Author: Author 04

На 25.03.2026 во 08:40 часот во Полициската станица Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода К.Г.(42) од Скопје по претходна пријава дека на 24.03.2026 околу 23:00 часот во домот на подрачјето на општина Аеродром физички ја нападнал неговата 40-годишна сопруга. Според пријавеното таа и претходно била физички и психички малтретирана од нејзиниот сопруг. На 24.03.2026 во 23:00 часот во охридско, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Г.Ц.(44) од охридско, постапувајќи по претходна пријава од неговата 44-годишна сопруга дека околу 20:00 часот во семејниот дом пријавениот физички го нападнал нивниот 10-годишен син и покрај…

Повеќе

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска, на покана на заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Република Полска, Радослав Шикорски, престојуваше во работна посета на Варшава, Полска. На средбата со својот домаќин, министерот Муцунски изрази задоволство од високиот степен на развој на македонско-полските односи, кои се цврсто поставени на позитивна патека, како и од искреното пријателство и споделените вредности што двете земји ги негуваат повеќе од три децении. Притоа нагласи дека тоа претставува солидна основа за континуиран раст и унапредување на севкупната соработка. Двајцата министри се согласија дека во претстојниот период значаен фокус ќе…

Повеќе

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја заврши официјалната посета на Република Хрватска со предавање на Правниот факултет во Загреб, посветено на парадоксите на македонските евроинтеграции. Во обраќањето таа го оцени нашиот пат кон Европската Унија како предолг, комплексен, оптеретен со двојни стандарди и политички условувања, често спротивни на конститутивните акти на ЕУ и на владеењето на правото. Претседателката укажа на инкомпатибилноста на актуелната војна на европско тло со замислата за Европската Унија како мировен проект. За претседателката, парадоксално е што земјата и покрај значајните реформи, но и тешки отстапки, вклучително и промената на името, се соочува со нови барања од идентитетска и…

Повеќе

Легендата на народната музика, Мирослав Илиќ, денеска итно е примен во Ургентниот центар во Белград, пренесуваат српските медиуми. Иако Илиќ важи за еден од најенергичните пејачи на својата возраст, неговата ненадејна здравствена криза ги крена на нозе неговите обожаватели низ целиот Балкан. Лекарите веднаш му укажале помош, но засега нема официјални информации за точната дијагноза или причината за хоспитализацијата. Само пред неколку дена, Илиќ јавно изрази жалење за здравствената состојба на својата колешка Зорица Брунцлик, истакнувајќи дека не сака да му пречи на нејзиното семејство во овие тешки моменти. Сега, иронично, и тој самиот се најде во болничка постела.

Повеќе

Легендарната пејачка Зорица Брунцлик веќе со недели води тешка битка со здравјето, а нејзиното отсуство од јавноста ги вознемири колегите и бројните обожаватели. Зорица последен пат беше видена на 2 февруари на снимањето на „Пинкови ѕвезди“, по што нејзината состојба се влошила. Според извори за „Србија Данас“, пејачката првично била хоспитализирана во КБЦ „Драгиша Мишовиќ“, каде ѝ била извршена медицинска интервенција – цистоскопија. Сепак, поради сериозноста на ситуацијата, таа е префрлена на Клиниката за хирургија при Универзитетскиот клинички центар на Србија. „Ситуацијата не е наивна, но Зорица има голема сила и волја да победи“, открива извор близок до тимот лекари…

Повеќе

Нови детали од судскиот процес за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ откриваат дека објектот во кој згаснаа 63 животи, правно не постоел во општинската евиденција. Раководителот на Секторот за финансии во Општина Кочани, Дејан Рашков, на денешното рочиште сведочеше дека обврските за лиценца ги подмирувале други фирми – „Класик ДМ“ и „ММММ“. „Кога се случи настанот, утврдивме дека ‘Пулс’ како правно лице не постои во нашата евиденција“, изјави Рашков. Тој појасни дека Општината инкасирала половина од средствата за лиценци (околу 123.000 денари), но не знаел дали парите се за дискотека или за кабаре. Дополнително, сведоштвото на раководителот на Одделението за…

Повеќе

Поранешниот директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството, Илија Стоилев, денеска се појави во Основниот кривичен суд Скопје како првообвинет во случајот за мито и корупција со европски средства. Заедно со него, на обвинителната клупа седнаа уште четири физички лица, вработени во УЈП и Министерството за земјоделство, како и управителот на фирмата „купувач“. На денешното подготвително рочиште, одбраната побара увид во обемниот доказен материјал. Обвинителството, застапувано од Наташа Поп Трајкова, достави дури 16 кластери со докази, меѓу кои видеоматеријали од надзорни камери и вештачења на електронски уреди. Судењето продолжува на 30 април, откако судијката Ленка Давиткова им овозможи на…

Повеќе

Сопругата на премиерот, Рози Мицкоска, учествува на престижниот самит „Fostering the Future Together Global Coalition“ во Вашингтон, организиран од првата дама на САД, Меланија Трамп. На овој дводневен настан присуствуваат претставници од 45 држави и над 20 водечки технолошки гиганти. Главната цел на самитот е зајакнување на глобалната соработка за заштита и едукација на децата во дигиталната ера. Мицкоска имаше свое обраќање на сесијата посветена на онлајн безбедноста, каде ги презентираше македонските искуства. „Нашата цел е младите не само да ја користат технологијата, туку и критички да размислуваат за неа. Денес, 341 основно училиште во Македонија веќе се дел од…

Повеќе

Зијадин Села става крај на неизвесноста по судската битка за Алијанса за Албанците. Во интервју за весникот „Лајм“, тој официјално потврди дека формира нов политички субјект под името „Албански сојуз“. Оваа одлука доаѓа само една недела откако Основниот суд во Тетово пресече дека партиските печати на АА му припаѓаат на Арбен Таравари. Села порача дека „оставката и предавањето не се опција“ и дека каузата на Алијансата ќе продолжи низ новиот субјект со препознатливите национални бои. „Не оставам ништо на случајноста. Јас ја создадов таа идеја и сега ја градиме новата партија. ‘Албански сојуз’ е веќе реалност и нема да се…

Повеќе

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 59-годишен кумановец, осомничен дека при вршење семејно насилство тешко ја повредил сопругата. На 20 март во семејната куќа сопружниците имале вербална расправија, а осомничениот физички ја нападнал жената, удирајќи ја со тупаници и клоци по целото тело, при што и предизвикал сериски фрактури на три ребра. Тој е осомничен за кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, а јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово достави предлог за определување мерка притвор со цел обезбедување на осомничениот…

Повеќе