- Мицкоски: Од утре почнува реконструкцијата на владата
- Бугарија е против некои санкции на ЕУ кон Русија, вели шефицата на бугарската дипломатија
- Мицкоски за спорот со Бугарија: Нема пазарење со нашиот македонски идентитет
- Мицкоски: Почнавме од нула, денес градиме модерна Македонија
- Руте: Се намалува бројот на војници на КФОР
- Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ беше под жесток политички прогон, но денес е посилна од кога било
- Мицкоски: Секогаш кога сакаа да ја уништат, ВМРО се враќаше посилна
- Дански баталјон ќе биде распореден во Летонија за одвраќање на Русија
Author: Author 04
Венко Филипче во Ниш се сретнал со Милјан Шчекиќ а во Грција со пријателот на Зоран Заев, Башановиќ под целосна насока на Зоран Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Филипче е без кредибилитет, не носи самостојно одлуки и е под целосна контрола на Зоран Заев. Заев ја има клучната улога за селекција и поставување партиски функционира во СДС, како што во минатото го постави Димитар Ковачевски. Сега преку Филипче, Заев директно го постави за шеф на ПР комуникациите Башановиќ заедно со неговиот соработник Шчекиќ. Башановиќ и Шчекиќ ја контролираат ПР стратегијата и јавните настапи на Филипче. Башановиќ е човек со контроверзно минато,…
Во организација на Советот за млади при Кабинетот на претседателката, денеска – 26 март 2026 година, четврток, ќе се одржи настан насловен „Средношколски дијалог со претседателката“. На настанот ќе учествуваат ученици од средно образование, кои заеднички со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе разговараат на повеќе теми коишто директно ги засегаат младите: чувството на безбедност, како во училиштата, така и надвор од нив, медиумската писменост, зависностите и предизвиците со кои се соочуваат средношколците денес.
Ниту 600 евра сега не се доволно за граѓаните да ја надминат оваа криза, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма. Филипче укажа дека од сегашните ценовни шокови особено се погодени социјално ранливите категории на граѓани, најниско платените работници, пензионерите со најниски пензии, многудетните семејства.„Треба да се најде механизам да им се помогне на граѓаните. 400 евра беше ниска минимална плата, не можеа крај со крај да врзат граѓаните и пред кризата да почне и пред да се зголеми за 34% литар гориво, а не па сега, сега ни 600 евра не се…
Уште една банка се приклучи кон шемата за кредитни трансфери на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА) со што се заокружи процесот на влез на целокупниот банкарски сектор од домашната економија во оваа платежна шема. Вклучувањето на сите банки во шемата за кредитни трансфери на СЕПА претставува значаен чекор во натамошната интеграција на домашниот платен систем во европскиот платен простор и придонесува за унапредување на ефикасноста, брзината и транспарентноста на прекуграничните плаќања за граѓаните и за компаниите. Со целосното вклучување на банкарскиот сектор во шемата за кредитни трансфери на СЕПА се овозможува поширока достапност на овие услуги за граѓаните и…
Најниска температура од -3 степени утрово е измерена на Попова Шапка, каде висината на снежната покривка изнесува 53 сантиметри. Според мерењата на УХМР до 08:30 часот, температури под нулата и околу нулата се регистрирани и во Берово (-1), Битола и Крушево (0). Во текот на денот не очекува релативно топло време, но со силни удари на јужен ветер кои на места ќе надминат 60 километри на час. Максималните температури ќе се движат од 14 до 21 степен, додека во Штип и Виница веќе се измерени 8 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и максимални 20…
Во Собранието на Република Македонија за денеска е закажана 95. пленарна седница, посветена на поставување пратенички прашања. Како што е вообичаено за секој последен четвртoк во месецот, фокусот ќе биде ставен на отчетноста на извршната власт пред законодавниот дом. Според востановената пракса, првиот збор за поставување прашања до премиерот и министрите ќе го имаат пратениците од опозициските партии. Оваа седница претставува механизам преку кој пратениците директно бараат одговори за актуелни теми и политики на Владата. Паралелно со седницата, претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска ќе го одржи и редовниот месечен брифинг со новинарите, на кој се очекуваат информации за тековните…
Македонија денеска ќе биде под влијание на променливо облачно време, а кон крајот на денот се очекуваат повремени врнежи од дожд. Главна карактеристика на денот ќе биде умерениот до засилен јужен ветер, кој на места ќе достигнува брзина и над 60 km/h. Температурите ќе се движат од минимални 0 до максимални 21 степен. Во Скопје времето ќе биде слично, со умерен до засилен јужен ветер и температура до 20 степени. Според УХМР, нестабилното време ќе продолжи и утре под влијание на циклонска активност. Најкритично се очекува да биде во петок, кога се најавуваат пообилни врнежи (над 20 l/m²), а на…
Во понеделник во 20:00 часот во СВР Скопје, Ф.И.(41) од с.Батинци, скопско, пријави дека во с.Батинци, неговиот 15-годишен син бил физички нападнат од неколку малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Австралија од утре воведува привремена шестмесечна забрана за влез на државјани на Иран кои патуваат со туристички визи. Одлуката ја соопшти министерот за внатрешни работи, Тони Берк, кој изрази загриженост дека посетителите од оваа земја би можеле да останат во Австралија и по истекот на нивните дозволи. „Ова е одлучна акција во интерес на нашата држава, особено во време на брзи глобални промени“, изјави министерот Берк, додавајќи дека во моментов околу 7.000 Иранци поседуваат важечки туристички визи. Новата мерка предвидува одредени исклучоци. Забраната нема да важи за лица со долгорочни визи, како и за оние кои имаат блиски членови на…
Утрово во 04:00 часот во СВР Скопје, В.Е.(70) од Скопје пријави дека на 24.03.2026 околу 18:00 часот на подрачјето на Гази Баба, во домот на неговиот сосед В.Д.(39), по претходно недоразбирање, истиот физички го нападнал, при што пријавителот се здобил со тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
