Author: Author 04

ПР-от на СДС е под надворешно влијание под палката на Башановиќ екс советникот на Зоран Заев. СДС и Филипче се опседнати со Србија бидејќи Башановиќ екс советникот на Зоран Заев го води ПР тимот на СДС. Башановиќ е контроверзна личност и лице со контроверзно минато со матни бизниси од областа на енергетиката, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. „Башановиќ има контроверзен профил, тој е естраден турбофолк менаџер и сопственик на телевизија во Србија, човек кој е апсен за крадење облека во САД. Тој е избркан од СНС затоа што склучувал милионски договори во сомнителни комбинации. Башановиќ е личност која му…

Повеќе

Иако сме календарски во пролет, утрово делови од Македонија се разбудија со температури под нулата. Најстудено беше во Берово и на Попова Шапка каде се измерени -4 степени Целзиусови. Минусни температури се забележани и во Лазарополе (-1), додека во Струмица и Маврово е измерена нула. За разлика од нив, најтопло утрово беше во Велес со измерени 7 степени. Дневните температури сепак ќе бидат во пораст, но со најава за локални врнежи во попладневните часови. „Најниска температруа од -4 степени Целзиусови утрово е измерена во Берово и Попова Шапка, -1 во Лазарополе, 0 во Струмица и Mаврови Анови… Највисока снежна покривка…

Повеќе

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во текот на изминатата недела спречи влез на 50 тони небезбедна храна на македонскиот пазар. При контрола на граничните премини, инспекторите стопирале пратки со месо и јаткасти плодови кои не ги исполнувале безбедносните стандарди. На граничниот премин Ќафасан е забранет увоз на 27 тони говедско мелено месо со потекло од Парагвај. Проверката во системот на АХВ покажала дека месото потекнува од објект кој нема одобрение од македонските власти. „Одлуката за забрана за влез на месото во нашата држава е донесена по направената проверка во информативниот систем на АХВ и на увознатата документација според која…

Повеќе

Денеска точно напладне, Владата ќе одржи клучна седница на која главна точка ќе биде ублажувањето на ценовниот шок кај нафтените деривати. Иако Македонија моментално има најевтини горива во регионот, растот на светските берзи поради конфликтите на Блискиот Исток наметнува потреба од итна интервенција. Како што брифираат од Владата, целта е да се спречи најавениот дополнителен раст на цените на дизелот и бензините кој се очекува веќе од утре (понеделник). Ова доаѓа по веќе енормното зголемување на дизелот за 21 денар и на бензините за 12 денари по литар во последниот период.

Повеќе

Македонија денеска ќе биде под влијание на променлива облачност, но со повремени сончеви интервали. Како што соопшти УХМР, во попладневните часови на одредени места ќе има услови за појава на локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурите наутро беа прилично ниски и се движеа од -3 до 4 степени, додека максималните дневни ќе достигнат до пријатни 17 степени во најтоплите делови од земјата. Во Скопје времето ќе биде слично, со максимална температура до 15 степени.На почетокот на новата седмица ќе има услови за повремени локални врнежи од дожд. Кон средината на неделата ќе преовладува…

Повеќе

На телевизија Алфа во емисијата „Вечерното шоу на Богдан Илиевски“ гостуваше Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ кој дискутираше за евроинтегративниот пат на Македонија и блокадите од страна на Бугарија. „Кога Македонија требаше да го смени Уставот, да го смени името за да влезе во НАТО и во Европска Унија, Софија немаше никаков проблем со ништо во рамки на добрососедството, кога влегуваше Македонија во НАТО немаше никаков проблем од страна на Бугарија, од тогаш навака на три пати се појавува. Колку отворањето на Уставот сега понатаму ќе биде решение за тоа, и ќе се остава простор Софија во секои наредни предизборија да…

Повеќе

Лишени од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило, 11 од нив возеле без положен возачки испит Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив 11 управувале возило без возачка дозвола, двајца управувале возило и покрај тоа што имале активна забрана и тројца управувале возило под дејство на алкохол. Во Скопје пет лица возеле без возачка дозвола, по еден во гостиварско, Македонски Брод, Градско, Росоман, Велес и Чашка. По едно лице во Кавадарци и Демир Хисар управувале возило и покрај тоа што имале активна забрана.…

Повеќе

Шест лица се лишени од слобода за семејно насилство, изминатото деноноќие, а вкупно имало седум пријави, информира денеска Министерството за внатрешни работи. Полициски службеници од СВР Куманово синоќа во 23:50 часот го лишиле од слобода Н.Д.(44) од Куманово, затоа што физички ја нападнал неговата 32-годишна сопруга. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. Полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово вчера во валандовско село лишиле од слобода 29-годишен жител на тоа село, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 26-годишна сопруга. Известен е јавен обвинител…

Повеќе

Во СВР Скопје вчера од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ Скопје е пријавено дека кај нив со повреди-изгореници бил донесен З.А.(60) од Неготино, вработен во „Македонски Железници“. Според пријавеното, З.А. со повредите се здобил од струен удар, додека извршувал работни задачи во Скопје. Увид извршиле полициски службеници од СВР Скопје и за настанот бил известен трудов инспектор. 

Повеќе