- СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ нема пари за плати и лекови, а има за да ги слави неуспесите
- Истури дожд во Гевгелија – УХМР со убави вести за денеска
- Апсење на Бит Пазар
- Мисајловски на состаноци на НАТО во Брисел: Одбраната, инвестициите и Украина во фокусот
- Жолто предупредување во Хрватска, силно невреме – Дождот доаѓа и кон Македонија
- Многу топло од рано наутро – Температурите во градовите низ Македонија, од утре пак невреме
- Клубот на истражувачи со нова сесија во Народната банка
- Прекин од 9 часот – Улица во Скопје останува без вода
Author: Author 04
Во Специјалниот суд во Белград вчера се одржа долгоочекуваното сослушување на малолетникот кој го изврши масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“. Под екстремни безбедносни мерки и во присуство на лекари, момчето пет часа одговараше на прашања, директно обвинувајќи го својот татко за достапноста на оружјето. „Да ги немав пиштолите на татко ми, немаше да го направам ова“, повтори малолетникот, објаснувајќи дека вештината за пукање и расклопување на оружјето ја стекнал токму на стрелиштето каде што го носел Владимир Кецмановиќ. Тој призна дека пиштолите ги зел од спалната соба два дена пред кобниот настан. Посебен немир во судницата предизвика неговото признание за…
„Тајмс оф Израел“: Убиен Алиреза Тангсири, клучниот ирански командант задолжен за Ормутската Теснина
Висок израелски функционер потврдил за медиумот „Тајмс оф Израел“ дека Алиреза Тангсири, командант на морнарицата на Иранската револуционерна гарда, е убиен во напад во иранскиот пристанишен град Бандар Абас. Тангсири важеше за една од најмоќните фигури во иранската воена хиерархија. Според израелските наводи, токму Тангсири бил главниот стратег одговорен за плановите за затворање на Ормуската Теснина – една од најкритичните точки за светската економија низ која поминува голем дел од глобалниот транспорт на нафта. Засега нема официјална потврда од Техеран за смртта на командантот, а израелската војска одбива да даде официјален коментар за наводната операција во иранскиот град.
Вчера во 17:40 часот во Валандово, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово лишија од слобода 72-годишен жител на Валандово, постапувајќи по претходна пријава дека околу 16:00 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 68-годишна сопруга и ѝ нанел повреди на телото. При преземање на службени дејствија, лицето агресивно се однесувало и кон полициските службеници, при што нападнал еден од нив. Лицето е задржано во Полициска станица, а подоцна со негова дозвола е извршен и претрес во неговиот дом, каде се пронајдени и одземени три пиштоли, една ловечка пушка, 45 куршуми и седум ловечки патрони, кои нелегално ги поседувал. За…
ВМРО има ставено капа на буквално секоја институција. Ја партизираа до максимум, ја држат државата по страна од европскиот пат и ја пљачкаат на секое ниво, ние секојдневно вадиме скандали, потенцираше претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во гостување во емисијата „Топ тема“ на Телма. Тој истакна дека државата се соочува со сериозна партизација и корупција на сите нивоа, а ваквата состојба создава притисок врз опозицијата и обиди за нејзино слабеење. „Се бориме во тешка политичка ситуација со власт со авторитарни тенденции, која финансиски ги има окупирано институциите и не излегува во пресрет на барањата на граѓаните. Има обид за ситнење на…
„Довербата во денарот и натаму е стабилна, без значителни промени во однесувањето на депонентите“, истакна гувернерот на Народната банка д-р Трајко Славески во гостување во емисијата „Тема на денот“ на Сител телевизија. „По краткотрајни реакции карактеристични за секоја неизвесност, состојбата брзо се стабилизира. Нема намалување на депозитите, напротив, тие бележат раст, што е јасен показател за довербата на граѓаните во банкарскиот систем“, посочи гувернерот. Банкарскиот систем и натаму е стабилен и отпорен, со високо ниво на капитал и ликвидност. Адекватноста на капиталот изнесува околу 19%, обезбедувајќи значителен заштитен слој во услови на неизвесност. Осврнувајќи се на инфлацијата, гувернерот истакна дека тековните случувања…
Страшна сообраќајна несреќа ја потресе областа Раџбари во Бангладеш, каде патнички автобус со околу 40 патници излета од патот и потона во реката Падма. Според официјалните потврди, најмалку 24 лица го загубија животот додека автобусот се обидувал да се качи на ферибот во пристаништето Даулатдија. Спасувачките екипи успеале да извлечат 22 тела од потонатиот објект, кој завршил на длабочина од девет метри. Меѓу жртвите има 11 жени и пет деца. Уште две жени починале во болница непосредно по спасувањето, со што билансот на загинати се искачи на 24. Во големата спасувачка операција беа вклучени четири противпожарни бригади, нуркачки тимови, армијата…
Пратениците од крилото на Зијадин Села веќе повеќе од еден месец делуваат независно од коалицијата „Европски фронт“, а Собранието е подготвено и официјално да ги евидентира под ново име, потврди денеска претседателот на Собранието, Африм Гаши. „Тие веќе се изјаснија дека делуваат посебно откако се издвоија од Европскиот фронт. Штом ќе одредат ново име на нивната група и официјално ќе го достават до нас, ние ќе го регистрираме. Потоа, сите останати пратеници ќе бидат известени дека тие тројца пратеници отсега делуваат под тоа име“, појасни Гаши.
Изнесувајќи го својот личен став како дел од коалицијата, а не како претседател на Собранието, Африм Гаши истакна дека кадровските решенија во извршната власт ќе бидат предмет на разгледување откако ќе заврши процесот на внатрешно окрупнување на коалицијата. „Коалицијата ВЛЕН се наоѓа во финална фаза на воспоставување на една политичка партија. Штом ќе се финализира овој процес, тогаш партиските органи ќе решаваат за своите претставници во извршната и во сите други гранки на власта. Во овој момент не треба да прејудицираме дали некој е прифатлив или не“, одговори Гаши на прашањето за статусот на министрите Арбен Фетаи и Меџит Лимани.
Гаши: Катната гаража кај Собранието готова до крајот на годината, повлечен еден член за Судски совет
Претседателот на Собранието изрази оптимизам дека долгогодишниот проблем со паркирањето околу законодавниот дом ќе биде решен до крајот на 2026 година. Веќе е објавена постапка за партерно уредување на катната гаража. „Процедурата трае 30 дена. Ако сѐ биде во ред, очекуваме во мај да почнат работите на терен, а до крајот на годината објектот да биде во функција“, информираше Гаши. На кадровски план, тој соопшти дека еден член за Судскиот совет е повлечен бидејќи комисијата констатирала дека не ги исполнува условите, поради што ќе биде распишан нов конкурс. Исто така, на 8 април се очекува пратениците да одлучуваат за новите…
Прашањето за воведување на институтот „Уставна жалба“ и евентуални уставни измени е чисто политичко прашање за кое е потребен консензус од 2/3 од пратениците, смета претседателот на Собранието, Африм Гаши. Тој нагласи дека не поддржува парцијално отворање на највисокиот правен акт. „Сензитивно прашање е ова. Штом ќе се отвори Уставот, секој сака да ја постигне својата политичка цел. Тоа може да доведе до правење поголем проблем отколку корист. Не мислам дека Уставот треба да се отвора ад-хок. Ако сакаме подлабока реформа, не треба да се отвора парцијално, туку преку поширока политичка и општествена дебата“, истакна Гаши. Во однос на дебатите…
