Author: Author 04

Крвав напад ја потресе ирачката престолнина утрово, откако беспилотно летало директно погоди цел во близина на седиштето на ирачката разузнавачка служба. Во нападот животот го загубил еден офицер на службата, а властите настанот веднаш го оквалификуваа како терористички чин. Од разузнавачката служба порачаа дека овој напад е само „очајнички обид да се попречи нивната работа“ и ветија дека извршителите ќе бидат пронајдени и изведени пред лицето на правдата. Ова е втор инцидент со дрон во областа Ал-Мансур во само неколку часа, што дополнително ја вжештува атмосферата во регионот.

Повеќе

Владата на Црна Гора донесе радикална одлука за спас на стандардот на граѓаните – привремено се намалуваат акцизите на евродизелот за дури 50 проценти, додека кај бензините кратењето изнесува 25 проценти. Оваа мерка стапува на сила од понеделник на полноќ. Без оваа интервенција, Црногорците ги чекаше вистински шок: дизелот требаше да поскапи за неверојатни 33 евроценти, а бензините за 22 центи. Со новата одлука, наместо енормно поскапување, цените ќе се зголемат само симболично за четири до шест евроценти по литар.

Повеќе

Вчера во 21:10 часот, во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишија од слобода А.Б.(47) и М.М.(37), двајцата од Кавадарци. При претрес во дом и помошни простории на А.Б., извршен со наредба од Основен суд Кавадарци, каде бил затекнат и М.М., била пронајдена и одземена марихуана. Тие биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Повеќе

Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди. Попладне наместа ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, соопшти УХМР. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Во почетокот на новата седмица ќе има услови за повремени локални врнежи од дожд. Кон средината на неделата ќе преовладува стабилно и потопло време со пораст на дневната температура. Во четврток ќе дува засилен ветер од јужен правец. Во текот на ноќта кон петок и во петок под влијание на влажен бран на повеќе места се очекуваат врнежи од…

Повеќе

ОВЕН Со Сонцето кое денес официјално влегува во вашиот знак, се отвора вратата за вашиот најмоќен период во годината. Вниманието на околината е насочено директно кон вас, а вашата харизма е на врвот. Ова е идеален ден за нови почетоци и донесување одлуки кои долго сте ги одлагале. Поддршката од Марс и Јупитер ви носи дополнителна храброст, но Месечината во Бик ве потсетува: сонувајте големо, но градете на цврсти темели за плановите да бидат долгорочни. БИК За вас денес фокусот е свртен кон внатрешноста. Додека Сонцето во Овен ве поттикнува на подготовка и размислување за следните големи чекори, Месечината која…

Повеќе

Министерството за внатрешни работи информираше за посебен режим на сообраќај утре во Скопје. Како што посочија од МВР, утре во периодот во 07:30 до 11:30 часот ќе се одржи атлетска улична трка со стартно-целна позиција на бул.„Јане Сандански“ при што натпреварувачите ќе се движат на дел од булевар „Јане Сандански“ на потегот од крстосница со булевар „Србија“ и булевар „Видео Смилевски Бато“ до крстосница со улица „Владимир Комаров“, на дел од улица „Васко Карангелевски“ на потегот од крстосница со булевар „Јане Сандански“ до крстосница со булевар „АСНОМ“ и на дел од булевар „АСНОМ“ на потегот од крстосница со булевар „Киро…

Повеќе

Скопската зоолошка градина беше место на несекојдневен и крајно разочарувачки инцидент. Познатиот зоонегувател Војо Иванов преку социјалните мрежи сподели вест која ги остави граѓаните во неверување – дел од посетителите решиле да ги присвојат подароците наменети за роденденот на мајмунот Мики. „Правевме роденден на мајмунот Мики. Повеќе од пола подароци му ги украдоа гости (луѓе!!!) – на мајмунот!!! Толку имам да кажам“, напиша разочараниот Иванов. Оваа објава предизвика лавина од негативни коментари и осуда за однесувањето на поединци кои не покажале ниту малку почит кон животните и трудот на вработените во Зоо Скопје.

Повеќе

Вчера во 17:20 часот на булевар ,,Гоце Делчев” во Штип, од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Сектор за сообраќајни работи со помош на специјално возило пресретнувач на Министерството за внатрешни работи измерена е брзина на движење на патничко моторно возило ,,голф” со штипски регистарски ознаки од 105 километри на час во населено место каде што максималната дозволена брзина е 50 километри на час.Против возачот С.И. (21) од Штип се преземени соодветни мерки и ќе се соочи со законски предвидената санција.Сообраќајните контроли со специјалните возила пресретнувачи продолжуваат и во наредниот период на…

Повеќе

САД и Израел се наполовина од втората фаза во воената интервенција во Иран, проценуваЗлатко Кузманов, доктор по безбедносни науки, Претседател на Здружението центар заинтегрирана безбедност, кој во интервју за Прес 24 вели дека може да изводи четири фази одсценариото за војната во Иран.Веројатно е изненадувачки за САД и Израел, што во оваа фаза од војната не се манифестирамасовно незадоволство кај иранското население, односно дека владеачкиот режим во Иран, сеуште со цврста рака и со репресивни мерки ја држи под контрола, ситуацијата во нивните градови и покраини. Исто така, резевираното држење на поедени курдски и други антиирански/антирежимски вооружени фракции и групи,…

Повеќе

Ученици од државното средно стручно училиште „Партенија Зографски“, наменето за деца со посебни образовни потреби, беа во едукативна посета на производствените капацитети на БРАКО. Станува збор за девет ученици од образовните профили машински техничар и бравар/заварувач, кои имаа можност одблиску да се запознаат со современите индустриски процеси и технологии што се применуваат во компанијата. За време на посетата тие го разгледаа процесот на производство на возилата за урбано чистење од брендот Green Machines, каде се произведуваат возила на водороден, електричен и касичен погон, како и секторот за тешки метални конструкции. Посебен интерес кај учениците предизвикаа монтирањето на возилата и роботизираните системи за заварување. Учениците покажаа голем интерес за техничките…

Повеќе