- Мицкоски: Од утре почнува реконструкцијата на владата
- Бугарија е против некои санкции на ЕУ кон Русија, вели шефицата на бугарската дипломатија
- Мицкоски за спорот со Бугарија: Нема пазарење со нашиот македонски идентитет
- Мицкоски: Почнавме од нула, денес градиме модерна Македонија
- Руте: Се намалува бројот на војници на КФОР
- Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ беше под жесток политички прогон, но денес е посилна од кога било
- Мицкоски: Секогаш кога сакаа да ја уништат, ВМРО се враќаше посилна
- Дански баталјон ќе биде распореден во Летонија за одвраќање на Русија
Author: Author 04
Наместо за членството на Македонија во Европска Унија, Мицкоски во Брисел зборува за глобалните предвидувања, се занимава со војната во Иран, во Украина, со економската перспектива на Европа, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Филипче посочи дека Мицкоски во Брисел зборува за реформи, а реформите не ги спроведува. „Тој не зборува за нашето пристапување, за пристапувањето на Македонија во Европска Унија затоа што тоа не го интересира. Да не беше смешно, ќе беше тажно. И уште потажниот дел за сите граѓани на Македонија, тој разговара за проширувањето и за реализирани реформи, како да станал еврокомесар за…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против М.Ј.(39) од Косово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење“. На 11.03.2026 на Граничен премин Деве Баир, на влез во државата, при преглед на неговиот багаж во автобусот со кој допатувал, биле пронајдени и одземени поголема количина на текстилна роба и повеќе штеки цигари без документација, со вкупна вредност од 300.708 денари.
Ноќеска во 02:20 часот во СВР Скопје, М.И.(42) од кумановско пријави дека на 18.03.2026 околу 23:35 часот додека била на работното место како медицинска сестра на Клиника за кардиологија во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, П.Б.(79) од Скопје, кој бил во придружба на женско лице кое дошло на преглед, упатувал закани кон неа и кон друг вработен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во 22:50 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор- Идризово е пријавено дека во амбулантното одделение во установата биле пронајдени и одземени четири пакувања со бела прашкаста материја. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во 19:42 часот во СВР Скопје, Н.Г.(26) од Скопје пријави дека во 19:40 часот го пронашол во бессознание неговиот другар М.С.(24) од Скопје. Според пријавеното, другар му дошол кај него околу 10:00 часот и набргу тој легнал да спие, а откако се разбудил го пронашол М.С. во бессознание. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. Извршен е увид, а по насоки од јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.
Поранешен директор на јавно претпријатие во Струмица доби кривична пријава поради сомнение дека во 47 наврати ја злоупотребил службената положба и за над еден милион денари го оштетил буџетот. Од МВР информираат дека СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднела кривична пријава против З.Г.(57) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека во 47 наврати сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Пријавениот, во својство на директор на Јавното претпријатие „Комуналец“ – Струмица, во текот на 2022 и 2023 година во повеќе наврати ги пречекорил границите на своите службени овластувања и постапил спротивно на Законот за работни односи. Тој,…
Српскиот претседател Александар Вучиќ испрати моќна порака до граѓаните – Србија има доволно ресурси за да се справи со глобалната криза. Тој најави дека денеска ќе биде дадена наредба за издвојување на 40.000 тони нафта од државните резерви, со цел да се спречи драстично поскапување на горивата на бензинските пумпи. „Не паничете и не купувајте канистри, имаме нафта! Ослободуваме резерви за луѓето да не плаќаат 250 динари за литар дизел. Никогаш никого не сум излажал – кога велам дека имаме, тогаш навистина имаме“, дециден е Вучиќ. Претседателот нагласи дека Србија, пропорционално на бројот на жители, располага со најголеми резерви во…
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски информира дека официјално е отворен нов шелтер-центар наменет за заштита и поддршка на жртви на семејно насилство. Со потпишување договор, стан во сопственост на Градот е отстапен на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство „Глас против насилство“, со што се обезбедува сигурен простор за згрижување и помош. Центарот ќе нуди заштита, советување и поддршка, со цел жртвите да добијат безбедно засолниште и можност за нов почеток. Од безбедносни причини, локацијата на објектот не се открива јавно. Оваа активност е дел од заложбите на Град Скопје за градење безбедна, солидарна и инклузивна…
Трошоците за живот во Македонија продолжуваат незапирливо да растат. Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) денеска објави дека синдикалната минимална кошница за март 2026 година изнесува рекордни 67.818 денари. Според официјалните пресметки, ова е за 436 денари повеќе во споредба со февруари, што само го потврдува трендот на поскапување на основните потреби. Ситуацијата е уште поалармантна за семејствата кои живеат под кирија. „За четиричелно семејство кое живее во изнајмен стан од 60 квадратни метри, основните трошоци за март изнесуваат вртоглави 83.193 денари“, посочуваат од ССМ.
Времето утре променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец, соопшти УХМР. Во Скопје, претежно облачно со повремени сончеви периоди. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец. Следува период на променливо облачно време со умерен повремено засилен ветер претежно од северен правец, освен во понеделник кога ќе има услови за слаби врнежи од дожд.
