Вчера околу 17:10 часот во Полициската станица Гостивар e пријавено дека на магистралниот пат Гостивар – Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „пежо“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(34) од с.Маврово, гостиварско и патничко возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.П.(63) од Скопје, соопштија од МВР.
Во несреќата, од здобиените повреди на местото починал возачот на возилото „опел астра“, Ѓ.П. (63), а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Возачот на возилото „пежо“, Н.С.(34) се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Ургентен центар во Гостивар за укажување лекарска помош.
Увид на местото извршиле екипа од ОВР Гостивар и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.
- Вучиќ: За пет дена срушија и уништија сè
- Скокна цената на нафтата
- Сали во Даблин: Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на средбата со Томас Бирн
- Го собориле на под, а кога го отвориле багажникот останале во шок – српската полиција во акција
- Целосен хаос во Варшава – Полскиот претседател итно се враќа од патување поради вонредна состојба
- Трагедија во Велс: Избодена жена починала откако со автомобил тргнала кон болница поради доцнење на брзата помош
- Русија повеќе нема да биде безбедна дури ни далеку од фронтот – Зеленски најави напади врз нови цели
- Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси

