Author: Author 04

Цените на нафтата на светските берзи продолжуваат со вртоглавиот раст, а минатата недела на лондонскиот пазар беше забележан скок од дури 8,8 проценти, достигнувајќи цена од 112,19 долари за барел. Главната причина за овој тренд е ескалацијата на кризата на Блискиот Исток и неможноста за непречен извоз преку клучниот Ормуски теснец. Додека американскиот пазар бележи благ пад поради зголемените внатрешни залихи, Европа е во паника бидејќи е директно зависна од нафтата која доаѓа од овој кризен регион. „Од почетокот на годината, цената на нафтата во Лондон порасна за неверојатни 83 проценти. Доколку нарушувањето на извозот продолжи, аналитичарите на ’Сити’ предупредуваат…

Повеќе

ОВЕН: Динамична комуникација и нови идеи Денот ви носи многу движење и разговори. Месечината во Близнаци ве поттикнува да учите и да разменувате мисли повеќе од вообичаено. Благодарение на поддршката од Плутон во Водолија, денес преку пријател може да дојдете до клучна информација која ќе ви помогне да донесете важна одлука. БИК: Стабилност преку добра организација Вашиот фокус е насочен кон ресурсите и практичните задачи. Со Месечината во Близнаци, денес ќе бидете исклучително активни во организирањето на секојдневието. Плутон во Водолија ви носи корисни информации кои можат значително да ја подобрат вашата професионална позиција. БЛИЗНАЦИ: Време е за акција и…

Повеќе

Во текот на продолжениот викенд 19/22.03.2026 полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево при СВР Скопје спроведоа зајакнати мерки и активности за санкционирање на непочитувањето на законите, пред се околу точењето на алкохол на малолетници. Контролирани се 12 угостителски објекти на територија на Аеродром, а во три објекти затекнати се малолетници послужено со алкохолни пијалоци. По документирање на случаите ќе бидат поднесени кривични пријави по член 204 од КЗ “точење алкохол на малолетници”.

Повеќе

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски, во следните два дена ќе престојува во дводневна работна посета на Брисел. Во рамки на посетата, министерот Муцунски ќе оствари средби со еврокомесарката за проширување, г-ѓа Марта Кос, како и со извршната потпретседателка на Европската комисија за социјални права и вештини, квалитетни работни места и подготвеност, г-ѓа Роксана Минзату. Воедно, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, г. Цветан Трипуновски, ќе оствари средба и со генералната директорка за земјоделство и рурален развој при Европската комисија, г-ѓа Елизабет Вернер. За време на престојот во Брисел, предвидени се…

Повеќе

Екс градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, денеска ги сподели најубавите вести со јавноста – тој наскоро ќе се оствари во улогата на родител. Преку емотивна објава на социјалните мрежи, Костадинов откри дека со неговата сопруга го очекуваат нивното прво дете, синот Никола.„Во ова мое животно патување, исполнето со подеми и падови, победи и порази… научив многу.Кариерата ме градела, животот ме калел, искуствата ме менувале. Но ништо… баш ништо не може да се спореди со чувството што доаѓа сега. Најголемиот успех во мојот живот не е титула, не е позиција, не е постигнување.Најголемиот успех е да станеш родител. Да станеш татко.…

Повеќе

Регионот се соочува со сериозни прекини во товарниот сообраќај. Како што дознаваат здруженијата на превозници, од утре, понеделник (23 март), транспортерите од Босна и Херцеговина започнуваат масовен протест поради проблемот со ограничениот престој на професионалните возачи во Шенген зоната. Блокадите ќе започнат точно во 07:00 часот наутро и ќе ги опфатат сите гранични премини наменети за камиони, вклучувајќи ги и оние со Србија. „Протестот е реакција на нехуманиот третман и ограничувањата кои ги оневозможуваат возачите од Западен Балкан нормално да ја извршуваат својата работа. Доколку не се донесе итно решение, на 14 април на протестот ќе се приклучат и српските…

Повеќе

Вчера околу 21:21 часот во СВР Скопје е пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, едно лице со закана со пиштол се обидело да го одземе дневниот промет, но откако не успеало во намерата, физички го нападнало сопственикот на објектот З.В.(61). Во 21:48 часот е пријавено дека во спортска обложувалница на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, едно лице со закана со пиштол кон вработената, одзело пари од дневниот промет, а во 22:25 часот дека во казино на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, едно лице со закана со пиштол кон вработената се обидело да…

Повеќе

Лишени од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило, осуммина од нив возеле без положен возачки испит, меѓу нив еден малолетник Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив, осум управувале возило без возачка дозвола, од кои еден малолетник, еден управувал возило и покрај тоа што имал активна забрана, четворица управувале возило под дејство на алкохол и еден возач го управувал возилото со поголема брзина од дозволената. Две лица во Кавадарци, еден малолетник во Тетово и по еден возач во Скопје, радовишко, Гостивар, Битола и…

Повеќе

На 22.03.2026 во 00:30 часот во гостиварско село, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода Б.С.(43) од гостиварско, постапувајќи по претходна пријава од неговата 40-годишна сопруга дека физички ја нападнал во домот. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава. На 21.03.2026 во 16:20 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино лишија од слобода 73-годишен неготинец, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 72-годишна сопруга, при што употребил и тврд предмет, а и се заканувал и на 26-годишната ќерка. При преземање мерки било констатирано дека бил под дејство на алкохол, односно кај…

Повеќе

Дигиталниот гигант „Мета“ донесе одлука која ги згрози експертите за безбедност и милиони корисници ширум светот. Почнувајќи од 8 мај 2026 година, приватните пораки (DM) на Инстаграм повеќе нема да бидат заштитени со т.н. „end-to-end“ енкрипција. Ова значи дека содржината на вашите разговори повеќе нема да биде видлива само за вас и вашиот соговорник, туку компанијата повторно ќе има техничка можност да пристапува до нив. „Оваа технологија досега овозможуваше целосна приватност – дури ни самата компанија не можеше да ги чита пораките. Со нејзиното укинување, Meta повторно ќе има можност да ја анализира содржината на разговорите“, велат упатените. Официјалното образложение…

Повеќе