Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Црна Гора го преименува базенот во Котор: Исполнето барањето на Хрватска на патот кон ЕУ
    • По немирите во Франција: Владата ветува остра безбедносна реакција и засилено присуство на полицијата
    • Божиновска: Поддршката за стабилноста на пазарот на горива продолжува
    • Трамп: Ѝ дадовме многу на Украина, тие нам ништо не ни дадоа
    • Ученик нападнат на голем одмор, еден од напаѓачите извадил пиштол
    • Проверете си ги сметките: Во тек е исплатата на родителски додаток за дете
    • Поевтин дизел за два денари до 2 ноември – Министерството за енергетика ја поздрави одлуката на ОКТА
    • Ништо од свадбата на Игор Којиќ и бремената Николина: Кеба откри се
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » МЗ: Седум нови случаи на западнонилска треска во Македонија

    МЗ: Седум нови случаи на западнонилска треска во Македонија

    07.08.2026 во 16:072 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Од Министерството за здравство денеска соопштија дека во текот на оваа недела во земјава биле регистрирани седум нови случаи на инфекција со вирусот Западен Нил (WNV).

    Како што посочија од Министерството, сите случаи се од Скопје: по два од општините Кисела Вода и Гази Баба и по еден од Илинден, Бутел и Аеродром.

    Новозаболените лица се на возраст од 60 до 84 години и сите се хоспитализирани.

    „На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во моментот се хоспитализирани вкупно 16 пациенти. Кај 15 од нив инфекцијата е лабораториски потврдена, додека за еден суспектен случај се очекуваат резултатите. Тројца пациенти се во критична состојба и се интубирани. Станува збор за повозрасни лица со придружни заболувања“, велат од МЗ и воедно додаваат дека останатите пациенти биле во стабилна состојба и добивале соодветен третман.

    Досега во државата се регистрирани вкупно 20 случаи на инфекција со вирусот Западен Нил. Првиот случај бил пријавен на 15 мај 2026 година во Велес.

    „Најефикасната превенција е заштитата од убоди од комарци. Се препорачува да се избегнува престој на отворено во зори и во самрак, кога комарците се најактивни, како и да се користат репеленти и заштитни мрежи на вратите и прозорците. Граѓаните треба редовно да ги отстрануваат застоените води од дворовите и терасите, бидејќи тие претставуваат погодни места за размножување на комарците“, порачаа од МЗ.

    Прочитај повеќе

    Божиновска: Поддршката за стабилноста на пазарот на горива продолжува

    20.10.2026 во 17:45

    Ученик нападнат на голем одмор, еден од напаѓачите извадил пиштол

    20.10.2026 во 17:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.