- Денеска „АЛТА банка“ АД Битола им изврши исплата на 360 граѓани од Прилеп, Охрид и Ресен
- Не застанал на полициска наредба, па со „мерцедес“ удрил полицаец
- ЕУ воведува ограничување за токсинот цереулид во храната за бебиња
- Сали: Исполнувањето на Реформската агенда е вложување во довербата на граѓаните и во нашата европска иднина
- 17 лица уапсени во изминатото деноноќие поради безобѕирно управување со моторно возило
- Хакиран мејлот на министерот за здравство на Грција – во негово име „нарачале“ 200 луксузни автомобили и 25 оружја
- Мицкоски: Продолжуваме со реформите за економски развој и подобар животен стандард
- Го признал делото во полиција: Лице од Радовиш се заканувало на странски јазик во амбасада во земјава
Author: Author 04
Вчера во 15:50 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Р.С.(26) од Скопје.Тој, за време додека користел отсуство од Казнено – поправната установа Затвор Идризово, каде издржувал казна затвор од пет години, во Охрид се сретнал со неговата поранешна девојка, по што физички ја нападнал. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена содветна пријава.
Вчера во 14:30 часот во струшкото село Радоджа, од слобода е лишен А.С.(56) од Германија поради сомнение дека сторил кривично дело „неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства“ согласно член 350 од Кривичниот законик. Тој бил затекнат како со дрон ја снимал караулата во селото Радожда, сопственост на АРСМ, место што е во забранета зона за снимање. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, по што ќе следува соодветна пријава.
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, изјави дека очекува што е можно побрзо да се изнајде решение за носење на пакетот од три закони за високото образование кои во моментов се блокирани во собраниска процедура преку Бадентеровото мнозинство. Станува збор за Законот за високо образование, Законот за научно-истражувачка дејност и Законот за квалитет во високото образование. Јаневска порача дека со задоволство прифаќа да дискутира на уште една јавна расправа во Собранието за да се усвојат овие законски измени, нагласувајќи дека „секој изгубен ден е изгубен ден за младите луѓе во оваа држава“. На денешната прес-конференција, таа подвлече дека предложените…
Вкупно осум пожари на отворен простор се регистрирани до 13:00 часот, од кои два се активни, еден е под контрола, а пет се целосно изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни жаришта во моментов има на територијата на општина Македонски Брод и општина Гостивар. Во Македонски Брод се интервенира кај селото Грешница, на местото викано Стојанова Населба, каде што горат ниска вегетација, деградирана шума и грмушки. Вториот активен пожар е во Гостивар, во близина на селото Падалиште, каде што е зафатена ниска вегетација и нискостеблеста шума. Пожарот во Општина Делчево, кој избувна кај градската депонија, е целосно ставен…
Новата учебна 2026/2027 година ќе започне со значително помал број ученици во клупите, со оглед на тоа што е регистриран драстичен пад на запишани првачиња во споредба со минатата година. Бројките за средните училишта сè уште не се конечни бидејќи претстои третиот уписен рок, каде што намалувањето е помалку изразено. Сепак, состојбата во основните училишта е алармантна, соопшти министерката за образование и наука, Весна Јаневска. -Бројот не е дефинитивен затоа што уште ќе се запишуваат, дел од нив не се пријавени. Се надевам дека малку ќе опадне таа бројка, која е страшно голема во однос на демографијата. Жал ми е…
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) попладнево издаде кратка информација за моменталната временска состојба во земјава. Според соопштението од УХМР, на повисоките места и на планините е забележана дестабилизација на атмосферата. „Во планинските делови нестабилно со пороен дожд и ретки грмежи“, соопшти УХМР.
Вчераво Охрид, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид ги лишија од слобода Р.С.(50) и С.Б.(46), двајцата од Охрид. При претрес во домот на Р.С., извршен по судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана, две дробилки со остатоци од марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Додека, при претрес во домот на С.Б., извршен исто така со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана, шприц исполнет со кафеава материја, дробилка со остатоци од марихуана и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. По целосно документирање на настаните,…
Инфлацијата и цените на производите во земјава се под контрола и засега нема потреба од нови мерки, оцени заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески. Тој посочи дека Владата ги намалила акцизата и ДДВ-то за горивата, а фокусот е цената на дизелот да остане пониска од соседните земји во регионот. Ристески нагласи дека за секоја следна чекор се потребни детални анализи со цел да се заштити куповната моќ на граѓаните. „Ние гледаме тоа ниво на цената на горивата да го одржиме пониско во однос на соседните држави и да не предизвикаме еден импут кој би бил галопирачки во однос на…
Според православниот календар, денеска се одбележува споменот на Светата маченичка Христина, која за својата вера пострадала во 3 век. Света Христина била родум од градот Тир и била ќерка на царскиот намесник Урбан. Заради нејзината вонредна убавина, нејзиниот татко на единаесетгодишна возраст ја сместил во кула со сребрени и златни идоли. Преку набљудување на природата и преку небесно провидение, таа дошла до вера во едниот Бог и ги искршила сите идоли во нејзините одаи, што предизвикало жестока реакција кај нејзиниот татко. Откако ја извел на суд и ја предал на мачења, нејзиниот татко Урбан ненадејно починал истата ноќ во затворот…
Поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа, утре (7 август 2026 година) без струја ќе останат жители на неколку населени места во општините Гази Баба, Бутел и Кисела Вода. Од 06:00 до 10:00 часот, прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има за корисниците од Колонија Идризово и дел од Јурумлери во општина Гази Баба. Во општина Бутел, во периодот од 08:30 до 12:30 часот, без струја ќе бидат жителите на селата Раштак, Љуботен, Љубанци, како и дел од селото Булачани. Прекин е најавен и за корисниците во општина Кисела Вода. Во периодот од 09:00 до 12:00 часот, без напојување…
