- Мицкоски: Од утре почнува реконструкцијата на владата
- Бугарија е против некои санкции на ЕУ кон Русија, вели шефицата на бугарската дипломатија
- Мицкоски за спорот со Бугарија: Нема пазарење со нашиот македонски идентитет
- Мицкоски: Почнавме од нула, денес градиме модерна Македонија
- Руте: Се намалува бројот на војници на КФОР
- Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ беше под жесток политички прогон, но денес е посилна од кога било
- Мицкоски: Секогаш кога сакаа да ја уништат, ВМРО се враќаше посилна
- Дански баталјон ќе биде распореден во Летонија за одвраќање на Русија
Author: Author 04
Во текот на изминатото деноноќие, лишени од слобода биле осум возачи за безобѕирно управување возило. Од нив еден без дозвола управувал возило кое претходно го украл, а еден управувал трактор под дејство на алкохол, предизвикал сообраќајна незгода и го напуштил местото. Од МВР информираат дека во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода осум возачи за безобѕирно управување возило. Од нив пет управувале возило без возачка дозвола, двајца управувале возило и покрај тоа што имале активна забрана и еден управувал возило под дејство на алкохол. Две лица во Скопје возеле без возачка дозвола…
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оствари средбa со претставници на Меѓународниот монетарен фонд на коja беа презентирани најновите макроекономски остварувања и фискални политики, како и проекциите за наредниот период. На средбата на која присуствуваа шефот на мисијата, Ник Гигинешвили и шефот на Канцеларијата на ММФ во Скопје, Себастијан Соса, беше истакнато дека македонската економија во 2025 година оствари стабилен раст од 3,5%, со забрзување на економската активност во текот на целата година и раст од 3,8% во последниот квартал. Растот беше поддржан од домашната побарувачка, особено приватната и јавната потрошувачка, како и од позитивниот придонес на нето-извозот, додека инвестициите на годишно ниво…
ЈКП „Водовод“ Битола успешно ја финализираше целосната реконструкција на водоводната линија на улицата „Даме Груев“ во населбата Мал Париз. Со овој зафат се опфатени краците 1, 2 и 3, со што значително се подобрува квалитетот на водоснабдувањето во овој дел од градот. Придобивки: Поголема сигурност во водоснабдувањето и зголемена ефикасност на системот. Цел: Намалување на загубите на вода и елиминирање на честите дефекти. Инвестициите во градската инфраструктура продолжуваат според предвидената динамика и во наредниот период.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.С.(48) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама”. Пријавениот довел во заблуда едно лице и го измамил за сума од 14.460 швајцарски франци. Имено, во 2025 година тој се договорил со лицето да изработи железни материјали за износ од 20.450 швајцарски франци и преку приватна фирма за шпедиција изработените материјали да бидат однесени во Швајцарија кај него. Откако лицето ја изработило нарачката, изготвил фактура, по што М.С. на жиро сметка исплатил само 5.999 швајцарски франци, додека останатиот дел од 14.460 швајцарски франци не ги исплатил. За останатиот долг, оштетениот…
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека од денес, 18 март 2026 година, започна распределбата на ваучерите за набавка и вградување на инвертер клима уреди за граѓаните кои се стекнале со право по Јавниот оглас за 2025 година.Од 18 март до 17 април 2026 година, лицата кои се наоѓаат на списокот ќе можат да ги подигнат ваучерите во меѓуопштинските центри за социјална работа во општината каде што живеат. На веб-страницата на Министерството се објавени сите детали за потребната документација и постапката за подигнување.Воедно, денес на веб-страницата на Министерството е објавен и списокот на компании со кои…
Во рамки на караванот „Каде што срцето е дома“, министерот за локална самоуправа, Златко Перински, оствари работна посета на општините Гевгелија и Богданци. Во текот на посетата тој одржа средби со градоначалникот на Општина Богданци, Блаже Шапов, градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов, како и со Советите во општините и општинската администрација, при што се разговараше за развојните приоритети на овие општини од Југоисточниот плански регион и за предизвиците со кои се соочуваат. Во разговорите беше истакнато дека општините можат активно да сметаат на поддршката што ја обезбедува Ресурсниот центар за поддршка на развојот на општините. Дополнително, беше посочено дека…
Вчера во 22:10 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.А.(49) од скопско, постапувајќи по претходна пријава од неговата 47-годишна сопруга дека на 15.03.2026 во семејниот дом со тврд предмет ја нападнал нивната малолетна ќерка, а кога се обидела да ја одбрани, физички ја нападнал и неа. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Собранието на денешната 94. седница со 66 гласа „за“ го избра Ненад Савески за нов државен јавен обвинител. Против неговиот избор гласаа двајца пратеници, додека осуммина беа воздржани. Владиниот предлог го образложи вицепремиерот Александар Николоски, кој истакна дека на државата очајно ѝ е потребна правда и владеење на правото. Тој го опиша Савески како врвен професионалец без ниту една дамка во кариерата. „На Македонија очајно и е потребна правда и владеење на правото. И треба јасно отворање и процесуирање на случаи кои ќе значат подобрување на имиџот на државата и на обвинителско-правосудниот систем“, истакна Николоски. Ненад Савески доаѓа на оваа…
„Собранието е пред носење на важна одлука, но најголемата опасност не лежи во биографијата на кандидатот, туку во намерата на власта да го претвори обвинителството во продолжена рака на политиката“, рече потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска , на собраниската седница по предлог кандидатурата на Ненад Савевски за државен јавен обвинител и новиот предлог-закон за јавно обвинителство. „Иако кандидатот, Савевски, не е присутен во Собранието, сигурно ја следи седницата, и затоа јавно го прашуваме дали ќе го искористи член 36 од предлог-законот за да ги казни со ниски оцени сите негови колеги кои ќе одбијат да ги затворат истрагите за Пирамид…
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски информираше дека на територијата на град Скопје започна широка и координирана пролетна акција за генерално чистење, со цел унапредување на јавната хигиена и заштита на животната средина. Акцијата започна во општината Кисела Вода, а во неа се вклучени екипи од повеќе јавни претпријатија. Од Комунална хигиена интензивно ги чистат улиците и го отстрануваат отпадот, вклучително и неправилно одложениот смет. Водовод и канализација спроведува перење на улиците и јавните површини, додека Паркови и зеленило работи на уредување и одржување на зелените површини. Воедно, Улици и патишта поставува метални столпчиња со цел спречување на узурпацијата на тротоарите и јавниот простор. Градоначалникот на Град Скопје истакна дека оваа акција претставува…
