Author: Author 04

Вчера во 14:00 часот на Граничен премин Богородица, на влез во државата, поициски службеници го лишиле од слобода И.М.(18) од Република Грција. При гранична контрола и проверки на увид приложил фалсификувана кипарска возачка дозвола. Известен е јавен обвинител, а дозволета била одземена. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.   

Повеќе

Вчера околу 23:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Крушевска Република“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „рекстон“, сопственост на МВР, управувано од В.П.(35) од с.Нова Брезница, скопско и такси возило „тојота корола“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Р.(39) од Скопје. Во несреќата со телесни повреди се здобиле возачот В.П. и неговиот сопатник А.Н.(29) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Повеќе

Ноќеска во 01:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 00:10 часот на подрачјето на Центар, 33-годишна жена од Србија, во изнајмен стан, била физички нападната и допирана по телото од сопственикот на станот, кој исто така ја вознемирувал и со пораки. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

На 14.03.2026 во 14:07 часoт во СВР Скопје било пријавено дека во службени простории на стадион на подрачјето на Кисела Вода, по завршување на фудбалски натпревар помеѓу ФК „Кул“ и ФК „Кожуф“ , двајца фудбалски судии биле физички нападнати од Р.Ц.(57) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок од Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари.

Повеќе

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека е објавен списокот на граѓани кои ги исполнија условите по Јавниот оглас за поддршка на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година, за добивање финансиска поддршка преку ваучер за купување и вградување инвертер клима уред.Станува збор за втора фаза од веќе завршената постапка. Право на оваа поддршка имаа исклучиво домаќинствата кои најдоцна до 5 октомври 2025 година поднеле барање, доставиле комплетна документација и ги исполнија условите утврдени во Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија.Списокот на граѓани кои се стекнале со право на поддршка е објавен на веб-страницата…

Повеќе

Вчера во 17:40 часот,  полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Б.С.(65) од тетовско село, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата  ќерка и нејзиниот малолетен син, соопштија од тетовската полиција.  По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Повеќе

Вчера во 14:18 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат Тетово-Пирок, кај село Долно Палчиште, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со  тетовски регистарски ознаки, управувано од Џ.Р.(50) од с.Горно Палчиште, тетовско и мотоцикл со тетовски регистарски ознаки, управуван од А.И.(22) од с.Долно Палчиште. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, додека со телесни повреди се здобил неговиот деветгодишен сопатник од с.Долно Палчиште, констатирани во Клиничка болница Тетово, известија од МВР.  Извршен е увид од увидна екипа од СВР Тетово.

Повеќе

„Младите денес сѐ порано стануваат корисници на финансиски услуги, поради што финансиската едукација треба да биде системски интегрирана во образовниот процес“, истакна гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, на настан посветен на финансиската едукација во образованието, организиран по повод 15 март – Меѓународниот ден за правата на потрошувачите, од страна на Бирото за развој на образованието. Според податоците на ОЕЦД, повеќе од две третини од 15-годишниците веќе користат финансиски производи, како што се платежните сметки или платежните картички, што ја нагласува важноста од нивното навремено финансиско едуцирање. Гувернерот посочи дека во услови на брз технолошки развој, дигитализација на финансиските…

Повеќе

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, изјави дека Техеран не бара привремени прекини на огнот, туку инсистира секој крај на конфликтот со Израел и САД да биде конечен. Како што пренесува новинската агенција „СНН“, главниот услов на Иран за мир е трајно решение без понатамошни последици. Во однос на блокадата на Ормутскиот теснец, Аракчи беше дециден дека преминот не е затворен за сите. „Ормутскиот теснец е затворен само за непријателите и оние кои ја поддржуваат нивната агресија“, нагласи иранскиот министер. Портпаролот на иранското министерство појасни дека бродовите од неутралните земји можат да поминуваат низ теснецот, но исклучиво во координација…

Повеќе

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска престојуваше во Кочани каде што оддаде почит на жртвите од трагедијата што се случи пред точно една година. Преку емотивна објава, Филипче изрази сочувство до семејствата кои ги загубија своите најмили во кобниот настан. Тој нагласи дека сеќавањето на младите лица кои го загубија животот ќе остане вечно. „Денеска во Кочани оддаваме длабока почит кон прерано згаснатите млади животи. Не постојат зборови што можат да ја опишат болката и тагата на семејствата кои ги загубија своите најмили. Сочувство кон родителите и нивните најблиски. Нека им е вечен споменот“, стои во објавата на Филипче.

Повеќе