- Мицкоски: Од утре почнува реконструкцијата на владата
- Бугарија е против некои санкции на ЕУ кон Русија, вели шефицата на бугарската дипломатија
- Мицкоски за спорот со Бугарија: Нема пазарење со нашиот македонски идентитет
- Мицкоски: Почнавме од нула, денес градиме модерна Македонија
- Руте: Се намалува бројот на војници на КФОР
- Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ беше под жесток политички прогон, но денес е посилна од кога било
- Мицкоски: Секогаш кога сакаа да ја уништат, ВМРО се враќаше посилна
- Дански баталјон ќе биде распореден во Летонија за одвраќање на Русија
Author: Author 04
Она што до вчера изгледаше како холивудско сценарио за филм со ајкули, денес станува сурова реалност. Најновата студија објавена во списанието Environmental Pollution открива дека ајкулите на една од најпопуларните туристички дестинации, Бахамите, се позитивни на кокаин, кофеин и силни лекови против болки. Истражувачите од Универзитетот во Парана останаа занемени откако анализите на крвта кај дури една третина од испитаните ајкули покажаа присуство на опасни наркотици и фармацевтски супстанции. „Проблемот повеќе не е само пластиката. Ајкулите сега внесуваат супстанции кои директно влијаат на нивниот мозок и однесување. Ова е првпат да потврдиме вакво загадување во овој регион“, вели Наташа Восник,…
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека по преземени оперативни мерки и активности полициски службеници од СВР Тетово денеска (26.03.2026) лишија од слобода тројца малолетници инволвирани во случаите со лажните дојави за поставени бомби во дел од основните и средните училишта во Тетово. Во претходниот период од слобода беа лишени уште две лица од кои едниот малолетник, исто така инволвирани во случаите со лажните дојави за поставени бомби. Против сите пет лица кои се инволвирани ќе бидат поднесени соодветни поднесоци до надлежното Обвинителство, согласно Кривичниот законик. МВР апелира до родителите итно да преземат соодветни мерки за контрола врз своите…
Вчера полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Н.К.(30) и А.Ќ.(25), двајцата од село Лојане, липковско. Како што се наведува во полицискиот билтен, тие се сомничат дека во село Лојане физички го нападнале С.А.(23) од Египет и му одзеле пари и мобилен телефон. Двајцата биле приведени во полициска станица. По целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.
Пратеничката од СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница за пратенички прашања, постави прашање до министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во однос на намалената откупна цена на оризовата арпа и застојот со откупот. Лукаревска посочи дека оризопроизводителите се соочуваат со доцнење на исплатата на субвенции, а паралелно и со откупна цена од само 18 до 23 денари за килограм арпа. Во обраќањето, Лукаревска го повика министерот Трипуновски да одговори кога ќе ја реализира исплатата на субвенциите за оризопроизводителите и дали во таа исплата ќе биде вкалкулирано и барањето на оризопроизводителите за дополнителни 12 денари субвенција за килограм откупена…
Лишени од слобода 12 возачи за безобѕирно управување возило, осум возеле без возачка дозвола, а четворица под дејство на алкохол, двајца од нив учествувале во сообраќајни незгоди Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 12 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив осум возеле без возачка дозвола, од кои еден малолетник, а четири под дејство на алкохол. Три лица во Скопје и по едно лице во тетовско Желино, Тетово, Демир Капија (малолетник), прилепско и Дебар возеле без возачка дозвола. Возачот во Желино управувал возило без дозвола и превезувал огревно дрво без документација,…
На 26.03.2026 во 00:15 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода К.П.(38) затоа што физички ја нападнал неговата 53-годишна партнерка. Според пријавеното, таа и претходно била психички и физички малтретирана од него. На 25.03.2026 во 23:10 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Ц.М.(26) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 22:00 часот во домот физички го нападнал неговиот 66-годишен татко и кршел дел од покуќнината. Според пријавеното, тој и претходно бил психички вознемируван од синот. На 25.03.2026 во 18:50…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Т.А.(19) од Радовиш поради постоење основи за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“. Пријавениот, во неговата семејна куќа во Радовиш живеел во вонбрачна заедница со малолетничка од пехчевско село.
Серија тешки сообраќајни несреќи во кои учествувале мотоцикли и мопеди се случиле во текот на вчерашниот ден во неколку градови низ државата. Според извештаите од МВР, четири лица се здобиле со тешки телесни повреди, меѓу кои и еден сопатник.На 25.03.2026 во 15:55 часот во СВР Тетово е пријавено дека на бул.„Маршал Тито“ во Тетово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(34) од с.Челопек, тетовско и мотоцикл „јамаха“ без регистарски таблички, управуван од Д.Т.(27) од с.Брвеница, тетовско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен е…
Вчера во 18:10 часот во СВР Скопје, В.Г.(57) од Скопје пријави дека околу 16:20 часот на подрачјето на општина Аеродром, додека се движела со велосипед, едно лице кое управувало мопед ѝ го одзело ранецот со паричник, лични документи и други предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ноќеска во 00:21 часот во СВР Скопје, од КПУ Затвор Идризово е пријавено дека настанал пожар на кров од објектот на затвореното одделение-амбуланта. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Извршен е увид и се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.
