина на железничката станица, при што огромни карпи паднаа и уништија паркирани автомобили.

    На повеќе објекти се регистрирани урнати фасади, паднати декоративни венци и оштетени балкони.

    Според првичните податоци од терен, најмалку четири лица се полесно повредени, главно од парчиња стакло и делови од фасадите.

    Противпожарните екипи потврдија дека нема пријавено затиснати лица под урнатините, но контролите на објектите продолжуваат.

    На островот Прочида веднаш беше активиран општинскиот центар за цивилна заштита, додека на Искија се вршат проверки на инфраструктурата.

    Вулканолозите истакнуваат дека ова е еден од најсилните потреси во областа откако повторно се интензивираше феноменот на брадисеизам – пост-вулканско поместување на тлото, поради што целиот регион е под постојан засилен надзор.

    View this post on Instagram

    A post shared by Tutto Napoli.net (@tuttonapolinet)

    Прочитај повеќе

    Драма во Германија: Четири лица повредени во експлозија во станбена зграда во Регенсбург, се трага по две лица

    28.10.2026 во 19:45

    „Алeлуја, Европа сфати“: Словачкиот премиер ја поздрави потребата за преговори со Москва

    28.10.2026 во 19:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.