Author: Author 04

Пет лица лишени од слобода за семејно насилство, вкупно шест пријави во Скопје, Тетово, Кичево и Прилеп во последното деноноќие На 18.03.2026 во 18:30 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Т.М.(33) од Кичево, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 30-годишна сопруга. На 18.03.2026 во 17:40 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.К.(30) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 30-годишна девојка дека одреден период ја следел на различни локации каде се движела и на нејзиното работно место и дека претходно истиот ден околу 15:00 часот ѝ…

Повеќе

Министерството за образование и наука продолжува со инвестициските активности за подобрување на инфраструктурните услови за поквалитетна едукација и унапредување на ученичкиот и студентскиот стандард. Годинава, покрај тоа што ќе продолжи реконструкцијата на државните студентски домови, ќе започне и темелна обнова на државните училишта со ресурсни центри кои се столб на инклузивноста на националниот образовен систем.За оваа намена, од Германската развојна банка KfW, а со поддршка од Европската унија преку Инвестициската рамка за Западен Балкан, обезбедени се средства во висина од 40 милиони евра. Буџет со кој ќе се реализира втората фаза од процесот на темелна и енергетски ефикасна обнова на…

Повеќе

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, рече дека СДСМ како единствена неконтролирана опозиција во земјава е цел на напади. „Вчера излезе некоја изјава дека има некаква платформа од некои луѓе коишто не сакаат ни да се потпишат. Имале, пишува таму гревови, кажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ била најголема партија, дека опозицијата била раситнета. Што може да се очекува и што може да се позадината освен да е тоа пишувано во белата палата на ВМРО-ДПМНЕ и дадено на некои луѓе тоа да се презентира како некаква платформа. Пазете ќе биле платформа затоа што единствената неконтролирана опозиција во земјава а тоа е СДСМ, а не требало да…

Повеќе

ЈСП Скопје ги информира граѓаните дека за време на трите дена од продолжениот викенд (20.03.2026 год. – 22.03.2025 година), поради верскиот празник Рамазан Бајрам, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред. „Работно време на билетарници и центри за персонализација Во петок (20.03.2026 год.) и недела (22.03.2026 год.) дежурна ќе биде билетарницата на Транспортен центар. Во сабота (21.03.2026 год.) билетарниците и центрите за персонализација ќе работат со вообичаеното работно време (во две смени од 08:00 – 18:00 часот, и тие што работат во една смена од 08:00 – 18:00 часот). Работно време на Жичница Жичницата за време на продолжениот викед…

Повеќе

Според последните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во 13 часот највисока температура е регистрирана во Демир Капија, каде се измерени 13.3 степени Целзиусови. Веднаш зад неа е Гевгелија со 13.2 степени, додека во Велес живата во термометарот се искачи до 12.9 степени. Во главниот град Скопје, односно на мерната станица Петровец, измерени се 12.1 степен, исто колку и во Кавадарци. Слични температури се забележани и во Струмица (11.9) и Штип (11.8). Од друга страна, зимата сè уште не попушта на планините. Најниска температура е измерена на Попова Шапка, каде се регистрирани -2.6 степени. Под нулата е и во…

Повеќе

Новоименуваниот Јавен обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески денеска, веднаш по свечената заклетва во Собранието, ја презеде функцијата државен јавен обвинител. Тој одржа работна средба за примопредавање на функцијата со досегашната вршителка на должноста, јавната обвинителка Анита Тополова – Исајловска. Исто така, на првиот работен ден на функцијата, Јавниот обвинител на РСМ Савески се сретна со јавните обвинители и со јавнообвинителските службеници во републичкото обвинителство, со кои разговараше за плановите и приоритетите во однос на функционирањето на јавнообвинителската организација.

Повеќе

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, денеска поделија повеќе од 50 пакети со прехранбени производи на сограѓани од исламска вероисповед. Акцијата е спроведена во пресрет на празникот Рамазан Бајрам, како симбол на солидарност и меѓусебна поддршка. Ѓорѓиевски истакна дека овој чин е потсетник на најголемата човечка вредност – хуманоста. Тој потенцираше дека помагањето е заедничка порака на сите религии и дека добрината ги прави луѓето посреќни и поисполнети. Во својата порака, градоначалникот упати честитки до верниците и изрази благодарност за негувањето на соживотот во главниот град. „Ви благодарам за вашиот…

Повеќе

Лишени од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило, од нив четири возеле без дозвола, а двајца под дејство на алкохол учествувале во сообраќајни незгоди Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило. Од нив четири управувале возило без возачка дозвола, еден управувал возило и покрај тоа што имал активна забрана и двајца управувале возило под дејство на алкохол. Две лица во тетовско возеле без возачка дозвола и по еден во Кавадарци и скопско Батинци. Едно лице во кумановско Доброшане управувало возило и покрај тоа што имало…

Повеќе

Вчера во 16:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на велосипедска патека кај автобуска постојка ул.„11 Октомври“ во Скопје, електричен тротинет, управуван од женско лице, удрил во 59-годишната А.К. од Скопје и го напуштил местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.К., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

СВР Велес поднесе известување против 17-годишник од Неготино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 21.08.2025, полициски службеници извршиле преглед кај малолетникот, при што била пронајдена и одземена марихуана. Тој претходно како сопатник на мопед се обидел да им побегне на полициски службеници, кои дале знак за запирање на мопедот.

Повеќе