Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Внимавајте, топлотен бран ја зафаќа Македонија – ИЈЗ излезе со апел за заштита

    Внимавајте, топлотен бран ја зафаќа Македонија – ИЈЗ излезе со апел за заштита

    01.08.2026 во 10:032 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Под влијание на топла воздушна маса од југ, за време на продолжениот викенд и во текот на следната седмица нè очекува сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност.

    Високите температури ќе продолжи да се чувствуваат и во текот на вечерните и ноќните часови.

    За денеска се прогнозира многу топло време со слаб до умерен ветер од променлив правец, при што минималната температура ќе се движи од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени.

    Поради топлотниот бран, Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) препорачува да се избегнува излегување на отворено во периодот од 11 до 17 часот.

    Експертите советуваат носење лесна и светла облека, заштитни очила и капа, како и чести одмори во сенка за сите кои престојуваат надвор.

    Во однос на исхраната и хидратацијата, се препорачува умерено консумирање храна, избегнување масни, калорични и благи производи, како и редовно пиење вода и безалкохолни пијалаци без чекање да се почувствува жед. Алкохолот, пијалаците со кофеин и многу ладните напитоци треба да се избегнуваат.

    Посебна дисциплина им се препорачува на ранливите групи, во кои спаѓаат лицата над 60 години, бремените жени, децата, хронично болните и работниците на отворено, кои треба редовно да ја земаат својата терапија и за секоја промена да се консултираат со матичниот лекар.

    Доколку се појават симптоми како зашеметеност, слабост, вознемиреност или интензивна главоболка, потребно е веднаш да се премине во постудена просторија и да се внесат течности. Во случај на топлотни грчеви во мускулите кои траат подолго од еден час, задолжително треба да се побара лекарска помош.

    Прочитај повеќе

    Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор

    22.10.2026 во 23:43

    Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година

    22.10.2026 во 23:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.