Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • 15-годишно дете се бори за живот на скопските клиники: Во болница го донеле без знаци на живот, но лекарите успешно го реанимирале
    • Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки
    • Муцунски по повод 23 Октомври: Наша обврска е да градиме силна, стабилна и меѓународно почитувана држава
    • Марта Кос на средбата со Сали: Направете уставни измени за да влезете во ЕУ
    • Мајкрософт создава AI доктор?
    • Путин ги отвори картите: Преговорите за Украина мора да ја вклучат безбедноста на цела Европа
    • Падна одлука: Забрана за социјални медиуми за деца под 15 години во Грција
    • Министерот за правда оствари средба со Варнс: Во фокус кривичното законодавство и дигитализацијата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Пожарникарите со полни раце работи вечерва – гори на четири локации

    Пожарникарите со полни раце работи вечерва – гори на четири локации

    07.08.2026 во 19:522 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Вкупно 18 пожари на отворен простор се регистрирани денеска на територијата на државата заклучно до 18:00 часот.

    Според најновиот пресек на Центарот за управување со кризи (ЦУК), во моментот четири пожари се активни, два се под контрола, а 12 се целосно изгаснати.

    Активни пожари има во Општина Новаци во селото Гнеотино на местото викано Ергела, каде што гори ниска вегетација, како и во Општина Долнени кај селата Ропотово и Бело Поле, каде што е опожарено стрниште.

    Активен оган е забележан и во Општина Струмица, на излезот од селото Сачево кон селото Муртино, каде што горят стрниште и ниска вегетација, а се интервенира и во Општина Македонски Брод кај селото Слатина, на местото Слатински Мост, каде што е зафатена ниска вегетација и грмушки.

    Под контрола се поставени пожарите во Општина Делчево на градската депонија, како и во Општина Македонски Брод, во селото Грешница на местото викано Стојанова Населба, каде што гори ниска вегетација, деградирана шума и грмушки.

    Екипите на терен успеале целосно да изгаснат 12 пожари ширум државата.

    Изгаснати се пожарите во Петровец (помеѓу Долно и Средно Коњаре), Карпош (Момин Поток), Бутел (село Љуботен) и Кичево (село Црвивци).

    Исто така, целосно се ликвидирани и пожарите на три локации во Гостивар (Паталишта, Кејот на Вардар и меѓу Чајле и Форино), две локации во Могила, како и во Тетово (село Селце), Василево (село Доброшинци) и Прилеп кај Германските гробишта.

    Прочитај повеќе

    15-годишно дете се бори за живот на скопските клиники: Во болница го донеле без знаци на живот, но лекарите успешно го реанимирале

    23.10.2026 во 13:09

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.