Close Menu
Press24
    Најново

    Кој е газдата што го плаќа ова: Скопјанец земал по 190.000 евра плата месечно

    21.10.2026 во 11:38

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Утре ќе нема струја до 14 часот – Најавени исклучувања во повеќе општини

    20.10.2026 во 11:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Завршен собир на Студентската листа во Белград: Под мотото „Победата повикува“ одржан завршен митинг на Славија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Стојаноски: Со ребалансот обезбедуваме 14,5% повеќе средства за капитални проекти и повисоки плати и пензии

    Стојаноски: Со ребалансот обезбедуваме 14,5% повеќе средства за капитални проекти и повисоки плати и пензии

    31.07.2026 во 21:422 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    – 14,5% се повисоки средствата во ставката за реализирање на капитални проекти, а понатаму се зголемуваат средствата и за социјални трансфери и за оние обврски кои што државата ги има кон граѓаните, и за повисоки плати и за повисоки пензии, нешто што сметам дека е суштина на вака поставен буџетски документ – вели Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, во изјава за Дневникот на МРТ1, што МИА ја објавува интегрално. 

    Пратеникот Стојаноски напомена дека ребалансот на буџетот се прави во моменти кога одредени приоритети треба да се прекројат односно на некои ставки да се даде поголем приоритет, а тоа се ставките кои гарантираат реализација на повеќе капитални проекти.

    – Над пет милијарди денари повеќе за реализација на капитални проекти од овој момент до крајот на годината. Развојните потпрограми се повисоки за над четири милијарди денари, што укажува дека проширувањето на дефицитот ќе оди исклучиво во финансирање на капитални проекти кои што ќе генерираат и покачување на економијата – кажа Стојаноски. 

    Стојаноски потсети дека последните 7 квартали растот на БДП е над 3% и дека истиот е генериран од вложувањето во капиталните проекти, странските директни инвестиции, како и помошта на домашното стопанство. 

    – Ние одлучивме дополнителни средства да вложиме во реализација на капитални проекти за да можеме да го поддржиме нашиот модел на раст на бруто домашниот производ и тоа е сосема јасно –  рече Стојаноски и додаде – Во овој момент граѓаните треба да бидат спокојни, нема да се покачи јавниот долг, напротив, видовме денеска дека е намален и она кое што ќе се финансира со тој дефицит ќе иде исклучиво во мултипликативниот ефект на економијата, а тоа е градежништвото“.

    Пратеникот Стојаноски исто така, потенцираше дека месецот јуни беше историски месец од кога постои независна Република Македонија на наплатени царински давачки, споредено со месец јуни претходната година, бидејќи државата успеала да инкасира педесет милиони евра плус преку царината и тоа само по основ на царински давачки.

    „Даноците се повисоки, наплатата на даноците е двоцифрена, 16,14,12 проценти кумулативно кој данок ќе го земете како посебно, што значи дека државата веќе ја супресира сивата економија, има повеќе дисциплинирани плаќачи на данок и на царина и токму тоа на нас ни дава простор да укажеме дека вака дизајниран ребаланс може да издржи посериозни кризи од тие кои што се сега присутни“, заврши Стојаноски.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.