Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Страшна несреќа: Комбе на фудбалскиот тим Динамо се заби во дрво покрај патот, има повредени и загинат

    Страшна несреќа: Комбе на фудбалскиот тим Динамо се заби во дрво покрај патот, има повредени и загинат

    31.07.2026 во 18:372 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Тешка сообраќајна несреќа се случи денеска во градот Кампулунг во романскиот округ Аргеш, кога минибус во кој се превезувале играчите од резервниот тим на Динамо Букурешт излетал од патот и удрил во дрво.

    До несреќата дошло откако 83-годишниот возач на возилото доживеал срцев удар за време на возењето.

    Во моментот на сообраќајката во минибусот имало 16 лица. На лице место починал масерот на тимот, додека уште 10 лица се повредени.

    Надлежните служби во Романија веднаш активирале црвен аларм со цел повредените побрзо да бидат транспортирани и медицински згрижени.

    Сите повредени се пренесени во болница за дополнителни прегледи и утврдување на степенот на повредите. Играчите и членовите на стручниот штаб се здобиле со повреди, но се надвор од животна опасност, додека тренерот Адријан Ропотан се здобил со скршеници на двете раце.

    Преку официјално соопштение се огласија и од редовите на фудбалскиот клуб Динамо Букурешт.

    „Вториот тим на нашиот клуб, кој беше на пат кон кампот во Кампулунг, денес доживеа сообраќајна несреќа на пат кон тренинг. Возачот на минибусот ја изгубил контролата врз возилото, скршнал од патот и удрил во дрво, кое се наоѓало во близина. Врз основа на информациите што ги имаме, возачот доживеал срцев удар додека возел, што довело до губење на контролата. За жал, г-дин Константин Ковачиу, дел од медицинскиот тим на клубот, починал како последица на несреќата“, изјавија од клубот.

    Од романскиот колектив дополнуваат дека се во постојан контакт со локалните власти.

    „Сите други патници се пренесени во болница за понатамошни тестови. Играчите и тренерскиот персонал претрпеле повреди, но се надвор од животно-загрозувачка состојба. Во директен контакт сме со локалните служби и ќе се вратиме со најновите информации кога ќе ги имаме. Динамо сака да изрази сочувство не само до семејството на доктор Ковачиу, туку и до целата заедница на Динамо. Тој беше важен дел од тренерскиот персонал со години, а работеше и со сениорскиот тим“, заклучија од Динамо.

    На местото на настанот интервенирале две противпожарни возила, повеќе екипи на итна медицинска помош, полициски патроли и еден хеликоптер.

    Прочитај повеќе

    САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген

    19.09.2026 во 15:39

    Трамп: Русите со години ги напаѓа сојузниците на Украина

    19.09.2026 во 10:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.