Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Денеска се празнува Света Петка Летна: Заштитничка од болести и несреќи

    Денеска се празнува Света Петка Летна: Заштитничка од болести и несреќи

    08.08.2026 во 10:292 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Православните верници денеска, на 8 август, го одбележуваат празникот Света Петка Летна, посветен на преподобната маченица Параскева Римјанка.

    Култот кон оваа светителка кај македонскиот народ е исклучително раширен, а во народот таа се смета за заштитничка од разни несреќи и многубројни болести.

    Во православниот календар постојат три личности со исто име — Света Параскева (Петка), поради што кај верниците често се мешаат нивните ликови. Првата е Света Петка – Римјанка, втората е Света Петка од Иконија, а третата е Света Петка Епиватска, позната и како Трновска. Најпозната меѓу нив е третата, чиј празник Петковден се одбележува на 27 октомври.

    Името Параскева потекнува од значењето „подготовка“, бидејќи сите три светителки биле родени во петок — ден за подготовка пред саботата, која кај Евреите била празник.

    Според житието за Света Петка Римјанка, таа била единствена ќерка на римски христијани родена по искрени молитви. По смртта на родителите, таа го раздала имотот на сиромашните, се замонашила и активно го проповедала христијанството во време кога верата била жестоко прогонувана.

    Поради вербата била подложена на жестоки измачувања од римските власти, вклучително и фрлање во котел со врело масло и катран, од каде излегла неповредена. По повеќе обиди за нејзино откажување од верата, во II век била погубена по наредба на кнезот Тарасиј, а нејзините мошти подоцна биле пренесени во Цариград.

    Со нејзиното име се поврзани голем број чудотворни икони и лековити води, познати како петочни води. Поради почитувањето на светителката, во минатото во одделни краишта, како Мариово, петокот се празнувал дури и повеќе од неделата.

    Прочитај повеќе

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж

    28.10.2026 во 22:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.