Close Menu
Press24
    Најново

    Силен звук го прекина мечот Вардар – НАНТ во Јане Сандански

    16.09.2026 во 19:48

    Ќе може да си купите стаж – добри вести за сите на кои им фали стаж за пензија

    15.09.2026 во 09:04

    Интервентна полиција влезе во Арачиново – Фатен криминалец кој бил во бегство

    16.09.2026 во 10:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • САД ја отстранија Венецуела од листата на земји кои не успеваат ефикасно да се борат против трговијата со дрога
    • Ѓорѓиевски: Сериозни технички недостатоци откриени на жичницата на Водно
    • Драма во Струмица со среќен крај: Малолетничка не одговарала на телефон, пожарникарите влегле во станот
    • Рекордни цени на пивото на Октоберфест: Пет пати повисоки отколку во 1985 година
    • Рибите да дејствуваат, Ракот ќе вложува многу енергија
    • Рибите да дејствуваат, Ракот ќе вложува многу енергија
    • Генерално собрание на Европската еспорт федерација во Скопје – Ристовски доби Плакета за заслуги од претседателот на ИЕСФ
    • Обвинителството донесе одлука: За Ник Рајнер нема да се бара смртна казна или доживотен затвор
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Конески: УМС со нов Извршен комитет, продолжува поддршката за младите и нови 300 вработувања на специјализанти

    Конески: УМС со нов Извршен комитет, продолжува поддршката за младите и нови 300 вработувања на специјализанти

    01.08.2026 во 12:062 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Унијата на млади сили (УМС) на ВМРО-ДПМНЕ доби нов состав на Извршниот комитет, соопшти на денешната прес-конференција претседателот на подмладокот, Тодор Конески.

    На почетокот од обраќањето, Конески ја истакна одлуката за вработување на уште 300 приватни специјализанти во јавното здравство, оценувајќи ја како значаен чекор за младите медицински кадри.

    „Одлуката за вработување на уште 300 приватни специјализанти е значаен чекор кон создавање посилно, поквалитетно и подостапно јавно здравство, но и порака дека младите лекари се потребни, вреднувани и имаат своја перспектива во Република Македонија. Со оваа мерка, до крајот на 2026 година, уште 300 млади лекари ќе добијат можност да го продолжат својот професионален пат во јавните здравствени установи“, изјави Конески.

    Тој додаде дека со оваа мерка се опфатени и здравствените установи надвор од Скопје, со што се овозможува рамномерен развој на здравството низ целата држава.

    Конески ги соопшти и кадровските одлуки донесени на синоќешната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, каде што е изгласан новиот состав на раководството на УМС.

    За генерален секретар е избран Дамјан Коњановски, додека за заменик генерален секретар е именуван Стојан Пандов. За потпретседатели се избрани Борис Шамбевски, Илија Ристески и Тијана Тесалоника Шишкоска, а функциите организациони секретари ќе ги вршат Антоанета Лазаревска, Денис Пановски, Иван Димитриевски и Мартин Ивановски.

    За претседател на Градскиот комитет на УМС е избран Љупчо Ристески, за меѓународен секретар Луна Стефаноска, а беа избрани и 23 нови членови на Извршниот комитет.

    „Нашата цел е Унијата на млади сили да биде организација која ги слуша младите, ги препознава нивните потреби и активно работи на создавање услови за нивен личен и професионален напредок. Ни претстои период на многу работа, многу активности и голема одговорност“, порача претседателот на УМС.

    Прочитај повеќе

    Николоски оствари средба со американската амбасадорка Варнс: Потврдена одличната економска соработка и динамика на капиталните проекти

    16.09.2026 во 16:52

    Ѓорѓиевски на Македонско-австрискиот бизнис-форум: Ги реализираме капиталните проекти чекани со децении

    16.09.2026 во 12:24
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.