- Мицкоски: Од утре почнува реконструкцијата на владата
- Бугарија е против некои санкции на ЕУ кон Русија, вели шефицата на бугарската дипломатија
- Мицкоски за спорот со Бугарија: Нема пазарење со нашиот македонски идентитет
- Мицкоски: Почнавме од нула, денес градиме модерна Македонија
- Руте: Се намалува бројот на војници на КФОР
- Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ беше под жесток политички прогон, но денес е посилна од кога било
- Мицкоски: Секогаш кога сакаа да ја уништат, ВМРО се враќаше посилна
- Дански баталјон ќе биде распореден во Летонија за одвраќање на Русија
Author: Author 04
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за утврдување на почетокот и завршувањето на летното сметање на времето во 2026 година, објавена во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 58 од 19 март 2026 година.Согласно донесената Одлука, летното сметање на времето започнува на 29 март 2026 година во 02:00 часот, со поместување на стрелките на часовникот за еден час нанапред, односно времето од 02:00 часот се смета како 03:00 часот.Летното сметање на времето завршува на 25 октомври 2026 година во 03:00 часот, со поместување на стрелките на часовникот…
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, денеска соопшти дека Македонија годинава влегува значително поподготвена во сезоната на пожари. Според неговите најави, до јуни државата ќе располага со три функционални „ер-трактори“ и пет обучени пилоти. „Во овој момент еден авион е функционален, додека другите два се на сервис во Загреб и очекуваме да бидат вратени најдоцна во мај. Истовремено работиме и на обезбедување дополнителен број пилоти“, изјави Ангелов пред почетокот на меѓународната конференција за проектот „Forest Fire Struga-FFS“. Покрај воздушната поддршка, Ангелов истакна дека на располагање се и 43 специјални возила, вклучувајќи 23 „пицгауери“, 15 БТР-80 со…
Голем сообраќаен метеж се создаде попладнево на влезот на главниот град, пред Автокоманда. Според првичните информации од терен, се случила тешка сообраќајна несреќа која го парализираше сообраќајот. Во моментов нема официјални потврди за повредени лица или жртви, но материјалната штета е видлива. Поради несреќата, колоната возила е долга неколку километри.
Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, денеска упати сериозни обвинувања до раководството на СДСМ, тврдејќи дека Венко Филипче работи по директни насоки на Зоран Заев. Според него, Филипче остварил средби со Милјан Шчекиќ во Ниш и со Зоран Башановиќ во Грција, кои сега се задолжени за ПР-стратегијата на опозициската партија. „Човекот со контроверзно минато, Зоран Башановиќ, сега го советува Филипче за јавните настапи. Односот на СДС кон јавноста е директно по насока на Башановиќ и Шчекиќ, луѓето кои Заев ги најми да му помогнат на СДС“, изјави Манасиевски. Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека СДСМ дејствува како „прокси партија“ на поранешниот…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изрази големо задоволство од пристигнувањето на првите оклопни возила од типот „Stryker“, нагласувајќи дека оваа набавка значително ќе ги зајакне капацитетите на Армијата. Тој упати благодарност до воениот врв, Министерството за одбрана, како и до стратешкиот партнер САД за целосната логистичка поддршка. „Ова за нас многу значи, ја подобрува оперативноста и ја зголемува мобилноста на самата Армија. На тој начин стануваме поконкурентни во споредба со другите армии“, изјави Мицкоски, потенцирајќи дека Владата ќе продолжи со инвестициите во современа опрема. Премиерот истакна дека Македонија веќе го надминува минимумот од 2% од БДП за одбрана, рангирајќи се меѓу…
Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 12 часот и 05 минути, беше почувствуван земјотрес од епицентралното подрачје Скопје. Неговата магнитуда изнесува 2.7 степени според Рихтеровата скала.Земјотресот беше почувствуван во градот Скопје и околината со интензитет III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.
На денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“, одржано во судницата во „Идризово“, сведочеше Драги Илиевски од Општина Кочани. Тој откри дека локалната самоуправа навремено алармирала до Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) да не се издава лиценца за објектот, бидејќи истиот се наоѓал во индустриска зона каде угостителска дејност е строго забранета. „Зоните не можат да се менуваат. Целиот тој локалитет е лесна и незагадувачка индустрија Г2. Ние го поништивме известувањето за паркинг кога дознавме дека таму ќе се отвара дискотека“, истакна Илиевски. Според сведокот, тогашниот градоначалник Ратко Димитровски побарал информација од Министерството за економија за лиценцата на фирмата „Класик ДМ“,…
Времето утре променливо облачно време кон крајот на денот со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен, а наместа повремено силен ветер (над 60 km/h) од јужен правец, соопшти УХМР. Во петок наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 20 l/m² ), а ќе има и услови за појава на ретки грмежи. На некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег, а на планините ќе се формира нова снежна покривка. За време на викендот ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец, кој ќе…
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известување од ЕВН Македонија, информира дека поради планирани технички интервенции во електросистемот, утре (четврток, 26.03.2026) без електрична енергија ќе останат неколку населби во главниот град. Според најавите, прекини ќе има на следните локации:
Метеопрогнозерот Славчо Попоски упати сериозно предупредување до сите граѓани кои планираат патување во наредните часови. Според неговите најави, за помалку од 20 часа силна снежна бура ќе го зафати Балканот, носејќи со себе екстремни врнежи. Се предвидува дека во одредени делови на регионот снежната покривка може да достигне дури до еден метар. Поради ваквите најави, се советува крајна претпазливост при движење низ соседните земји. „Снежната бура за помалку од 20 часа го зафаќа Балканот и ќе донесе до еден метар снег. Бидете крајно внимателни доколку патувате во соседните земји или ако е можно одложете го истото!“, стои во предупредувањето на…
