Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » МЗ наложи вонреден надзор за случајот со 19-годишната родилка која остана парализирана по царски рез во Штип

    МЗ наложи вонреден надзор за случајот со 19-годишната родилка која остана парализирана по царски рез во Штип

    01.08.2026 во 13:092 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерството за здравство соопшти дека внимателно го следи случајот со 19-годишната пациентка Станка Михајлова од село Баница, која по царски рез направен во Клиничката болница во Штип останала парализирана.

    Со цел целосно утврдување на сите околности, Министерството за здравство веќе издаде налог за спроведување вонреден инспекциски надзор.

    „Со цел целосно, објективно и стручно утврдување на сите околности поврзани со лекувањето на пациентката, Министерството издаде налог до Државниот санитарен и здравствен инспекторат да изврши вонреден инспекциски надзор. По добивањето на инспекцискиот наод и целокупната медицинска документација, Министерството ќе иницира и стручен надзор над досегашниот тек на лекувањето и постапувањето на здравствените работници и установи вклучени во случајот“, стои во соопштението од Министерството за здравство.

    Од ресорното министерство апелираат до јавноста да не се изнесуваат предвремени заклучоци сè додека траат постапките.

    „За утврдената фактичка состојба и за евентуалните натамошни мерки, јавноста ќе биде навремено и транспарентно информирана“, велат од Министерството.

    Министерот за здравство Сашо Клековски во изјава за „Слободен печат“ потврди дека вонредниот надзор ќе ги опфати сите три болници во кои се лекувала младата родилка.

    Покрај тоа, Клековски најави и стручен надзор во кој експерти од гинекологија, неврологија и урологија ќе испитуваат дали има лекарска грешка.

    Случајот се однесува на 19-годишната пациентка кај која по вториот изведен царски рез во Штипската општа болница настапила параплегија, односно губење на функцијата на нозете.

    Прочитај повеќе

    Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор

    22.10.2026 во 23:43

    Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година

    22.10.2026 во 23:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.