Author: Author 04

Лишени од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило, четири од нив возеле без дозвола, по еден со активна забрана и под дејство на алкохол, а еден под дејство на алкохол и со активна забрана Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило. Од нив четири управувале возило без возачка дозвола, од кои еден малолетник, по еден со активна забрана и под дејство на алкохол, а еден под дејство на алкохол и со активна забрана. По едно лице во Гостивар, Кавадарци, Прилеп и Тетово (малолетник) воеле без…

Повеќе

Даваме силна подршка за реализација на БРТ за Град Скопје, објави вицепремиерот Николоски на својот фејсбук профил и во објавата додаде: “Владата преку Министерството за транспорт и Министерството за финансии овозможува силна поддршка на Град Скопје за реализација на проектот брз автобуски превоз – БРТ. На денешната седница на Владата, ја потврдивме подготвеноста за изградба и воспоставување на еден нов современ градски сообраќаен систем преку кој ќе ја подобриме ефикасноста и економичноста на транспортната мрежа во Градот. Проектот предвидува изградба на две линии во Скопје, едната Исток–Запад и втората Север-Југ, набавка на CNG/хибридни нископодни БРТ возила, патнички информативен систем,…

Повеќе

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во СУГС „Владо Тасевски“ во Скопје се обрати на официјалното започнување на кампањата за подигнување на јавната свест за ризиците од злоупотреба на мало и лесно оружје, наменета пред сè за младата популација. Кампањата е дел од проектот „Поддршка на националните власти на Македонија во намалувањето на ризикот од пролиферација и злоупотреба на малото и лесно оружје“, кој се реализира со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и меѓународни партнери. Во своето обраќање, министерот Тошковски нагласи дека младите се најголемото богатство на општеството и дека токму преку вакви активности се гради свеста…

Повеќе

Во насока на зачувување на достоинството на јавниот дискурс, унапредување на демократските вредности и заштита на интегритетот на институционалната комуникација, Владата чувствува обврска јавно да реагира на неодамнешниот настан кој отвори сериозни дилеми за почитувањето на основните принципи на професионално и етичко однесување во медиумскиот простор. Заштитата и унапредувањето на слободата на медиумите и правото на новинарите да поставуваат прашања од јавен интерес, без никакви ограничувања или притисоци се наша обврска, но истовремено, нагласуваме дека ова право подразбира и обврска за професионално, достоинствено и етичко однесување. Слободата на изразување не смее да биде изговор за нарушување на личниот и институционалниот…

Повеќе

Вчера во 18:15 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на ул.„Бањешница“ во Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.Ф.(56) од Гостивар и мотоцикл „кросер“, управуван од А.Ф.(19) од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Ургентен центар Гостивар, информираа од полицијата во дневниот билтен.  По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.

Повеќе

Денешното рочиште за случајот „Онкологија 2“ заврши со скандал и парична казна за одбраната. Адвокатката Анита Бегова, која го застапува обвинетиот Нехат Нухи, демонстративно ја напушти судницата, незадоволна од начинот на кој Обвинителството ги презентираше доказите. Судот веднаш реагираше и ѝ изрече казна од 500 евра за нарушување на редот и навреда на судот. Конфликтот настана кога Обвинителството почна да изведува околу 180 страници документи во „пакети“, наместо поединечно, на што одбраната жестоко реагираше тврдејќи дека не се овозможуваат минимални стандарди за фер судење. „Јас нема да учествувам во процес каде доказите не се презентираат соодветно пред јавноста и поротата“,…

Повеќе

Полициски службеници од СВР Куманово синоќа во 23:00 часот, ги лишија од слобода С.Р.(34) , А.М.(31), А.М.(27), Ј.К.(38), сите од тетовско, С.А.(40) од село Черкезе, кумановско и Н.М.(62) од Гостивар затоа што на подрачјето на Куманово организирале борба на кучиња, соопштија од МВР. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави, додаваат од МВР.

Повеќе

На официјална церемонија со највисоки државни и воени почести претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Загреб беше пречекана од претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, со што започна нејзината дводневна официјална посета на земјата. Двајцата претседатели одржаа тет-а-тет средба, по што следуваше пленарен состанок на македонската и хрватската делегација во чиј фокус беа традиционално пријателските билатерални односи. На заедничката прес-конференција Сиљановска-Давкова истакна дека членството во Европската Унија останува една од стратешките определби на државата и се заблагодари за пријателскиот однос, поддршката и разбирањето од страна на Хрватска, како и за помошта во отворањето нови перспективи и можни решенија во процесот на…

Повеќе

Пет лица лишени од слобода, а со едно извршен службен разговор за семејно насилство, од вкупно 10 пријави во Скопје, Охрид, Куманово и Битола во последното деноноќие На 23.03.2026 во 16:30 часот во охридско село, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода А.П.(54) од селото, постапувајќи по претходна пријава дека на 21.03.2026 во семејниот дом физички ја нападнал неговата 76-годишна мајка, при што употребил и тврд предмет. На 23.03.2026 во СВР Охрид, полициски службеници извршија службен разговор со А.Т.(29) од Битола, со престој во охридско село, постапувајќи по претходна пријава дека околу 13:30 часот во семејниот дом физички…

Повеќе

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против правно лице од Свети Николе, Б.К.(34) – одговорно лице во правното лице и С.С.(21), двајцата од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „точење алкохолни пијалоци на дете“ и против А.П.(37) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „попречување на правдата“. На 12.04.2025, во периодот од 20:00 до 23:00 часот во угостителски објект во Свети Николе, второпријавениот  со пропуштање на должен надзор овозможил и дозволил да се врши точење на алкохол на деца, а третопријавениот С.С., вработен како келнер, со алкохол…

Повеќе