- МВР: Вториот круг од вонредните локални избори во Брвеница помина без инциденти
- ОЈО објави детали за двете убиства во Ѓорче Петров – парите ги земале, златото го продале
- Од Алта банка биле повлечени два милиони евра за еден ден, ограничувањата за трошење на пари може да трае до три месеци
- Само 10.000 денари неделно ќе можете да повлечете од Алта Банка
- Полицијата поднесе кривична пријава за вчерашната навивачка тепачка пред СЦ „Јане Сандански“
- Излезност до 15:30: На едно избирачко место гласале над 70% од избирачите, излезноста е поголема за речиси 10% од првиот круг
- Гувернерот Славески најави прес-конференција по одземањето на дозволата за работа на Алта Банка во Србија
- 30-дневен притвор за четворицата осомничени за двете убиства во Ѓорче Петров
Author: Author 04
Вчера 178 сообраќајни прекршоци од возачи на мотоцикли, 13 лишени поради безобѕирно возење, 11 санкционирани возачи на лесни електрични возила Во текот на вчерашниот ден (27.07.2026) во периодот од 17.00 до 22.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли и лесни електрични возила, при што санкционирани се 178 возачи. Од нив, 156 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 13 возачи се лишени од слобода поради сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот законик, сите возеле без возачка дозвола, а пет мотоцикли се…
Најмалку неколку лица загинаа при уривањето на трговскиот центар „Aeon Mall Kumamoto“ во јапонскиот град Кумамото, кој беше погоден од силен земјотрес со јачина од 7,1 степен според Рихтер, јавуваат јапонските медиуми повикувајќи се на полициски извори. Според телевизијата „Асахи“, полицијата потврдила за смртните случаи, додека јавниот сервис NHK објави дека се трага по меѓу 20 и 30 вработени во комплексот со кои е изгубен секаков контакт. Спасувачките тимови се на терен и се обидуваат да утврдат дали тие се заробени под урнатините. Трговско-забавниот комплекс претрпел делумно уништување како последица на експлозија што избувнала веднаш по силниот потрес. Објектот неодамна,…
Поголемиот дел од Балканскиот Полуостров од среда ќе биде под влијание на нов силен топлотен бран, а според прогнозите на метеоролошките служби и регионалните синоптичари, екстремно топлото време би можело да продолжи најмалку до 10 август. Синоптичарите најавуваат период во кој дневните температури ќе бележат постепен раст од ден на ден, додека во одделни региони се очекува да го надминат 40-тиот степен во сенка. Пикот на топлотниот бран се очекува кон крајот на оваа недела и во првите денови од август, под директно дејство на силен антициклон над Медитеранот и југоисточна Европа кој носи многу топла воздушна маса. Покрај високите…
Мицкоски денеска објави новата – магична економска реалност, велат од СДСМ. „Повеќе не сме „трета економија во Европа“. Сега имаме поголем раст од цела Европска Унија. И први сме во Европа по зголемен процент на туристи. Браво. Додека граѓаните бројат дали ќе го преживеат месецот, додека потрошувачката кошница урива рекорди, додека горивото втора недела по ред поскапува, додека земјоделците продаваат под минимална цена, додека младите си одат, ние сме први. Први по имагинација. Европа може само да ни завидува. Германците, Холанѓаните, Швеѓаните… сите гледаат во нас и велат: „Како го прават тоа?“ Лесно. Со прес-конференции. Ова веќе нема граници. Утре…
По епидемијата поради загадена вода во Гостивар, властите сега официјално признаваат ризик од хепатит А и Е и други заразни заболувања, велат од СДСМ. „Министерството за здравство ќе испраќа упатства до здравствените установи и матичните лекари. Воведен е засилен здравствен надзор. Ова е токму она за кое што проф. д-р Венко Филипче предупреди уште минатата недела. Прво, доцна им се вклучија „црвените светла“. Потоа ги криеја податоците. Сега, кога кризата веќе се разгоре, признаваат дека постои ризик од жолтица и други заразни болести. Луѓето во Гостивар ја плаќаат цената затоа што наместо стручност и брза реакција, добија политичка калкулација и…
Попладнево избувна пожар во велешката месност „Дорутовец“, лоцирана по бензинската станица на „Макпетрол“, пред самиот влез во Велес од десната страна на патот гледано кон градот, соопштија од ДЗС. „Поради силниот ветар и ризикот од дополнително ширење на огнената стихија, раководителот на Главниот штаб за управување со кризи, Стојанче Ангелов, активираше два авиона од типот „ер трактор“ сопственост на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). На терен во моментот дејствуваат екипи на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Велес. Во справувањето со пожарот се ангажирани 6 пожарникари со две противпожарни возила. Акциите за локализирање и ставање под контрола на огнот се во…
Патнички авион на авиокомпанијата „Американ ерлајнс“, кој сообраќал на линијата од Рим до Филаделфија, изврши итно слетување во Даблин откако повеќето членови на екипажот се пожалиле на вртоглавица и здравствени тегоби. Авионот од типот „Боинг 787-9 Дримлајнер“ бил во воздух околу три часа кога пилотите донеле одлука за пренасочување на летот кон аеродромот во ирскиот главен град. Според информациите на италијанската новинска агенција ANSA, шест од деветте членови на кабиниот екипаж почувствувале здравствени проблеми. Од „Американ ерлајнс“ за порталот „Симпл Флајинг“ потврдија дека кратко пред слетувањето во патничката кабина бил детектуран необичен мирис. По слетувањето на аеродромот во Даблин, медицинските…
Општина Кисела Вода објави два јавни повика за субвенции при набавка на пелети и печки на пелети, наменети за домаќинствата од општината. Средствата од Буџетот за 2026 година ќе се доделуваат преку Архивата, по принципот „прв дојден, прв услужен“. Со првиот јавен повик се нуди субвенционирање за набавка на пелети, за што е обезбеден буџет од вкупно 2.000.000,00 денари. Општината ќе кофинансира 50% од вредноста на набавените пелети, но не повеќе од 10.000,00 денари со вклучен персонален данок. Рокот за аплицирање трае до исцрпување на средствата, а најдоцна до 31.10.2026 година. Дополнителни информации можат да се добијат на електронската адреса kirju.nikoloski@kiselavoda.gov.mk.…
Жителите од одделни улици и локации во населеното место Долно Лисиче утре, 29 јули, ќе останат привремено без снабдување со електрична енергија поради планирани прекини во дистрибутивната мрежа. Според известувањето, од 09:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците лоцирани на Патот за Долно Лисиче, на потегот од трансформаторската станица кон Горно Лисиче. Во истиот временски период, односно од 09:00 до 15:00 часот, прекин во снабдувањето ќе има и за објектите на Патот за Долно Лисиче околу „Пе Бо Трејд“, „Делта МКС“ и „Про Авто Маркет“.
Белгија беше потресена од веста за бруталниот грабеж на фудбалерот на Унион Сен Жилоа, Мохамед Фусеини, кој стана цел на организирана група разбојници на сред бел ден на улиците на Брисел. Целиот инцидент беше снимен од камера на минувач, а снимката набрзо стана јавна и предизвика бројни реакции. Според белгискиот весник HLN, репрезентативецот на Гана бил во паркиран автомобил кога му се приближила група од пет маскирани мажи со качулки. Напаѓачите не се двоумеле ниту за момент, насилно ја отвориле вратата од автомобилот, го извлекле фудбалерот и се обиделе да му го грабнат мобилниот телефон од рацете. Фусеини се обидел…
