Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Филипче од Крушево: Сеќавањето на Илинден има вредност ако градиме подобра иднина

    Филипче од Крушево: Сеќавањето на Илинден има вредност ако градиме подобра иднина

    02.08.2026 во 10:232 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од Крушево упати порака по повод државниот празник Илинден, оддавајќи им почит на хероите на Крушевската Република.

    Во своето обраќање, тој истакна дека борбата на илинденците била за слободна и достоинствена земја.

    „Почитувани граѓани, Денес во Крушево оддаваме почит на хероите на Илинден и на Крушевската Република – на оние кои пред повеќе од еден век се бореа за слободна и достоинствена Македонија. Нивната жртва не беше за изолација. Не беше за страв. Не беше за поделби. Тие се бореа за слобода, за правда и за правото на овој народ сам да ја одлучува својата судбина“, истакна Филипче.

    Лидерот на опозицијата нагласи дека денешните генерации имаат обврска да го продолжат тој пат и да се соочат со современите предизвици.

    „Денес, повеќе од еден век подоцна, имаме должност да го продолжиме токму тој пат. Македонија не смее да остане заробена во минатото. Не смее да биде држава во која младите заминуваат, во која пензионерите едвај преживуваат, во која водата за пиење е опасна, а институциите служат на тесен круг луѓе“, наведе претседателот на СДСМ.

    Тој ги посочи приоритетите за кои, според него, треба да се бори општеството денес.

    „Сеќавањето на Илинден има вистинска вредност само ако ни служи да градиме подобра иднина. Затоа ние се бориме за Македонија во која владее правото, а не партискиот интерес. За Македонија во која има чиста вода, достоинствени плати и перспектива за младите. За Македонија која е дел од европското семејство – слободна, демократска и просперитетна“, порача Филипче.

    На крајот од своето обраќање, тој направи паралела меѓу историската и современата борба на граѓаните.

    „Илинденците се бореа против тиранијата на своето време. Денес нашата борба е против корупцијата, против изолацијата и против лажниот патриотизам што ја држи државата во место. Ние се сеќаваме на минатото. Но ја избираме иднината. За многу години Илинден! Да живее Македонија“, истакна Филипче.

    Прочитај повеќе

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02

    Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“

    28.10.2026 во 21:30
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.