- СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ нема пари за плати и лекови, а има за да ги слави неуспесите
- Истури дожд во Гевгелија – УХМР со убави вести за денеска
- Апсење на Бит Пазар
- Мисајловски на состаноци на НАТО во Брисел: Одбраната, инвестициите и Украина во фокусот
- Жолто предупредување во Хрватска, силно невреме – Дождот доаѓа и кон Македонија
- Многу топло од рано наутро – Температурите во градовите низ Македонија, од утре пак невреме
- Клубот на истражувачи со нова сесија во Народната банка
- Прекин од 9 часот – Улица во Скопје останува без вода
Author: Author 04
Министерот за здравство, Азир Алиу денеска ја посети Универзитетската клиника за очни болести по повод успешно реализирани трансплантации на рожница, во соработка со тим експерти од Америка. -Во рамки на посетата на експертите од САД, успешно се реализирани вкупно 16 трансплантации на рожница. Оваа посета претставува значајно продлабочување на соработката што ја воспоставивме со нив при првата посета, кога беа поставени темелите на ова партнерство. Со оваа втора фаза, не само што продолжуваме со зголемен обем на интервенции, туку и дополнително ги зајакнуваме капацитетите на домашните тимови, преку трансфер на знаење и примена на најсовремени, минимално инвазивни техники. Особено значајно…
И покрај обврските и предизвиците во Буџетот, Владата ги следи состојбите, презема внимателно мерки и одлучува навремено. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска којашто учествуваше на денешната конференција „Централното банкарство во услови на постојани светски промени: поттикнување стабилност, иновации и издржливост“ во организација на Народната банка.„Притисокот што го имаме за сервисирање на обврските во наредните пет години се над осум милијарди евра и тоа е сериозен предизвик и сериозен притисок којшто го чувстува оваа Влада, затоа што ако се погледат податоците година за година ќе се види дека обврските за сервисирање се на историски највисоко ниво. Дополнително, за споредба ако во…
СВР Битола поднесе кривична пријава против М.Ф.(59), М.Р.(48), Д.Ф.(45) и Ј.Ф.(41), сите од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна верска и друга дискриминаторска основа“ и „поттикнување“. На 03.02.2026 на пат во близина на Битола и во Битола, пријавените организирале ненајавен собир, каде со поголема група на граѓани го блокирале сообраќајот и упатувале закани кон припадници на Министерството за внатрешни работи. Истиот ден во домот на четвртопријавениот во Битола, третопријавениот упатувал навреди кон министерот за внатрешни работи, при што четвртопријавениот го снимал со мобилен телефон.
Вчера во 23:00 часот во СВР Скопје од Градската општа болница „8 Септември“ е пријавено дека кај нив бил донесен Ф.Љ.(23) од с.Кондово, скопско, со повреди нанесени од остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали се размислува на владина седница за ослободување на резервите на мазут за потребите за производство на струја, изјави: „Во овој момент размислуваме, но исто така добивме информација и дека оние количини коишто требало да се повлечат на крајот од минатата година кога беше прогласена кризната состојба, негде околу 3.000 тони, не се целосно повлечени. Така што можеби ќе ја оживееме, еве би рекол таа одлука да се повлечат тие количини, па потоа евентуално би оделе со нова одлука. Инаку денеска сум…
Вчера во 13:00 часот, полициски службеници од ОВР Демир Хисар го лишиле од слобода Н.Д.(33) од с.Сопотница, демирхисарско. Имено, врз основа на наредба од Основен суд Битола, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошни простории, сопственост на Д.Д(64) од с.Сопотница, Демир Хисар, кои ги користи Н.Д., при што биле пронајдени две ловечки пушки, муниција за ловечка пушка. По документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали е договорено намалување на цената на горивата со ОКТА, изјави: „Да во текот на вчерашниот ден, министерката за енергетика, минерални суровини и рударство имаше разговор до генералниот директор на ОКТА и дополнително имаме уште еден денар. Така што денеска ќе имаме, од денеска практично 3 денари попуст на сите оние бензински станици коишто се комитенти на ОКТА. Така што од овие цени коишто се максимални, коишто ги утврди вчера Регулаторната комисија за енергетика, имаме 3 денари попуст, со што ќе дојдеме до заклучок дека ги имаме апсолутно најниските горива во Европа во овој момент, цени на…
Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, денеска упати остри обвинувања до опозициската СДСМ, тврдејќи дека партијата веќе пет дена не ја демантира соработката со Зоран Башановиќ и Милјан Шчекиќ. Според Манасиевски, токму нивните „лоши ПР лекции“ се причината за ниската конкурентност на СДСМ на политичката сцена. Манасиевски смета дека Филипче со својот молк директно ги потврдува тезите на ВМРО-ДПМНЕ за нивната меѓусебна поврзаност. „Неоснованите прес-конференци и клеветничките говори се доказ дека ПР тимот на СДС не им носи успех, туку само ги влече подлабоко. Со ваквиот однос, СДС ќе стане партија со под 100.000 гласови“, изјави Манасиевски.
Времето утре променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец, соопшти УХМР. Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од северен правец. Во четврток преку денот времето ќе биде стабилно, суво и потопло. Ќе дува умерен до засилен, а наместа повремено силен ветер од јужен правец. Од вечерните часови нашето подрачје ќе потпадне под влијание на циклонска активност која ќе услови период на нестабилно и постудено време со локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има во петок, кога ќе има и услови за појава на ретки грмежи. Поради продор на…
Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, во интервју за Независен, предупреди дека намалувањето на ДДВ-то за нафтените деривати не е доволно за справување со енергетската и економската криза, ниту пак ова го решава енергетскиот проблем со која се соочува државата. „Само со намалување на ДДВ не се решава енергетски проблем. Тоа е само лепење на фластер на раната, а не терапија на процесите кои водат до проблемот.“, истакна Битиќи. Битиќи предупреди дека задоцнетите мерки имаат директна цена за граѓаните: „Кога чекате три недели во вакви услови, вие не стоите во место, вие се движите наназад, дозволувате кризата да се прелее. Моменталната позиција на Владата дозволува непречено функционирање на механизам…
