Author: Author 04

Три лица загинаа во пожар што утрово избувна во семејна куќа во хрватскиот регион Загорје, објавија локалните медиуми. Полициската управа Крапина-Загорје соопшти дека пријавата за пожарот во Центарот за противпожарни операции била примена во 07:24 часот. Според информациите што ги објави локалниот портал Zagorje.com, во трагичниот настан загинале татко и неговите две деца. Жителите од соседството за хрватскиот медиум изјавиле дека едното дете завршувало средно училиште, додека другото годинава завршило основно училиште. Соседите исто така откриле за Zagorje.com дека непосредно пред да избие пожарот, слушнале три истрели од огнено оружје. Во моментот на трагедијата, мајката не била во домот бидејќи…

Повеќе

Српскиот претседател Александар Вучиќ, за време на посетата на селото Темска кај Пирот, најави дека во претстојниот период ќе следува значителен раст на пензиите, минималната плата и примањата во јавниот сектор. За време на обраќањето, Вучиќ се осврна на финансиската состојба на земјата и плановите за подобрување на стандардот. „Да им соопштам добри вести на оние кои се постари: ќе има значително зголемување на пензиите, не само она што ќе го добивате еднаш месечно, туку ќе има значително зголемување на пензиите, ќе има значително зголемување на платите во јавниот сектор, ќе има значително зголемување на минималната плата. Немаме проблеми со…

Повеќе

Министерството за здравство соопшти дека внимателно го следи случајот со 19-годишната пациентка Станка Михајлова од село Баница, која по царски рез направен во Клиничката болница во Штип останала парализирана. Со цел целосно утврдување на сите околности, Министерството за здравство веќе издаде налог за спроведување вонреден инспекциски надзор. „Со цел целосно, објективно и стручно утврдување на сите околности поврзани со лекувањето на пациентката, Министерството издаде налог до Државниот санитарен и здравствен инспекторат да изврши вонреден инспекциски надзор. По добивањето на инспекцискиот наод и целокупната медицинска документација, Министерството ќе иницира и стручен надзор над досегашниот тек на лекувањето и постапувањето на здравствените…

Повеќе

Првиот дел од Градскиот парк во Скопје е целосно расчистен и повторно е достапен за посетителите по силното невреме што го зафати главниот град, информираше претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски. Непогодата предизвика сериозни штети на овој простор, при што беа соборени над 100 дрвја, затрупани пешачките патеки и оштетена урбаната опрема. На терен работеа екипите на јавните претпријатија на Град Скопје, кои ги отстранија соборените дрвја, засадија нови садници и ја санираа оштетената опрема. Во моментов интензивно се работи и во вториот дел од Градскиот парк, каде што продолжува отстранувањето на последиците, се санираат…

Повеќе

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска присуствуваше на пуштањето во употреба на новиот станбен објект во Дебар, каде што симболично беа врачени клучевите на семејствата корисници на новите социјални станови. Во своето обраќање, Мицкоски истакна дека овој проект претставува обезбедување нов дом и сигурност за голем број семејства во оваа општина. „За мене претставува посебна чест и задоволство да сум денеска тука во Дебар и да имам можност, ете, симболично, преку доделувањето на клучевите на едно семејство корисник на еден ваков стан, да го означиме пуштањето во употреба на овој станбен објект којшто ќе биде иднина на многу лица, на…

Повеќе

Со часови се чека на граница – вака изгледа изолацијата на Мицкоски Километарски колони и часови чекање на граница, соопштија од СДСМ.„Вака изгледа изолацијата што ја создаде Христијан Мицкоски.Затоа нема реформи што ги вети до 1 јуни. Веќе ниту ги спомнува.Мицкоски и неговата организирана криминална група не сакаат ЕУ.Затоа што во ЕУ би имало независно македонско обвинителство, европско обвинителство и слободни судови.Тогаш некој би морал да одговара за сиот криминал и корупција.На овие тендер-патриоти гужвата не им пречи.Тие си обезбедија бугарски државјанства и ЕУ пасоши.За нив постои посебен граничен премин. Тие не чекаат со часови.Некои летаат на „екскурзија“ со државниот авион, како…

Повеќе

Министерството за здравство информира дека состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна и континуирано се следи од надлежните здравствени институции. На 31 јули се регистрирани вкупно 60 први прегледи. Иако е забележано дневно зголемување, вкупниот тренд останува значително понизок во споредба со пикот од 18 јули, кога беа евидентирани 649 прегледи. Од 14 до 31 јули се регистрирани вкупно 4.543 први прегледи. Досега се примени 1.028 формални пријави за заразна болест и изработени се 730 нови епидемиолошки анкети, со опфат од 71 процент. Во однос на западнонилската треска, до Институтот за јавно здравје нема новопријавени лабораториски потврдени случаи. На Клиниката…

Повеќе

Вчера во автокамп лоциран на охридското крајбрежје, од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид слобода е лишен В.С.(39) од Скопје. При претрес во камп приколка и во дворното место, извршен по судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа шест кеси со марихуана, фолија со бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од марихуана и други предмети. По целосно документирање на настанот, против В.С. ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Повеќе

Вчера во 15:40 часот во с. Лојане, липковско, полициски службеници од Полициското одделение Матејче го лишија од слобода Р.Б.(26) од с. Лојане, постапувајќи по претходна пријава дека ноќта помеѓу 30.07.2026 и 31.07.2026, со употреба на сила влегол во трговски објект во село Лојане и одзел пари и кутии со цигари. Дел од одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот. Р.Б. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

Повеќе

Вчера во ПС Струмица, полициски службеници од СВР Струмица извршија службен разговор со З.П. (37) од Струмица, постапувајќи по пријава дека на 31.07.2026 околу 12:40 часот, во угостителски објект во Струмица со остар предмет ја нападнал неговата поранешна 34-годишна сопруга и и нанел повреда во пределот на лицето, по што се дал во бегство, но по кратко време самиот се пријавил во Полициската станица Струмица. При извршено мерење со дрегер, утврдено е дека З.П. има 1,20 промили алкохол во организмот. 34-годишната жена е пренесена во Медицински центар Штип, каде и биле констатирани тешки телесни повреди. СВР Струмица до Основното јавно…

Повеќе