Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Николоски од Крушево: Идеалите на илинденците ги продолжуваме со изградба и развој на современа Македонија

    Николоски од Крушево: Идеалите на илинденците ги продолжуваме со изградба и развој на современа Македонија

    02.08.2026 во 12:152 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска од Крушево упати порака по повод 2 Август – Илинден, нагласувајќи дека овој датум го симболизира вековниот стремеж на македонскиот народ за слобода и сопствена држава.

    Во своето обраќање, тој го истакна историскиот континуитет на македонската борба.

    „Втори август Илинден, денот на Илинденското востание и денот на Антифашистичкото собрание за народно ослободување на Македонија. Втори август – Илинден е доказ за борбата на македонскиот народ, за своја самобитност и за своја државност, идеал кој што почна да се гради некаде во 19. век преку преродбата, понатака двете македонски востанија, Кресненското и Разловечкото, ја имаше својата круна на Илинденското востание во 1903 година, понатака преку Антифашистичката борба во Втората светска војна и АСНОМ на 2.август 1944 година, и својата кулминација ја доживеа на 8. Септември 1991 година кога Македонија прогласи независност“, подвлече Николоски.

    Министерот посочи дека денес почитта кон минатото се искажува преку развојот и реализацијата на инфраструктурни проекти.

    „Денес Македонија ја градиме како модерна европска држава, денес Македонија се гради како никогаш претходно, нема дел од државата во којшто не се реализираат проекти, дали се тоа преку 1200 општински проекти, дали се големите инвестиции во железницата и автопатиштата“, истакна Николоски.

    Тој ги наведе конкретните активности во патниот и железничкиот сообраќај, како и развојот на авиосообраќајот.

    „Македонија во моментов како никогаш претходно гради 6 автопати, гради железница на Коридорот 8, а за брзо ќе почне и на Коридорот 10, Македонија ги развива своите аеродроми, целосно го реконструира и надградува охридскиот аеродром, расте скопскиот аеродром, со најголем раст од цела југоисточна Европа, и така ќе продолжиме да работиме и во периодот кој што е пред нас. Затоа што само инвестициите, само работата, ќе го зајакната темелот на македонската држава, ќе го постават темелот на македонскиот народ, и на сите кои што живеат во Македонија, онаму каде што му е местото, а тоа меѓу најразвиените европски нации“, порача Тој.

    На крајот, Николоски оддаде почит кон сите кои ги дадоа своите животи за државноста.

    „Поклон кон жртвата на хероите, денеска треба да се сеќаваме на нив, како и секој друг ден и тие да ни се водилка за се’ она што го правиме за Македонија“, истакна Николоски.

    Прочитај повеќе

    Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор

    22.10.2026 во 23:43

    Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година

    22.10.2026 во 23:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.