- Мицкоски: Од утре почнува реконструкцијата на владата
- Бугарија е против некои санкции на ЕУ кон Русија, вели шефицата на бугарската дипломатија
- Мицкоски за спорот со Бугарија: Нема пазарење со нашиот македонски идентитет
- Мицкоски: Почнавме од нула, денес градиме модерна Македонија
- Руте: Се намалува бројот на војници на КФОР
- Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ беше под жесток политички прогон, но денес е посилна од кога било
- Мицкоски: Секогаш кога сакаа да ја уништат, ВМРО се враќаше посилна
- Дански баталјон ќе биде распореден во Летонија за одвраќање на Русија
Author: Author 04
Коста Кецмановиќ денеска продолжи со своето сведочење во Специјалниот суд во Белград, каде во првиот дел од рочиштето зборуваше за неговиот однос кон училишните обврски пред масакрот. Тој откри дека често отсуствувал од настава користејќи изговори. „Имав 211 отсуства, еднаш настинав, а другите денови се преправав дека сум болен, бидејќи ми беше тешко да одам на училиште“, изјавил тој пред судот. Пред почетокот на исказот, судијата го информирал малолетникот дека сега има статус на оштетена страна. Ова следува откако Високото јавно обвинителство во Белград ги обвини неговите родители за занемарување и злоупотреба. На прашањето на судијата дали ја разбира новата…
Вчера во 15:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон на зграда паднал К.А.Е.(19) од Република Турција.Тој, со тешки телесни повреди е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Л.Т.(19) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 08.10.2025 во угостителски објект во с.Марино, скопско, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот, при што бил пронајден и одземен пиштол марка „Екол Туна“ калибар 8 мм и рамка за пиштол.
Вистинска драма се случувала денеска во РЕК Битола, каде дури 81 вработен побарале итна лекарска помош во Клиничката болница во Битола поради симптоми на труење со храна. Сите пациенти пријавиле слични стомачни тегоби по консумирање на оброк во фабричката кујна. Специјалистот инфектолог, д-р Хараламбос Сидиропулос, потврди дека на сите лица им е укажана помош, а најголем дел се пуштени на домашно лекување со лесна клиничка слика. „Во нашето одделение се јавија 81 лице со стомачни проблеми, повраќање и температура. Сите се со иста клиничка слика и како причина наведоа конзумирање на храна лазањи со сос во кујната на РЕК Битола“,…
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески денеска оствари средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје амбасадорот Килиан Вал. Ова е прва официјална средба на државниот обвинител Савески по неговото именување на функцијата. На средбата, амбасадорот Вал му честиташе на Савески на изборот и ја понуди континуираната долгорочна поддршка на ОБСЕ за Јавното обвинителство. Оваа поддршка се надоврзува и на долгогодишната претходна одлична лична професионална соработка на Савески како експерт консултант на ОБСЕ. Тој во името на Јавното обвинителство се заблагодари за досегашните ангажмани на Мисијата на ОБСЕ во насока на силна институционална поддршка, унапредување на владеењето…
Во врска со непристојниот однос на новинарот Невриј Адеми кон министерката за образование и наука, Весна Јаневска, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги посочува дека медиумските работници при извршување на својата професија треба доследно да ги почитуваат професионалните новинарски стандарди и принципи.Комуникацијата помеѓу новинарите и носителите на јавни функции треба да биде коректна,достоинствена и базирана на заемна почит, со висок степен на професионализам и одговорност.Агенцијата потсетува дека критичкото известување и поставувањето прашања се суштински делод новинарската работа, но тие треба да бидат формулирани и презентирани во согласност соетичките норми на начин што не навредува, не дискредитира и не создава…
Заедно, кога е најпотребно!, напиша градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски. Во моменти кога животот носи најтешки предизвици, нашата човечност се мери со тоа колку сме подготвени да подадеме рака. Токму затоа, водени од искрената грижа и одговорност кон нашите сограѓани, продолжуваме со конкретни мерки за поддршка на најранливите, истакна Ѓорѓиевски. „Во рамки на Програмата за активности во областа на социјалната, детската и здравствената заштита на Град Скопје за 2026 година, обезбедуваме еднократна парична помош за онколошките пациенти – како мал, но значаен чекор кон олеснување на нивното секојдневие и борба. Право на оваа помош имаат лица со живеалиште на…
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, денес го прими амбасадорот на Република Кореја во Скопје, Н.Е. Ким Донгбае. На средбата учествуваа и пратениците Оливер Спасовски, Бобан Карапејовски и Арбана Пашоли, членови на делегацијата на Собранието во Интерпарламентарната унија (ИПУ).Главна тема на средбата беше кандидатурата на Република Кореја, која за генераленсекретар на ИПУ го кандидира Сангсу Џун. Претседателот Гаши ги повика на средба пратениците, членови на Управниот совет на ИПУ, имајќи предвид дека тие ќе учествуваат во гласањето за избор на нов генерален секретар на организацијата, кое ќе се одржи на 19 април 2026 година, во рамки на…
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари средба со директорката за Западен Балкан во Генералниот директорат за проширување и источно соседство при Европската комисија, Валентина Суперти, на маргините на 14-тиот состанок на Специјалната работна група за реформа на јавната администрација, кој за првпат се одржува во Брисел. На средбата се разговараше за напредокот на Република Македонија во спроведувањето на реформата на јавната администрација, како и за следните чекори во насока на усогласување на националниот систем со европските стандарди. Посебен акцент беше ставен на имплементацијата на започнатите реформски процеси, професионализацијата на администрацијата, зајакнувањето на системот базиран на заслуги и унапредувањето на…
Професорот од Машинскиот факултет во Скопје, проф. д-р Дарко Данев, ја поднесе својата кандидатура за ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ за мандатниот период 2026 – 2029 година. Со богато академско и менаџерско искуство, Данев влегува во трката со визија за модерен и меѓународно конкурентен универзитет. Данев, кој два мандата (2016 – 2023) успешно раководеше со Машинскиот факултет, во својата биографија бележи значајни реформи, вклучувајќи вработување на 47 нови кадри и решавање на имотно-правниот статус на факултетот. За време на неговиот мандат беше решен и горливиот просторен проблем на ФИНКИ преку отстапување објект за времено користење. Во фокусот на…
