Author: Author 04

Вчера во 17:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода В.В.(34), Р.М.(30) и В.Ј.(22), сите од Штип. При преглед на патничко моторно возило „ауди“, во кое се превезувале, биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. Додека, по преземени мерки било утврдено дека возачот Р.М. има активна забрана за управување возило од Б категорија. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.

Повеќе

По повод 20 март – Светскиот ден на оралното здравје, Општина Центар континуирано реализира бесплатни стоматолошки прегледи за деца од предучилишна и училишна возраст, како и за пензионерите, како дел од посветеноста на превенцијата и унапредувањето на оралното здравје. Во таа насока, беше одржан работен состанок со Проф. д-р Соња Апостолска, декан на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, на кој беше потпишан Меморандум за соработка. Со овој документ се зајакнува партнерството и се отвораат можности за реализација на нови заеднички проекти. На средбата присуствуваа и Проф. д-р Елизабета Ѓеоргиевска, раководител на Катедрата за детска и…

Повеќе

Министерот за здравство, Азир Алиу, најави дека новиот Закон за заштита од пушење ќе се најде пред владата на 24 март, а се очекува да биде целосно усвоен за околу еден месец. Иако првично се доцнеше со роковите, причината била усогласување на барањата меѓу здравствените експерти и угостителите. Главните новини што ги носат измените: Министерот Алиу е оптимист дека со овие мерки, бројот на пушачи во Македонија за две години ќе се преполови – од сегашните 45% на 20%.

Повеќе

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска упати жестоки критики до Киев, обвинувајќи го украинскиот режим за „неодговорни и непромислени“ обиди за напади врз клучната гасна инфраструктура. Според Москва, цел на украинските дронови биле компресорските станици на гасоводите „Турски тек“ и „Син тек“. Песков нагласи дека овие напади, кои се случиле во периодот меѓу 17 и 19 март, претставуваат директна закана за меѓународните енергетски патишта во момент кога глобалниот пазар е веќе крајно дестабилизиран. „Ваквите дејствија би можеле дополнително да ја влошат ситуацијата, не само во регионот, туку и низ целиот свет“, изјави Песков, додавајќи дека руската војска ги презема сите…

Повеќе

Италијанската влада донесе итна уредба со која драстично се кратат даноците на бензинот и дизелот, како директен одговор на енергетскиот шок предизвикан од војната на Блискиот Исток. Мерката стапува во сила денеска и ќе важи во наредните 20 дена. Според официјалното соопштение од Рим, оваа одлука веднаш ќе ги намали цените на пумпите за околу 0,25 евра (околу 15 денари) по литар. Кабинетот на премиерката нагласи дека ова е „привремена и вонредна мерка“ за да се заштити стандардот на граѓаните. Покрај даночните олеснувања, воведена е и посебна „анти-шпекулантска“ контрола. Државата ќе ги следи трговците за да спречи вештачко пумпање на…

Повеќе

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска предизвика нов потрес во Брисел, порачувајќи дека неговата влада нема да го повлече ветото за заемот од 90 милијарди евра за Киев, ниту ќе поддржи нови санкции против Русија. Причината е јасна – прекинот на испораката на руска нафта преку нафтоводот „Дружба“. „Никогаш нема да поддржам каква било одлука тука која е во корист на Украина сè додека не ја добиеме нашата нафта, која е блокирана од нивна страна“, дециден е Орбан. Иако Киев тврди дека нафтоводот е оштетен во руски напад во јануари и дека брза поправка не е можна, Будимпешта не верува во…

Повеќе

Русија официјално објави дека нејзината воена морнарица ќе ги придружува трговските бродови поради, како што велат од Москва, „невидена кампања на лов“ врз руската флота. Николај Патрушев, помошник на претседателот Путин, потврди дека се спроведува сеопфатен сет мерки за безбедност, кои вклучуваат вооружена заштита и посебна опрема за бродовите. Додека Москва се подготвува за воена заштита на своите рути, во централниот дел на Средоземното Море се одвива вистинска драма. Рускиот танкер „Арктик Метагаз“, дел од таканаречената „флота во сенка“, плови без контрола по серија експлозии. Италијанските власти алармираат дека бродот е „темпирана бомба“ која може да предизвика незапамтена еколошка катастрофа.…

Повеќе

Британскиот центар за поморска безбедност (UKMTO) попладнево соопшти дека трговски брод бил погоден од ракета во непосредна близина на брегот на Катар. Инцидентот се случил на само четири наутички милји источно од Рас Лафан, еден од најважните светски центри за енергија. Според првичните информации, бродот бил погоден од „непознат проектил“, но за среќа, сите членови на екипажот се на безбедно и нема повредени. Британската морнарица веќе издаде итно предупредување до сите бродови во регионот да пловат со зголемена претпазливост и веднаш да пријават каква било сомнителна активност. Овој напад доаѓа во екот на жестокиот конфликт помеѓу САД, Израел и Иран,…

Повеќе

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска свика итен состанок со надлежните министерства и институции. Причина за вонредната мобилизација на државниот врв е „вистинската драма“ на светските берзи и абнормалниот скок на цената на нафтата, која утринава ја проби границата од 112 долари за барел. Србија сака да осигура стабилност во снабдувањето со горива. Нападите врз гасните полиња во Иран и Катар предизвикаа паника која директно се рефлектира врз цените во регионот. Со оглед на тоа што Словенија веќе воведе ограничувања на бензинските пумпи, Србија бара начин да избегне слично сценарио. Иако цената е под историскиот максимум од 116 долари забележан на…

Повеќе

Музичката сцена во Романија и регионот е завиена во црно по веста за прераната смрт на познатата реперка Чика Кон Кана, чие вистинско име е Џанина Георгија. Таа почина на само 37-годишна возраст, оставајќи ги своите фанови и колеги во неверување. Веста за нејзиното заминување ја потврдија нејзините најблиски, а социјалните мрежи се преплавени со тажни пораки. Нејзината блиска пријателка и соработничка, Дана Маријуана, се збогуваше со емотивни зборови, истакнувајќи дека Џанина поседувала еден од најдобрите женски вокали во романскиот рап, но и дека во себе носела тежок товар. „Беше неверојатно талентирана и силна личност, но се бореше со своите…

Повеќе