Author: Author 04

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција– Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција поднесе кривична пријава против М.А. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,малтретирање во вршење на службата“ предвидено и казниво по член 143 од Кривичниот законик. Пријавениот М.А. на работно место „полицаец“ во ПС Кичево при СВР Охрид, на 12.02.2026 на кружниот тек помеѓу бул. „Ослободување“ и ул. „Рудничка“ во Кичево, додека извршувал работни задачи во содејство со…

Повеќе

Двајца државјани на Турција се лишени од слобода во текот на вчерашниот ден на граничниот премин Деве Баир, откако полицијата открила дека поседуваат фалсификувани документи за нивните возила. И двајцата возачи се приведени на влез во државата во интервал од само триесетина минути.На 25.03.2026 во 12:10 часот на Граничен премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Н.Б.О.(37) од Турција затоа што при гранични проверки и пасошка контрола е констатирано дека на увид приложил фалсификувана зелена карта за товарното возило „форд“ со полуприколка, кое го управувал. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица…

Повеќе

Владата подготви сеопфатен план за раст на примањата во јавниот сектор, според кој вработените во администрацијата во следните две години ќе имаат за околу 40 проценти повисоки плати од денешните. Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека новиот колективен договор, кој ги опфаќа и обвинителската и судската служба, претставува прв ваков документ во историјата на државата. Процесот на покачување започнува во април, кога платите ќе бидат пресметани со линеарно нивелирање и дополнително зголемување од 8 отсто. „Така ќе биде во април 2027-ма, така ќе биде во април 2028-ма. Значи дека за некаде отприлика две години од денеска вработените ќе имаат повисоки примања…

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од собраниската говорница најави дека вработените во образованието и здравството ќе го добијат ветеното покачување на платите согласно колективните договори. Ова зголемување граѓаните ќе го почувствуваат веќе со исплатата на мартовската плата во текот на месец април. Мицкоски појасни дека оваа мерка ги опфаќа сите вработени во државната и јавната администрација кои имаат потпишано колективни договори со актуелната влада. „Да, ќе го добијат зголеменото покачување коешто е дел од колективниот договор вработените во образованието, исто како што ќе го добијат и вработените во здравството и исто како што ќе го добијат сите од државната и јавна…

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на собраниската седница за пратенички прашања за состојбите и плановите во енергетскиот сектор, потсети на моментите во енергетскиот сектор кога новата Влада ја презема извршната власт, оценувајќи ја како алармантна и катастрофална состојба. „Катаклизмична состојба во август, септември 2024 година, со акумулации на некои 7 до 8 проценти, јаглен на депонија во РЕК Битола од 20-30 тони доволни за еден блок да работи 5-6 дена, неремонтирани рударски машини, незавршени јавни набавки, неремонтирани производни блокови, Осломеј Кичево запуштен и запоставен како споменик од некое транзициско време. Една катастрофална состојба. Денес во услови на криза, не цели две…

Повеќе

Со цел навремено, точно и транспарентно информирање на јавноста, а во врска со здравствените тегоби кај дел од работниците од РЕК Битола, сакаме да истакнеме дека веднаш по појавата на првите симптоми кај дел од вработените во рудникот, сите лица кои се пожалиле на труење биле навремено упатени на прегледи и анализи во Клиничката болница во Битола, велат од АД ЕСМ и ЕСМ Молика.„Паралелно, раководството на РЕК Битола ги известило надлежните институции и презелопревентивна мерка со затворање на мензата, сè до целосно завршување на анализите на земените мостри и утврдување на причините.Според досегашните информации, на преглед се јавиле вкупно 81…

Повеќе

Поради планирани технички интервенции во електросистемот, неколку реони во Скопје утре, 27 март (петок), ќе останат без електрична енергија. Регионалниот центар за управување со кризи најави прекини во општините Кисела Вода и Карпош. Во општина Кисела Вода, во периодот од 08:00 до 13:00 часот, без струја ќе бидат корисниците на бул. „Борис Трајковски“ бр. 97, поточно фирмите „Милсон“ и „М-Гома“. Во општина Карпош, прекин е најавен од 10:00 до 12:00 часот за корисниците на ул. „Скупи“. Без снабдување ќе останат деловните простории пред „Термо Систем“, објектот на „Термо Систем“, приватното училиште на истата улица, како и останатите корисници во овој…

Повеќе

Министерот за економија, Бесар Дурмиши, денеска во Собранието ги бранеше владините политики за заштита на стандардот на граѓаните, истакнувајќи дека преземените чекори за стабилизирање на цените веќе даваат видливи ефекти. Одговарајќи на прашање на Оливер Спасовски, тој посочи дека државата навреме реагирала со намалување на ДДВ за нафтата од 18 на 10 проценти. Дурмиши нагласи дека инфлацијата во последните два месеци е во опаѓање и дека Државниот пазарен инспекторат со 30 мобилни тимови врши засилен надзор на терен. „Не тврдам дека ситуацијата е идеална, но факт е дека во краток период успеавме да создадеме стабилност и предуслови за понатамошен раст.…

Повеќе

Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Андреј Жерновски, на денешната прес-конференција упати остри обвинувања до премиерот Христијан Мицкоски, тврдејќи дека неговите политики водат кон изолација на Македонија и нејзино оддалечување од Европската Унија. Според Жерновски, стратешката позиција на државата е загрозена преку, како што рече, „сомнителни финансиски текови“ и влијанието на унгарскиот премиер Виктор Орбан. Жерновски се повика на пишувањата на „Вашингтон пост“, нагласувајќи дека поврзаноста меѓу официјално Скопје и Будимпешта има подлабока геополитичка заднина. „Орбан е пријател на Путин и на Русија, а пријателот на пријателот на Русија, со име Христијан и презиме Мицкоски, е прокси играчот на Русија…

Повеќе

На денешната седница на Собранието посветена на пратенички прашања, претседателот на Владата Христијан Мицкоски говореше за очекувањата од работата на новиот Јавен обвинител.„Очекувањата од новиот јавен обвинител се големи, во смисла дека имаме чувство, а до некаде и информации, дека голем дел од предметите и претставките кои дел од институциите како резултат на внатрешната ревизија, ги имаат доставено до канцеларијата на Јавниот Обвинител, стојат или во фиока или на дното од приоритетите. Често пати на седница на Влада имаме точка на која што ја анализираме работата на институциите врз основа на извештаи кои што ДЗР ги доставува до Владата и…

Повеќе