- Мицкоски: Од утре почнува реконструкцијата на владата
- Бугарија е против некои санкции на ЕУ кон Русија, вели шефицата на бугарската дипломатија
- Мицкоски за спорот со Бугарија: Нема пазарење со нашиот македонски идентитет
- Мицкоски: Почнавме од нула, денес градиме модерна Македонија
- Руте: Се намалува бројот на војници на КФОР
- Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ беше под жесток политички прогон, но денес е посилна од кога било
- Мицкоски: Секогаш кога сакаа да ја уништат, ВМРО се враќаше посилна
- Дански баталјон ќе биде распореден во Летонија за одвраќање на Русија
Author: Author 04
Измената што денеска ја донесе Регулаторната комисија за енергетика не е само техничка корекција на правилник, туку признание дека неделниот модел веќе не е доволен кога државата среде ценовен шок интервенира со даноци. Со новиот правилник од 23 март, РКЕ ја усогласи формулата со намалениот ДДВ за горивата од 18 на 10 отсто, но уште поважно, внесе и нова можност: меѓу две редовни седници да може да се свика вонредна седница и да се донесе нова одлука за цените ако се сменат даноци, такси или надоместоци што влегуваат во пресметката. Ова е второ отворање на истиот правилник за неполни три…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Тетово порача дека граѓаните и бизнисот треба да бидат спокојни, бидејќи Владата презема „робусни“ мерки за заштита на стандардот. Со одлуката за намалување на ДДВ-то на горивата од 18% на 10%, цените на бензинските пумпи се намалени за дополнителни 6,5 до 7 денари по литар, што носи дневна заштеда од над 200.000 евра за македонските семејства. Мицкоски потенцираше дека доколку се интервенираше само во акцизите, намалувањето ќе беше незначително, па затоа е избрана оваа посилна интервенција директно преку буџетот. „Ние сме една од ретките влади во Европа која директно од буџетот го поддржува стандартот на…
По повод Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски денеска испрати силна порака за инклузивност и емпатија од Скопската зоолошка градина. Заедно со здруженијата „Видлива поддршка“ и „Трисомија 21“, беа засадени дрвца како симбол на раст, надеж и свет во кој секое дете има право да биде прифатено и сакано. Ѓорѓиевски истакна дека грижата за еднакви можности не е само еднодневен настан, туку секојдневна борба за похумано општество. „Секое дрво што го засадивме денес е моќна порака дека градењето заедница значи да оставиме простор за сите. Инклузивноста значи отворени врати и искрена поддршка во…
Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, преку социјалните мрежи објави алармантни податоци по извршената контрола на боледувањата кај вработените во МВР. Резултатите се шокантни: од 514 контролирани боледувања, дури 100 биле неуредно издадени, што значи дека секој петти полицаец кој бил на „поштеда“ – тоа го направил незаконски. Контролата на ФЗО, побарана директно од МВР, открива дека 37% од испитаните лица користеле сомнителни боледувања за да избегнат работни обврски. „Ова е дел од пошироката акција за ставање крај на злоупотребите во јавниот сектор, каде надоместоците за боледување достигнуваат и до 100%. Нема повеќе толерирање на фиктивни дијагнози“, порача…
Вториот ден од работната посета на Брисел за министерот Тимчо Муцунски ќе биде исполнет со низа средби на највисоко ниво. Покрај учеството на тркалезната маса „Патот на европското проширување“, предвидени се клучни разговори со еврокомесарката за проширување Марта Кос и потпретседателката на ЕК, Роксана Минзату. Посебен акцент ќе биде ставен на секторската соработка, каде Муцунски, заедно со министерот за земјоделство Цветан Трипуновски, ќе разговара со генералната директорка за земјоделство при ЕК, Елизабет Вернер. Клучни точки на разговорите: Забрзување на пристапниот процес и надминување на пречките. Усогласување со европските стандарди во економијата и политиката. Директни средби за земјоделство и социјални права.…
На предлог на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, два нови пилота успешно ја завршија преобуката во Шпанија за дејство со противпожарните авиони „ер трактор“ на ДЗС со што се стекнаа со сертификат за оспособеност за летање во сите услови за гаснење пожари на отворено. Со ова, по синоќешното враќање на пилотите од Шпанија, ДЗС ќе ја пречека претстојната летна сезона на пожари на отворено со вкупно пет пилоти коишто имаат светски признати дозволи да летаат со противпожарни авиони какви што поседува ДЗС, „ер трактор“ амфибија (што можат да полнат вода и од езера). Конкретно, од…
Опозициската СДСМ денеска упати сериозни обвинувања до претседателот на Советот на Народната банка, Трајко Славески, тврдејќи дека тој свесно и незаконски ја блокира постапката за избор на нови вицегувернери. Портпаролката Богданка Кузеска обелодени дека мандатот на двете вицегувернерки е истечен уште од минатата година, а законскиот рок за нов избор (22 декември 2025) е одамна поминат. Според СДСМ, со ова директно се прекршува Член 55 од Законот за Народна банка, со што се доведува во прашање легитимитетот на одлуките на оваа клучна институција. „Дали Славески намерно ја кочи постапката за да протне партиски кадри? Народната банка е место за професионалци,…
Обидот на босанските транспортери за масовна блокада на граничните премини со Хрватска денеска се соочи со силен отпор од безбедносните сили. Иако Конзорциумот „Логистика БиХ“ повика на тотален прекин на товарниот сообраќај, полицијата на Република Српска и неколку кантони во Федерацијата експресно ги забранија протестите за да спречат хаос во транспортот на стоки. Главниот координатор на протестот, Велибор Пеулиќ, потврди дека возачите се соочиле со сериозни проблеми при обидот да ги паркираат камионите. „Успеавме да го блокираме само граничниот премин Свилај. На другите локации полицијата едноставно не ни дозволи да пристапиме. Ова е борба за нашиот опстанок, но институциите наместо…
ВМРО-ДПМНЕ денеска упати тешки обвинувања до опозициската СДСМ, барајќи одговори за финансиските текови на парите од озлогласената афера „Рекет“. Валентин Манасиевски, член на ЦК на партијата, јавно запраша дали еден и пол милион евра од овие пари завршиле кај Зоран Башановиќ, кој сега се јавува како главен стратег за односи со јавноста на партијата предводена од Венко Филипче. Манасиевски се повикува на информации од српски медиуми и инкриминирачки разговори во кои Башановиќ наводно најавувал дека „дошло време да се наплати“. „Башановиќ, кој е куќен пријател на Заев, сега е шеф на центарот за лаги на СДС. Српските медиуми одамна го…
Времето утре променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во планинските региони ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец, соопшти УХМР. Во Скопје, променливо облачно. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Во среда и во четврток ќе преовладува стабилно и суво време. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец. Од четврток ноќта до крајот на викендот под влијание на циклонска активност, следува период на нестабилно време со локални врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни, а ќе има и услови за појава на ретки грмежи. На планините и…
