- Мицкоски: Од утре почнува реконструкцијата на владата
- Бугарија е против некои санкции на ЕУ кон Русија, вели шефицата на бугарската дипломатија
- Мицкоски за спорот со Бугарија: Нема пазарење со нашиот македонски идентитет
- Мицкоски: Почнавме од нула, денес градиме модерна Македонија
- Руте: Се намалува бројот на војници на КФОР
- Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ беше под жесток политички прогон, но денес е посилна од кога било
- Мицкоски: Секогаш кога сакаа да ја уништат, ВМРО се враќаше посилна
- Дански баталјон ќе биде распореден во Летонија за одвраќање на Русија
Author: Author 04
СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против В.К.(41) од село Сушево, струмичко и Г.Ц.(52) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в од Кривичниот законик. Пријавениот В.К., во својство на раководител во Јавно претпријатие „Национални шуми“ Подружница шумско стопанство „Беласица“ Струмица, во 2024 година склучил два договори со правно лице од село Иловица, струмичко, без притоа на денот на склучувањето да обезбеди депонирање на соодветни банкарски гаранции од 20% од фирмата купувач , од кои првата во износ од 176.577 денари, а втората во износ од…
Вчера во 11:30 часoт во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Е.Ш.(21) од Прилеп. Претходно, на крстосница од ул.„Кузман Јосифоски“ со ул.„Ладо Лапецот“ во Прилеп, тој со возилото „опел“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал, учествувал во сообраќајна незгода со службено патничко возило на МВР „пежо“, управувано од В.И.(31) од прилепско, во која била причинета материјална штета. По преземени мерки е констатирано дека Е.Ш. го управувал возилото без претходно да се стекне со право на управување на моторно возило, односно без возачка дозвола. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Вчера во 14:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во магацин во круг на фабрика на подрачјето на Кисела Вода, на Д.Д.(40) од Скопје, додека бил на работно место, му се слошило и починал. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по насоки од јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против Ќ.Д.(46) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Пријавениот, како директор на основно училиште во с.Муртино, на новопримените наставници како приправници им доделувал наставници ментори кои немале статус на ментор. На тој начин во 2024 година им овозможил остварување на противправна имотна корист во висина од околу 83.500 денари на наставниците кои немаат статус на ментор.
Вчера во 13:10 часот во СВР Тетово е пријавено дека на бул.„Маршал Тито“ во Тетово, патничко возило „рено“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Љ.С.(56) од Тетово, удрило во 11-годишен пешак од Тетово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово.
Вчера во 09:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„10“ во с.Арачиново, скопско, патничко возило „форд фокус“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 13-годишник, удрило во 14-годишник, двајцата од с.Арачиново. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 14-годишникот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 24.03.2026 во 15:43 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Ферид Мурати“ во Скопје, патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 46-годишната А.М. од Скопје, удрило во 12-годишник од с.Страхојадица, општина Зелениково. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
Вчера во 12:02 часот на бул.„Октомвриска револуција“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода И.Ц.(49) од с.Режановце, кумановско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фиат“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 3,67 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
СВР Велес поднесе кривична пријава против Н.Џ.(34) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „измама при добивање на кредит или друга погодност“. На 30.09.2025 во стан во Неготино, пријавениот фотографирал лична карта на едно лице и без негова согласност во негово име аплицирал и му бил одобрен кредит од финансиско друштво, по што подигнал 149.000 денари.
Судскиот процес за пожарот во дискотеката „Пулс“, каде животот го загубија 63 лица, нема да добие на динамика. На денешното рочиште во „Идризово“, одбраната на обвинетите го одби предлогот на Јавното обвинителство за помасовно повлекување на сведоците од листата за испитување. Иако обвинителите предложија дел од сведоците да не се повикуваат бидејќи нивните искази се преклопуваат со веќе утврдени околности, адвокатите на одбраната инсистираат на нивно сослушување. Постигната е согласност за повлекување на само четири лица: Ана Карова, Трајче Трајчов, Ангелчо Ангелков и Мартин Јосифов. Судијката Дијана Груевска-Илиевска донесе решение дека сите останати сведоци ќе бидат редовно повикувани. Ова значи…
