Author: Author 04

Вчера во периодот од 08:00 до 12:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спроведе акциска контрола на подрачјето на град Скопје со цел контрола на возачи и возила со кои се врши јавен превоз на патници. При контролата изречени се шест мерки за возачи кои вршат јавен превоз на патници без да поседуваат задолжително лекарско уверение, четири мерки за технички неисправни возила со кои се врши јавен превоз на патници, четири мерки за превезување на повеќе патници од пропишаното во сообраќајната дозвола, една мерка за измината важност на возачката дозвола, една мерка…

Повеќе

Во насока на подобрување на женското здравје, Општина Карпош во соработка со ординацијата по гинекологија и акушерство ПЗУ „Св. Алексеј“ – Скопје, од следната среда организира бесплатни ехографски прегледи на дојки за жени до 45-годишна возраст. Како што информираат од прес-службата на Општина Карпош, станува збор за проект кој финансиски го поддржува локалната самоуправа и се реализира преку Програмата за еднакви можности меѓу жените и мажите за 2026 година. Со оваа проектна активност, како што се наведува во соопштението, општината има за цел да ја подигне свеста за женското здравје, преку бесплатни превентивни прегледи кои ќе се одржуваат во ПЗУ…

Повеќе

Вчера во 23:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„500“ во с.Марино, општина Илинден, патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(21), удрило во пешакот О.М.(52), двајцата од с.Марино. Во несреќата, од здобиените повреди на местото починал О.М., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. По насоки на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција, возилото е одземено за вештачење, а возачот А.А. е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гази Баба. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Повеќе

Руски дрон погодил оџак на електраната „Овер“ во североисточна Естонија, потврдија утрово од естонската служба за внатрешна безбедност (ISS). Инцидентот се случил во близина на руската граница, а според првичните информации, нема повредени лица. „Дронот влегол во естонскиот воздушен простор од рускиот воздушен простор“, се вели во соопштението на службата. Иако дронот ја погодил инфраструктурата, од Обвинителството сметаат дека леталото не било намерно насочено кон Естонија. Државната обвинителка Астрид Аси изјави дека истрагата ќе ги разјасни поконкретните околности, но дека според сегашните податоци, „дронот не бил насочен кон Естонија“. На терен се веќе излезени деминери и истражни екипи под раководство…

Повеќе

Иранската мисија при Обединетите нации соопшти дека Техеран официјално ги олеснува регулативите за минување низ стратешкиот Ормутски Теснец. Според новата одлука, пловилата кои не се класифицирани како непријателски и не учествуваат во воени операции против Иран ќе имаат дозвола за премин. Во соопштението се истакнува дека бродовите ќе бидат обврзани да ги почитуваат иранските безбедносни протоколи и да ја усогласуваат својата навигација со овластените служби. Ормускиот Теснец се смета за критична точка во тековниот конфликт помеѓу САД, Израел и Иран. Техеран во повеќе наврати преземаше акции против бродови во овој воден пат, со што практично го загрози протокот на една…

Повеќе

Шеснаесетгодишно момче е уапсено во Сиднеј под обвинение за повеќе кривични дела поврзани со тероризам. Како што соопшти Австралиската федерална полиција (АФП), тинејџерот наводно „изложил планови за насилни дејства“ на интернет. Акцијата била спроведена во западниот дел на Сиднеј, при што полицијата запленила преклопен нож и „гел-бластер“ пиштол. Покрај тероризмот, момчето се соочува и со обвиненија за поседување неовластен пиштол и забрането оружје, за што е предвидена казна до 14 години затвор. „Ќе се тврди дека младото лице имало мешана идеологија и изложило планови за насилни дејства“, се наведува во официјалното соопштение на АФП. На неговите електронски уреди полицијата пронашла…

Повеќе

Земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран претпладнево во Босна и Херцеговина. Според официјалните податоци, потресот се случил точно во 10:03 часот. Епицентарот на земјотресот бил лоциран во подрачјето на Тешањ, со прецизни координати на 44,56 северна географска ширина и 17,97 источна географска должина. Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) извести дека хипоцентарот на овој земјотрес се наоѓал на длабочина од приближно 10 километри под површината на земјата. Засега нема информации за евентуални повредени лица или предизвикана материјална штета. Надлежните служби во Босна и Херцеговина соопштија дека ја следат состојбата на теренот.

Повеќе

Временските услови денеска ќе бидат релативно поволни, но не и целосно стабилни. Наизменичните сончеви и облачни периоди може да предизвикаат непријатност кај почувствителните граѓани поради честите флуктуации на температурата и воздушниот притисок. Хроничните пациенти, особено оние со кардиоваскуларни и респираторни проблеми, може да почувствуваат замор, притисок во градите или отежнато дишење. Кај метеоропатите можна е појава на главоболка, несоница и зголемена нервоза. На лицата со низок крвен притисок им се предвидува поспаност и пад на концентрацијата, додека на оние со висок притисок им се советува избегнување стрес и тежок физички напор. Постарите лица треба да бидат умерени со престојот на…

Повеќе

Службите на Општина Центар со тешка механизација и камиони расчистија дива депонија во населбата Маџир Маало. Акцијата опфати површина од околу 150 квадратни метри, при што се собрани и транспортирани над 12 тони мешан отпад во депонијата „Дрисла“. Од Општина Центар информираат дека ова е само дел од поширокиот план за расчистување на депонии на повеќе критични локации низ целата територија на општината. Градоначалникот Горан Герасимовски истакна дека хигиената останува приоритет. „Нема да дозволиме ниту еден дел од општината да биде запоставен. Континуирано чистиме и интервенираме за подобра јавна хигиена. Но, ова е и заедничка одговорност. Апелирам до граѓаните да…

Повеќе

Паника поради можен недостиг на гориво ја зафати Словенија, принудувајќи ги властите да воведат итни мерки за стабилизирање на пазарот. Во акцијата за дистрибуција на нафтени деривати низ целата земја е вклучена и словенечката армија со своите логистички капацитети. Како што соопштија воените власти, активирани се екипите на 670-от логистички баталјон. „Тимови и материјални ресурси се подготвени во согласност со одлуката на Владата за обезбедување снабдување со гориво на граѓаните“, се наведува во официјалното соопштение. Армијата нагласува дека нивните цистерни веќе се распоредени на терен и помагаат за забрзување на испораките до бензинските пумпи. Војниците поминале дополнителна обука за да…

Повеќе