- Мисајловски на состаноци на НАТО во Брисел: Одбраната, инвестициите и Украина во фокусот
- Жолто предупредување во Хрватска, силно невреме – Дождот доаѓа и кон Македонија
- Многу топло од рано наутро – Температурите во градовите низ Македонија, од утре пак невреме
- Клубот на истражувачи со нова сесија во Народната банка
- Прекин од 9 часот – Улица во Скопје останува без вода
- Градинка за секое дете – Конференција во Скопје
- Ќе нема струја до 13 часот – Исклучувања во неколку места низ Скопје
- Беше избрана со 56 гласа „за“ и еден „против“ – Зајковска официјално стапува на должност во ДКСК
Author: Author 04
Утрово Израел се соочи со шестиот бран ирански напади од полноќ, при што ракета со моќна боева глава од 100 килограми директно погоди улица во срцето на Тел Авив. Експлозијата предизвика огромна материјална штета врз три згради и целосно уништи повеќе возила. Само вистинско чудо и навремената реакција на граѓаните спречија претворање на овој напад во масовна трагедија. „Штетата е огромна, ова беше директен удар. Среќна околност е што ракетата падна на средина на патот, а не директно врз станбена зграда“, изјави командантот на округот, Хаим Саргароф.
Страшен потрес со јачина од дури 7,6 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран на дното на Тихиот Океан, во непосредна близина на архипелагот Тонга. Според првичните податоци од Американскиот институт за геофизика (USGS), епицентарот на овој моќен земјотрес бил на длабочина од 238 километри под морското дно. Иако длабочината на потресот вообичаено го намалува ризикот од катастрофално цунами, силниот интензитет предизвика паника кај населението на околните острови. „Се работи за исклучително силен потрес. Локалните власти го следат движењето на морето, иако засега нема официјално предупредување за голем бран. Жителите се повикани на претпазливост“, пренесуваат светските агенции.
По вчерашниот краткотраен пад, цената на црното злато утрово повторно бележи вртоглав раст на азиските берзи. Нафтата од типот Брент од Северното Море поскапе за 2,9 проценти и веќе се тргува за 102,84 долари за барел, враќајќи го притисокот врз глобалната економија. Сличен тренд е забележан и кај американската лесна нафта (WTI), која поскапе за дури 3,5 отсто, достигнувајќи цена од 91,20 долари. „Пазарите реагираат нервозно. Иако вчера имаше олеснување по најавите од Вашингтон, денешните бројки покажуваат дека неизвесноста е сè уште присутна и секоја промена во реториката веднаш се одразува на цената“, велат берзанските аналитичари.
Овен Динамика и нови идеи Денот ви носи исклучително динамични разговори и свежи идеи кои можат да ви го променат правецот на размислување. Месечината во Близнаци ве поттикнува да се поврзете со луѓе кои располагаат со клучни информации или корисни совети. Благодарение на Венера во вашиот знак, зрачите со посебен шарм и леснотија во комуникацијата, па секој разговор денес е потенцијална шанса за успех. Бик Стабилност преку работа Денешниот фокус е насочен кон практичните задачи и зацврстување на вашата стабилност. Месечината во Близнаци носи зголемена активност и чести разговори поврзани со вашите работни ресурси или финансии. Немојте да се изненадите…
Црна вест доаѓа од селото Трешњевица, во близина на српскиот град Ивањица, каде згасна млад живот поради кобна грешка. 12-годишно момче го загуби животот откако, помагајќи им на своите родители во земјоделските работи, се напило од пластично шише мислејќи дека во него има сок. Наместо освежување, во шишето имало силен отровен раствор наменет за сузбивање на корови во овоштарникот. Иако момчето се борело за живот во болниците во Ивањица и Белград, лекарите за жал не успеале да го спасат. „Семејството е скршено од болка, а мештаните се во неверување. Станува збор за вредни и чесни луѓе, а малиот сакал само…
Вчера во 16:15 часот во СВР Куманово Т.Р.(50) од Куманово, тренер на фудбалски клуб од Куманово, пријави дека на стадион во Куманово, додека траел фудбалски натпревар бил физички нападнат од С.Т.(37) и неговиот малолетен син, кој е играч во фудбалскиот клуб. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска одржа работна средба со претставници на Националната алијанса за ретки болести, која обединува над 15 здруженија на пациенти. На средбата се разговараше за актуелните предизвици со кои се соочуваат лицата со ретки болести, вклучително и потребата од навремена и континуирана терапија, унапредување на институционалната комуникација, како и зајакнување на довербата и соработката меѓу Министерството и пациентските организации. Министерот Алиу нагласи дека Министерството за здравство останува целосно посветено на обезбедување одржлив и предвидлив систем за набавка на терапија за пациентите со ретки болести, при што новиот модел со тригодишни постапки за јавна набавка има за…
Регионот е во неверување по веста дека во болницата во Вировитица, Хрватска, жив пациент бил официјално заведен како починат поради неверојатна грешка во идентитетот. Хрватското здружение за промоција на правата на пациентите остро реагираше, нарекувајќи го овој настан „незамислив и неприфатлив во 21 век“. Грешката настанала при внесување на личните податоци и матичниот број (OIB), по што пациентот бил регистриран под туѓи здравствени информации. „Ова е најсериозно кршење на достоинството и безбедноста. Постоечките системи не се сигурни, контролите не функционираат, а протоколите за идентификација очигледно не се спроведуваат“, порачаа од Здружението.
Се потврди она што претседателот на СДСМ, Венко Филипче го предвиде и за што предупредуваше цело време. Еден ден по прес конференцијата на Христијан Мицкоски имаме ново покачување на цената на дизелот од 3,5 денари, велат од СДСМ. „Поскапувањето не се спречи, дизелот поскапе и од ноќеска цената на дизелот ќе биде 95,5 денари за литар. За само три недели, ова е трето покачување на цената на дизелот, при што вкупното зголемување достигна 24,5 денари по литар. Намалувањето на ДДВ од 18% на 10% нема ефект, граѓаните плаќаат поскапо гориво, но најлошото е со ова поскапување ќе продолжи растот на…
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во рамки на работната посета на Брисел оствари средба со еврокомесарката за проширување, Марта Кос. На средбата стана збор за текот на пристапниот процес, реформската агенда на државата, како и за имплементацијата на Планот за раст. Поздравувајќи ја конструктивната и отворена соработка со Европската комисија и нејзините служби, министерот Муцунски нагласи дека Владата останува целосно ангажирана во остварувањето напредок во интегративниот процес и целосно мобилизирана во исполнувањето на ЕУ реформите и преземените обврски во рамки на Реформската агенда. Во таа насока, беше поздравен и напредокот во повеќе иницијативи што носат…
